Па кога ќе го кажеш така ич не е логично. Ама одлуката не е донесена на централен одбор у партија, некој моќник сака да елиминира критичар и во процесот да му го зграби богатството и влијанието. Тој моќник е на власт и ги користи сите расположливи средства.
Сега прави логика?
Да, Палчо сакаа да го елиминираат пошо со неговите подкасти беше многу опасен, исто како и со неговата партија составена од двајца без тројца телетабиси.
Наместо да го замолчат тивко и дискретно они решаваат да направат сценарио на кое и Холивуд може да му позавиди, местачиве прво киднапираат и убиваат 75 годишен бербер, а после со неговата кола киднапираат девојче во сред центар на Скопје, и тоа девојче од богата фамилија и го убиваат.
После го местат Палчо и телетабиси, а Палчо кој нели има многу битни информации и е многу моќен, наместо да ги објави тие информации да каже дека го местат, да побара помош од меѓународна заедница, од институции, он си се ака прво во Белград, после по турски автопати.
Значи местачиве толку се уплашени од Палчо и подкастиѕе што прават сценарио во кое не цела Македонија туку цел регион е фокусирана на Палчо и тие подкасти!
Па тие подкасти и објави ја доживеаа најголемата популарност откако се случи ова!
Претходно беа глеани од фолијаши и телетабиси ко Кешишев, ѕидарот од Велес, Аудиофил и the saviour .
Никаква моќ немаше Палчо последниве години, ни политичка ни финансиска, напротив спадна од милионер до клошар и за тоа му беа криви власите и влашкото лоби.
Никој немал потреба да мести таков лик особено не со такво филмско сценарио што ќе го привлече вниманието на цела јавност!