Па секако, секогаш постои некој сомнеж. Но, зависи дали брзо минува.. Ми се има случено многу пати. Не сум се сомневала во верноста и слично, бидејќи за тоа можам да дознаам како-така. Она што ме измачувало е вистинските чувства за мене, како тој ме доживува мене и нашата врска, дали му значам колку тој мене или помалку/повеќе..
Ах, зошто не сум од оние кои `пукаат` од прва и прашуваат без гајле?
Не можам да го прашам отворено. Можеби ќе си помисли дека се сомневам во него и ќе се навреди, можеби и нема да го добијам посакуваниот одговор или само поштено ќе гледа што побрзо да се `ослободи` од моето прашање.
Кога се случува ова, веднаш барам совет од најблискиот пријател во кој имам безрезервна доверба и ми е секогаш на располагање со најдобрите совети. Две глави размислуваат подобро од една. И согледувам дека оној кој гледа од страна, гледа подобро... И во принцип успеваат да ме убедат дека типот едноставно ме сака и нема причина за сомнежи. Тоа е обично прашање кое е неизбежно во нашите глави, макар сме биле најсреќните и најисполнетите во таа врска.
Инаку, стварно не би употребувала поинакви методи. Не ми паднало на памет никогаш такво нешто, а и патетично ми е.