– Инсистирањето на меѓународната заедница за некои политички партии да потпишат некаков нон-пејпер кој треба да претставува гаранција за идно коалицирање, односно некоалицирање, може многу лесно да предизвика нова политичка криза. Впрочем, зошто воопшто би одржувале парламентарни избори ако во игра се такви некакви нон-пејпери? Со ваквите нон-пејпери целосно се укинува демократијата во државата. Ако вие имате дел од политичките партии коишто заедно вкупно имаат околу петтина или шестина од вкупниот број пратеници, а притоа имаат таква моќ да одлучуваат за судбината на државата во следниот мандат, тогаш се поставува прашањето зошто ни се изборите?
Аналитичарите предупредуваат дека доколку планот на странците се реализира, тогаш ќе се искомплицира составувањето на новата влада, па дури и може да се доведе во прашање нејзиното формирање, што ќе значи опасност од бугарско сценарио за Македонија, со неколкукратно повторување на избориот процес.
plusinfo.mk