jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.420
И да има контакт од Палчо во телефонот на таткото, тоа ништо не значи, тие дефинитивно се знаеле добро со години наназад.Проблемот со исказот на биљмезите дека таткото им ја дал информацијата е што тие никогаш не го слушнале тоа од него. На биљмезите палчо им кажал дека од таму му е инфомацијата. палчо бидејќи кидна, нема никаква дирекна конекција помеѓу него и таткото. Единствена валидна опција да се задржи таткото во притвор е ако му пронашле контакти со палчо во телефонот или компјутерот.
Втора работа е тврдењето дека тие се обидувале ова да го изведат во петокот, се откажале, па продолжиле во понеделникот. Ако е ова точно тогаш паѓа во вода тврдењето дека таткото му дојавил на палчо дека во понеделник едната ќерка оди во школо сама. Ако планирале во петокот, таргет биле двете ќерки.
Биљмезите за да си ја олеснат позицијата можеби и се договориле да го тврдат ова, дека цел им било едното девојче а не двете, и дека се работели за киднапирање со план да бараат откуп а не нарачана егзекуција на деца. Па кога ги тепале, сите здружно ја пееле истата песна.
Ова се валидни теории, но сепак само теории, сега за сега.
И кога тепаат во полиција, не ги тепаат заедно, туку одделно. Од моментот кога се приведени тие се скроз во различни простории без никаков контакт меѓу нив. Има секако можност да се договориле претходно што да кажат, но според сите информации исказите им се поклопуваат и најверојатно се работи за тоа што они го знаеле или мислеле дека го знаат.
Што се однесува до киднапирање уште од петокот, имаше една теорија на почетокот, според која девојчето било киднапирано уште во петокот, а пријавено во понеделникот, тоа не верувам дека е вистина. Но дека можеби пробале и тоа е доста веројатно, поготово што многу брзо се крена паника.