Добро, толку ли плитко и подмолно гледаш на работите? Ок. разбравме дека си другар на Бајо, само биди реален.
Грне и Бајо, покрај ужасните договори кои ЗАД ГРБ ги имаа потпишано, на најподмолен начен, летово изиграа исто така ужасно. Им се нудеа мал милион опции, но тие одлучија дека Жоглев, Цветаноски и Лука Трајковски се асовите. Среќа што го имавме Лемос, кој успеа неколку натпревари на своја лична иницијатива да ги сврти.
Башка, да не заборавиме дека тој тим беше трет во Втора лига. ТРЕТ! Ниту едно дерби не доби, НУЛА! Многу лесно забораваме се...
Обезбедени најдобри припреми на Златибор, полна поддршка и ништо - резултатот и хемијата одеа само надолу. Треба да го коментираме заминувањето на Грне, поточно начинот??????? Треба ли??? Срамота! Пред настап буквално..
И пази, сеа доаѓа лик после сето тоа, и обезбедува 17 бодови, и пак сме конкуренција, ама не...пак сме биле последни. Па кои да бидеме бе? Први?
Каква хемија наследи, кој квалитет го наследи? Дај не заебавај веќе, ми се повраќа од вакви душегрижнички коментари, на другарска база кажани...
Грне си замина кога веќњ разбра дека нема појма како да ја води екипата и кога разбра дека Првата лига е нешо сосем различно.
Затоа, имам почит за тоа што се труделе, но лошото исто така не смее да се заборави.
Секако, капак на се, се и лошите договори со Жоглев и компанија. Суми од кои застанува умот...некој би кажал ,,И баба ми можеше така"
Затоа, да се свртиме кон тоа што следува. Костурот на екипата е добар, обезбедени се одлични услови, засилувања и тренер кој несомнено е докажан. Па ќе видиме, барем знаеме дека на крајот мирна ќе ни е душата. Ниту еден чекор не ни е утнат, баш напротив од нашето доаѓање само штиклираме успеси, кои можеби на теренот не се видливи СЕ УШТЕ, но надвор од него се и те како, бидејќи битката е многу поголема, покомплексна и помакотрпна од твоето ,,Е тренерот што го донесовте, заврши последен". Фала ти агенту 007, ја откри Америка.