Што кога ќе се посомневате во партнерот?

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Сомнежи постоеле и ќе постојат.Проблемот е кога тие достигнуваат енормни величини.Сметам дека е поради недостаток на доверба во врската и покрај голема љубов или пак од толку голема љубов кај еден од партнерите се појавува страв или сомнеж.
Во секој случај сомнежот(оној во крајни граници што е), не носи добри резултати во врската.Сметам дека еден добар разговор во четири очи и отворено разговарање за причините за појавување на сомнжот можат да ги подобрат работите.Може едниот од партнерите прави несвесно некоја работа што предизвикува сомнеш па со разговорот ќе се санкционира итн итн...
Во секој случај искреност и отвореност е лекот за сфе:pipi:
Да се согласувам.. но што кога ти упорно објаснуваш дека нема врска тоа што го збори дека не е точно дека си искрен и дека стварно не си изневерил ниту си мал намери... А таа/тој упорно ти пика во очи, сигурен во своите сомнежи (неосновани, туку продуцирани од негово видување)... Тоа боли, многу боли... иако и двајцата се сакате... Што потоа... Љубовта постои, срцето на тој што неправедно е обвинуван пати, сака и пати, другиот си доволува да го јаде сомнежот, а и него го боли душата, но никако да престане да продуцира сомнеж... :(:toe:
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157

Оф леле брат ти имаш проблем:(Сомнежот не носи ништо добро како што реков.Треба убаво да објасниш на партнерот дека со таквото однесување се губи убавината на целата врска.Дека ти повеќе се нервираш и страдаш одколку што уживаш и дека нема долго да издржиш така и покрај љубовта.Со огромниот сомнеж само ја уништува љубовта.Едноставно треба да се препушти и ужива а не да е под постојан стрес.
Разјасни си ги работите пошто секое одовлекување само на тебе ќе ти биде потешко:toe:
 
Искрено раскинавме пред едно три дена... Ама тешко е пустото, љубов е во прашање... само што мене ме збунива однесувањето на дотичната особа... Вели ме сака премногу.... тогаш од каде сомнежите ако се сака... Јас сакам затоа што верувам во таа особа... И покрај некои сомнежи што ми се појавиле... ама сепак сум си ги неутрализирал за да не дојде до напон на сомнежи... Затоа што како и да е секогаш ќе имаш сомнежи, посебно оние безначајните... тие се најлоши, тие си ги произведуваме самите, а не сме сигурни целосно... :(
 
O

Out Boy

Гостин
Интересна тема.
Штета, не можам да зборам за сомнежите во стрејт-врските, но затоа можам да поделам неколку размислувања за сомнежите кои предизвикуваат лабилна врска и раскинување кај геј-паровите.

Најголемиот дел од хомосексуалците, се промискуитетни. Тука контрање и филозофирање, нема. Еве, доказ се профилите по сајтовите за “дружење“ меѓу геј-луѓето (кои за жал се преплавени од неодредени (т.н. бисексуалци) кои најчесто бараат секс за една вечер со некое пасивно педерче, а не е мал ни бројот на оние кои се женети и имаат деца) каде мнозинството хомосексуалци со непристојни слики и коментари се обидуваат да привлечат некого, јасно нагласувајќи дека ги интересира само секс. Toa, сепак, е ирелевантно за темава. Меѓутоа, сосема мал дел од хомосексуалците се во општиот просек, кога станува збор за бројот на партнери.

На темата за првиот сексуален однос, неколкумина имаат наведено и колку време биле во врска со партнерот, пред да стапат во интимен однос. Просекот не го знам, а и не ме интересира (имаше една девојка која пиша дека била во врска 5 месеци пред да стапи во однос, а и ден денес е во врска со истиот дечко, повеќе од 4 години), но нормално е да треба да помине определен период за запознавање, две недели, месец, два. Тоа е период каде партнерите се запознаваат: нивниот карактер, особини, интереси, гледишта на светот и размислувањата за тоа што сакаат од животот.

Кога станува збор за хомосексуалците, мнозинството не чекаат ни ден по запознавањето. Причината е јасна: мнозинството од нив се срамат од тоа што се, цивилна унија и посвојувања нема, па затоа сметаат дека животот е прекраток за да поработат на врска која би резултирала со ова погоре (а засега легално не може) па интересот се сведува само на секс. Затоа, не е ни чудно што ако прашате хомосексуалец, зошто толку краток период до интимниот однос, по запознавањето, ќе ви рече: па нема да го земам за жена па да чекам и да се трудам толку многу!

Проблем помеѓу двајца хомосексуалци кои се само за секс, во однос на сомнежи и сл., не може да има, бидејќи и двајцата сакаат само нешто набрзинка. Проблеми меѓу двајца хомосексуалци, кои поминале определен период во запознавање, имало и ќе има, но ретко да прераснат во сомнежи. Времето, оставено од двајцата партнери, кажува дека и покрај телесното привлекување и страста, партнерите не ги засега само секс, туку мислат на долга врска.

Проблемот со сомнежите, се јавува кога хомосексуалец од првата група ќе стапи во интимен однос со хомосексуалец од втората група, не оставајќи доволен период овој вториот да се увери во намерите на првиот. Инсистирањето на интимен однос и покрај јасно декларираниот став на другиот, и тоа како предизвикува сомнежи во намерите: зошто бара секс по само неколку часа од запознавањето, а од друга страна тврди дека е за долга врска? Мислам, во стрејт врска тоа е апсурд. Ако грешам, исправете ме.

Без разлика, врската може да продолжи. Меѓутоа, ако првиот партнер тврдел дека немал ризичен секс претходно, а со сегашниот постојано го практикува, уверувајќи го дека е сигурен дека се е во ред со неговото здравје, а незнаејќи што се можел да има, притоа ставајќи го на ризик другиот партнер, тогаш се појавува сомнеж од типот: ако порано немал ризичен секс, тогаш зошто го практикува со мене. Ако практикувал и порано, тогаш зарем не го става неговото задоволство пред мојот живот? Зошто би ме лажел за таква работа?

Меѓутоа, и тоа може да се надмине. Сепак партнерот полека по полека ја губи довербата. Се прашува: кои се намерите? Уште полошо ако партнерот почне да лаже за тоа каде бил и со кого, намерно не кажува во друштво на кого е, или ако се открие дека е дома кај бившиот, без разлика на причините -а тврдел дека во тоа време бил дома... и еден куп слични такви лаги, кои можеби погрешно сметал дека ќе делуваат заштитнички кон вториот партнер, но се’ резултирало со зголемување на сомнежот.

Кај геј-двојките, врската особено станува лабилна, а сомнежите во намерите на партнерот се зголемуваат, кога станува збор за групниот секс, поточно тројките. Има двојки кои го прават тоа. Има двојки кои се верни едни на друг и трета личност во врската не им треба. Проблемот се јавува ако еден од партнерите почне да тврди дека ако двајцата се сигурни во своите чувства, тогаш третата личност во спалната соба ќе биде само заради секс, односно “експериментирање“. Ако другиот партнер смета дека такво нешто е недопустливо во врска која претендира да постане цврста и сериозна, тогаш кај него можат да се јават сомнежи од типот: дали навистина ме сака? ако ме сака, од каде потребата за трета личност заради секс? зарем не сум му доволен? ако не го мислел тоа, туку само го спомнал како факт, тогаш зошто непотребно изјавува дека таков секс дури може и да ја спаси врската, ако страста спласне? И на крајот, ако иницијаторот го смени својот став, тогаш сомнежот може и да кулминира: дали е искрен кога вели дека тоа го кажал само како пример? Зошто рекол дека ако и другиот партнер се согласи на тоа, дека тој би го направил истото? Зарем не го сменил ставот само за да даде задоволителен одговор пред партнерот, мислејќи нешто друго, останувајќи на својот став, потајно надевајќи се дека ако продолжи да изнесува такви (за мене, негативни) примери за опстојувањето на некои си таму непознати, ќе го смени ставот на својот партнер, постојано и постојано ставајќи го на искушени да проба од, за него, етички забранетото, овошје.

Сомнежите можат да се јават и заради минатото на еден од партнерите. Бројот на партнери, бројот на лица со кои комуницирал, излегувал, се дружел, одел на кафе, и сл. Ако другиот партнер не припаѓа во групата која се врти во геј круговите, почнува да се запрашува: зошто сеуште контактира со други хомосексуалци на интернет. Зошто, ама зошто, контактирал со повозрасни хомосексуалци и бисексуалци? Зошто со толку голем број? Зошто на неколку наврати имал секс за една вечер? Зошто бара од партнерот да му дозволи да излегува сам на кафе со други геј-луѓе? Зошто на мејловите чува резерва со други хомосексуалци кои порано ги запознал? И еден куп ЗОШТО ЗОШТО ЗОШТО... при што сомнежот дека партнерот навистина има намера целосно да се посвети на другиот, се подгреваат, растат, кулминираат.

Од сето наведено, може ништо да нема. Но неговото однесување не дозволува врската да тече со нормален тек. Знаете, понекогаш е многу подобро некои работи да се премолчат, отколку да се наведат како пример, која за другиот може да биде негативен пример, а партнерот тоа го знае. Не станува збор за посесивност, туку за сомнежи кои се логички поткрепени и кои полека, но сигурно ја јадат врската.

Запознавањето на тековниот партнер со некој од претходните, постојаното дружење и преспивање кај него кога не се заедно со другиот, јавно изнесување на сомнежот дека бившиот партнер најверојатно потајно се надева на тројка, правењето на профили на претходно наведените сајтови, кои очигледно се оспособени за тековно користење и пред се’, брзањето на другиот партнер да живеат заедно, под ист кров, да делат се’, и тоа, само по еден месец од запознавањето, фрла сомнеж врз намерите на другиот, посебно ако врската е толку кратка а истовремено нестабилна, исполнета со недоразбирања, недоречености, кавги, контрања, плачења и што уште не.

Значи, ова се само дел од сомнежите кои можат да се јават за време на една врска, во случајов, геј-врска. Разликите и сличностите во стрејтерските врски, ги чекам од вас.

Повелелееее! :vozbud:
 
Не да нема врска ова... можеби само од твое гледиште... сето ова бато ме потсеќа на размислувањето на дотичната особа... Ова што го читам... сето ти е изнесено од глава... пак е во тебе сомнежот... не е во тоа дека некој/некоја го прават тоа... Али сепак ако се натегаме никогаш нема да дојдеме до заедничко решение.... Ама по ова шо го гледам доста сомнежи и тебе те јадат пошто гледам си сги спремал како реферат, само си чекал да ги објавиш некаде... :) Инаку има до некаде вистина во ова што си го напишал... Факт е дека после кратка врска со некоја бивша/бивши можете понатаму да функционирате како пријатели, факт е дека можете... е сега колку другата особа си прави филм дека можеби партнерот ќе се секса со бившиот/бившата... тоа е друго, а и многу е лошо... Иамам многу забелешки на твојот текст и не гледам дека има разлика, во тоа што сајтови, профили или не знам што, па имаше и дотичната особа.. имаше мсн, имаше кајгана профил имаше фејсбук... што мора да значи тоа... дека другиот е проблем...? Секој на некој начин има минато, ама нинатото мое таа никогаш не успеа да го надмине, иако не ми беше за гадење... (ако мување за една вечер со особа која сум ја познавал , месец или повеќе е нешто за гадење, или тоа што немам ништо против луѓето кои одат во тројки, но не го правам тоа оти немам ни потреба ниту сакам, а таа као демек неможела да поднесе такви луѓе и др) Има и некои кои чекаат и по години да не водат љубов... Секс како секс се познава кога е само секс... а се познава кога е секс со чуства... Јас имав чуства, имав љубов, не беше заблуда, а доказ е и тоа шо и сега го чуствувам за таа особа... дали во геј меј стрејт или не знам каква врска.. „Водењето љубов е водење љубов“... а сомежите што некоја/некој си ги прави, посебно кога нема основ... Тоа боли....А некои од основите што ти ги наведе.... еве искрено не се поим за сомнеж, туку причина за да некој се докажува кој колку го сака... И за тоа пукна мојата врска братче... докажувањето кој колку прави за некого... и колку особата била навредена од една грешка за која милион пати и се извинив, а таа не најде за згодно да прости... иако големината на љубовта и на животот е да се прости, прошката го прави човекот голем... (се разбира кога не станува збор за изневертување, во таква околност дискутабилно е дали треба да се прости), -да се вратам на пред-претходната реченица- Таа продолжи само со ветување дека ќе го надмине тоа... продолжувајќи само намерно за да ме повредува, да ја видам јас нејзината „болка“ за тоа што сме воделе љубов првиот ден, односно некои 18 часа откако сме се запознале во живо... иако се знаевеме преку интернет недела две... што не давам рок дали е доволно или не .... сепак се случило тоа, иако како што вели таа рекла „не“, ама јас сум продолжил... тогаш зошто не ме пријави за силување... зошто не викна полиција, зошто не се обиде да се оттргне... не знам ни јас... битно е „болката“ јас ја осетив тридупло...

Ова само нека е пример за сите оние што се запознаваат така непосредно и каде што постои љубов на прв поглед...:smir:

__________________________________________________________________________

Еве и едно убо песниче поздрав за сите присутни на темава

It's been the longest winter without you
I didn't know where to turn to
See somehow I can't forget you
After all that we've been through

Going coming
Thought I heard a knock
Who's there no one
Thinking that I deserve it
Now I realize that I really didn't know
If you didn't notice you mean everything
Quickly I'm learning to love again
All that I know is I'mma be ok

[Chorus:]
Thought I couldn't live without you
It's gonna hurt when it heals too
It'll all get better in time
Even though I really love you
I'm gonna smile cause I deserve to
It'll all get better in time

I couldn't turn on the TV
Without something there to remind me
Was it all that easy
To just put aside your feelings

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Темата ја разгледува истата содржина и затоа е споена.Патем има повеќе размислувања и можеби ќе ти помогнат:smir:
Мое мислење конкретно за твојот пост е дека ја претерал оној кој цело време триел сол над глава,оној кој споменувал,кој се сомневал.Затоа пукнала врската и токму тој партнер треба да се извини.
 
Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Темата ја разгледува истата содржина и затоа е споена.Патем има повеќе размислувања и можеби ќе ти помогнат:smir:
Мое мислење конкретно за твојот пост е дека ја претерал оној кој цело време триел сол над глава,оној кој споменувал,кој се сомневал.Затоа пукнала врската и токму тој партнер треба да се извини.

Благодарам за сугестијата другарке... ти благодарам и за помошта околу темата... :) Мислам дека и двајцата сме виновни за целата ситуација... но поентата е во тоа што немам ништо направено за да ја изневерам таа особа, ниту сум помислил... но барајќи начини како да и објаснам на таа особа за тоа што ме обвинуваше, паднав во вртлог од кој пак не излезе ништо... јас останав долу на дното со болно и скршено срце без вина... а на дотичната личност остана горе, мислеќи дека е во право за сето она што ми го плескаше, а го имаше само во нејзиниот мозок... :( :helou:

Хм... секогаш се започнува со добар збор, па како ке заврши... Инаку ако се посомневам си правам некое црно филмче, па кога ке испадне дека тоа филмче е само во мојата глава знаеме многу пати да се смееме на филмчињата. Истото и со нејзините.

Едноставно колку и да си сигурен во врската има делче црно што ке те тера да мислиш на глупи работи, особено ако се гледате поретко.

Поштуем коментар на место... Ама кој знае да помисли и на оваа опција? Многу малку помислуваат... прво си тераат до коска црн филм... а отпосле или „те сакам, ми фалиш“ или дирек навредливи неосновани пораки и зборови.. :(
 
O

Out Boy

Гостин
Инаку има до некаде вистина во ова што си го напишал... Факт е дека после кратка врска со некоја бивша/бивши можете понатаму да функционирате како пријатели, факт е дека можете...
Пријател со некој од бившите мои, може само откако ќе се изгубат целосно чувствата, ма да и тоа не гарантира ништо.

Интересно е ако, на пример, едниот додека бил во врска, не чувствувал ништо кон партнерот, а тоа му го предочи на сегашниот. Веднаш се јавува сомнеж: зошто бил со него, ако не го сакал?
 
Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Пријател со некој од бившите мои, може само откако ќе се изгубат целосно чувствата, ма да и тоа не гарантира ништо.

Интересно е ако, на пример, едниот додека бил во врска, не чувствувал ништо кон партнерот, а тоа му го предочи на сегашниот. Веднаш се јавува сомнеж: зошто бил со него, ако не го сакал?

Можеби мислел дека го сака.. имало некое преодно чуство... кое се изгубило подоцна... можеби бил изневерен/а и така... се се случува... не мора да знажи дека љубовта била со огромен интензитет... како што е сега мојава кон особата што ми значи...
 
O

Out Boy

Гостин
Можеби мислел дека го сака.. имало некое преодно чуство... кое се изгубило подоцна...
Па ако партнерот бил толку несигурен во своите чувства тогаш, како сега може со сигурност да тврди дека, на пример, чувствата кон сегашниот не се “мислел дека го сака“, не е “преодно чувство“ кое “подоцна ќе се изгуби“? Веднаш се јавува сомнеж: што ако и со мене му се случи истото?
 
Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Па ако партнерот бил толку несигурен во своите чувства тогаш, како сега може со сигурност да тврди дека, на пример, чувствата кон сегашниот не се “мислел дека го сака“, не е “преодно чувство“ кое “подоцна ќе се изгуби“? Веднаш се јавува сомнеж: што ако и со мене му се случи истото?
Ај да не ја тупиме... убаво ти одговорив... полициска истрага не мислам да отворам... :salut:
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
212
Поени од реакции
12
Да се согласувам.. но што кога ти упорно објаснуваш дека нема врска тоа што го збори дека не е точно дека си искрен и дека стварно не си изневерил ниту си мал намери... А таа/тој упорно ти пика во очи, сигурен во своите сомнежи (неосновани, туку продуцирани од негово видување)... Тоа боли, многу боли... иако и двајцата се сакате... Што потоа... Љубовта постои, срцето на тој што неправедно е обвинуван пати, сака и пати, другиот си доволува да го јаде сомнежот, а и него го боли душата, но никако да престане да продуцира сомнеж... :(:toe:

Mora nesto da si napravil :toe:
Si i ja povredil suetata ili si i pogodil nekoj kompleks...bez da znaes
 
Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Mora nesto da si napravil :toe:
Si i ja povredil suetata ili si i pogodil nekoj kompleks...bez da znaes
И сега братче... некој треба да страда поради комплексот? Но тоа е тоа... сакаше минато... доби минато... нема никогаш повеќе да ја повредам суетата или комплексот на таа особа... колку и да ја сакам... ме испонавреди исповреди со сомнежи, СОМНЕЖИТА... :(
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ќе и кажам да се пријави во емисијата на Кочишки-"Момент на Вистината"
 
O

Out Boy

Гостин
И сега братче... некој треба да страда поради комплексот? Но тоа е тоа... сакаше минато... доби минато... нема никогаш повеќе да ја повредам суетата или комплексот на таа особа... колку и да ја сакам... ме испонавреди исповреди со сомнежи, СОМНЕЖИШТА... :(
Па сега... најверојатно сте страдале поради тоа. Можеби поради недостаток на комуникација, или различни мислења и ставови... Најтрагичното е што голема е можноста двајцата искрено да се сакале, но ако постојано се несогласувале, тогаш подобро е таквата врска, и покрај љубовта, да биде прекината, отколку да продолжи во своевиден коктел на љубов, сомнежи и кавги.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom