- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.347
- Поени од реакции
- 13.140
Веродостојни се податоците, Белорусите се меѓу најпаметните нации во светот.
Феноменот на Германија не сум баш соодветен да го коментирам, но мислам дека се должи поради несвесен колективен срам поради двете светски војни.
Белорусија била меѓу најразвиените и побогатите советски социјалистички републики во поранешниот Советски Сојуз, држи вода теоријата дека нејзиното население би било меѓу попаметните. А со оглед на фактот дека досега успешно демонстрираат имунитет на шареноликиот идиотизам и на либерал-фашизмот, можно е податоците да се веродостојни за Белорусија, но тоа не значи дека и податоците за останатите држави се веродостојни.
Британците си молчат како пи_ици на корупцијата на нивните државни и јавни функционери, како на пример трансакциските сметки во прекуокеански банки на таткото на Дејвид Камерон, забавите на БоЏото без моџото за време на карантините кои тој самиот ги воведуваше и ги форсираше со драконски казни за време на пандемијата на корона вирусот.
Изминативе месец дена повторно им се враќа под светлото на јавноста озлогласениот Поштенски скандал кој резултираше со апсење и затворање на над 700 (СЕДУМСТОТИНИ) поштенски раководител(к)и и директор(к)и помеѓу 1999 и 2015 поради компјутерска грешка која вадела неточни извештаи според кои недостигале пари, а стотици невини луѓе одлежувале затворски казни поради таквата компјутерска грешка, некои дури и починале во меѓувреме.
Судовите забрануваат новороденчиња со ретки болести да се лекуваат во странство, но затоа им го бранат правото да умрат бидејќи лекарите изјавиле дека им нема спас - бидејќи нели британските лекари знаат што е најдобро за нивните сонародници, низ Лондон и приградските населби и градови се води рекетарската шема ULEZ со која секое возило се следи преку камери и му се наплаќа дневна такса само бидејќи било во сообраќај - ја загадувало околината, да не зборуваме па за фактот дека најчестото име кај над 50% од новороденчињата во Англија е Мухамед, но Британците имале коефициент на интелигенција 99

За крај мораме да потенцираме дека никаде не се спомнува колкав е примерокот од кој се извадени ваквите податоци и од кои населени места.
Како може да не ти е реално?!
Па кој друг народ, може 30 и кусур години сам себе да си пука у нога, да го влечат за нос политичари(да не ги набројувам сега, кои на Запад пола би биле во затвор, а пола би чистеле ќенефи), и пак за се некој друг однадвор да му е крив!
Мислам ако одиме по Occam’s razor, баш нашето IQ е најлогично објаснување за се што ни се случувало и случува...
Тешко ми е да верувам дека е реално бидејќи добар дел од истите тие идиотизми кои ги наброја им се случуваат и на добар дел од овие со наводно три цифрен коефициент на интелигенција или со наводно речиси три цифрен коефициент на интелигенција.
Пред 10 (ДЕСЕТ) години можеби ќе ги сметав ваквите податоци за точни и веродостојни, но многу работи се изменија на европскиот и северноамериканскиот континент во меѓувреме, така што тешко ми е да верувам дека народи на кои им се случуваат истите идиотизми кои ни се случуваат и на нас би спаѓале во група на поинтелигентни народи.
Ваквиот заклучок го вадам од моето лично убедување дека поинтелигентни народи не би дозволиле нивното општество да биде спуштено до такво дереџе. Или јас имам погрешна замисла за тоа како размислуваат и функционираат интелигентните народи, или нешто е труло низ европскиот и северноамериканскиот континент и болесно.
Секако дека е можно да грешам, не верувам дека швабите кои ги гласале Адолф Хитлер и Нацистичката Партија на Германија биле глупави, верувам дека биле паметни луѓе, но секако дека и паметните луѓе имаат право да прават глупави избори и да донесуваат глупави одлуки, тоа е една од најосновните карактеристики на човекот.
Последно уредено: