И да има контакт од Палчо во телефонот на таткото, тоа ништо не значи, тие дефинитивно се знаеле добро со години наназад.
И кога тепаат во полиција, не ги тепаат заедно, туку одделно. Од моментот кога се приведени тие се скроз во различни простории без никаков контакт меѓу нив. Има секако можност да се договориле претходно што да кажат, но според сите информации исказите им се поклопуваат и најверојатно се работи за тоа што они го знаеле или мислеле дека го знаат.
Што се однесува до киднапирање уште од петокот, имаше една теорија на почетокот, според која девојчето било киднапирано уште во петокот, а пријавено во понеделникот, тоа не верувам дека е вистина. Но дека можеби пробале и тоа е доста веројатно, поготово што многу брзо се крена паника.