Јас не знам шо очекувате од Фитиљ и Тале.
Фитиљ не играше стандардно во Германија , се врати во Пелистер пред 1 месец мислам не е ни на 50%.
Со Тале исти проблем од Вардар во Бенфика кај шо дреми на клупа ни тој не е на 50%.
Значи кај нас е подлабок проблемот кога прајме муабет за репрезентацијата.Како прво сите знаат дека можи преку зона да шутниме само од лев бек , па кај не се во форма двата леви бека па и тоа не е единствена опција или шут од девет на лево или спуштање на пикер.
Значи не само шо имаме проблем на десен имаме и проблем на централен , незнам шо се очекува Митев кој е дебитант да изигра компактно со Фитиљ/ Тале и Југуриновски?
Значи незнам како ќе се реши тој проблем во ситуација која тие од Алкалоид освен Митев немат другите потенцијал , а тие во Пелистер пред се Павле и Емилијан се заковани на клупа , ама пак останва проблем за десен и озбилно освен Павле Петровиќ да му се дај пасош јас не гледам друго краткорочно решение , секако дечкото како шо спомна некој ова година ќе исполнува услови од 5 години во МК. Па кога му требале на Киро се даде за Вугринец пасош , па сега нека се дај и на Павле место факинг Велковски да го гледаме .
Друго проблем во одбраната па кога гледав 3 и 4 Н.Марковски и Амерагиќ

.
Мора младите играчи да се дај шанса да играт пред све мислам на Павле и Емилијан во Пелистер а ако неможат да фатат треба да си барат друг клуб , колку и да си за Пелистер само ќе се запустат со седење на клупа.
Е сега најважното дури Кире и Мукаетов се на чело на РФМ а посебно дури постои Алкалоид , ќе си форсираат приказна клуб репрезентација, па приказна дека таму се давало шанса на мк ракометари , па дека долгорочно ќе се исплати и други приказни за мали деца , во меѓувреме ќе видиме топовско месо.
Решение е само друг селектор да се остај да работи по негово да не му се мешаат Киро и Живко , а знајме тоа нема да се случи и ќе гледаме приватна репрезентација и ќе се радваме на Фарски Острови.
Од овие играчи сега шо ги зеде Киро од Алкалоид останаа некои други дома , еве пример овие двата Дарковци шо играт во Асобал зошто не беа ни во поширок список. Многу потпаѓате на влијание на Киро и сега не чинеле Фитиљ и Тале , абе дај не лупетајте за оние од Алкалоид се Меси и Роналдо