D
Deleted member 157923
Гостин
Знам дека ако е САД на прво место, Русија втори, Норвешка е на 3то можда 4то место по капацитети на природен гас. И убеден бев дека сигурно има некои гасоводи за природен гас за греење од Норвешка до Шведска, Данска пошо е ладно во зима таму. Ти велиш нема, ок ти верувам.Neznam koj ve lazel deka skandinavija e raviena, gledaj si amerikite i mirna glava
Јас сум бил во Шведска пред можеби 15 години само не сум бил лично кај некој дома па да видам како се греат.
А во Канада сум престојувал подолго време, сум одел сум се враќал, и знам дека секоја куќа си има визба кај што им е сместена печка и бојлер на гас.
Моето одење во Шведска беше како шофер на камион. Два пати по два месеци во зима и живееш два месеци во камион.
Ти ако живееш во Малмо јас постојано паркирав кај една фабрика за лименки Rexam. Односно велиш појужно сигурно Трелеборг.
Од Шведска се оди Данска на три места, Малме-Копенхаген мост и тунел под вода, Хелсингборг-Хелсингор брод 15-20 минути, Варберг-Грена и Гетеборг-Фредерисхавен 5,6 сати брод со кабина за спиење, јадење, пиење туш... И уште еден брод во Данска тоа е Архус-Калунбург.
Од Малме копнено доаѓаш Хелсингборг и продолжуваш северно за Гетеборг имаш паркинг се вика Стигс Центар. Или одиш северо-источно Јончопинг, има Икеа фабрика одма до ЕлГигантен се товари за Икеа Архус. Продолжуваш Норчопинг, Линчопинг, Одешог на 105 исклучок имаш бензиска со туш кабини и машина за перење алишта. Продолжуваш Стокхолм истовар аеродром Арланда...
Сакам да ти кажам немој да мислиш ти ако живееш Шведска ние глупи сме, ништо не сме виделе. Пред 15 години сум бил уште памтам.
Или можи сакаш Канада да ти ја опишам источна обала до западна сите градови, реки и села?