Порано многу се замарав, категоризирав луѓе, ама последните години ич не сакам ни да знам каде лајкнал шо лајкнал некој. Пренапорен ми е животот as it is, а за вакви археолошки подвизи треба пола радно време.
Сеа има степени, пример не можам да кажам нешто ако лајкнал слика на Адријана Лима, мислам и ја лајкам Киану Ривс и сл, но ко шо вика joli понашање ко буквално да си во потрага е непочитување кон себе си и партнерот. А то се осеќа.
Неизживеано гојдо само ќе си ги покаже роговите, нема никаква потреба од чепкање. Башка, ја никад не сум човек што брани нешто. Ја само укажувам ако одредено понашање ми смета и дека нејќам ја да палам вештерки туку сакам чоекот сам да си ископа плевелот кајшо треба.
Во себе си давам и себе си и нему рок да среди. Стара песна? Аривидерчи сињоре, не сум му ја пракса за како да се понаша со идната, нема да му давам правила. Ако нејќе да ме изгуби, ќе знае шо да напраи.
Така што овие социјални мрежи се меч со 2 острици, ем за тие што прават, ем за тие што се замараат. Колку ќе влијае зависи од овие 2 острици.
А дечко ни ја нејќам да го објавувам додека не стаи прстен искрено оти толку злоба осеќам од луѓево кога и да се пофалам за нешто осеќам дека ми баксузираат. Само Клетници реторика. Небоднина. Ја си се познавам себе си и знам дека нема да направам глупост и без тоа.