За жал вчера потрошив пола саат од мојот живот на видеоно од Србинон, класична провмровска пропаганда пуштена преку странски новинар, дури онака срам да те фати. Какви глупости треска типот тоа е нереално, а врвот беше оној делот со палците, па го стопирале тука видеото да чујат што му викаат, демек ДАДЕ се слуша од позадина, абе бог да чува и да брани. Ова е Латас тип на масло, не би се чудел и он да му ги давал овие информации на овој новинар, зашо буквално се што збореше Латас периодов истово го кажува овој, а знаеме дека Латас си пенетрира во Србија.
Дека има нелогичности и недоречености во случајов има, тоа е очигледно, ама не може народот да се потпира на вакви квази кретенски новинарчиња и врз основа на нивни глупости да формира мислење. А ако полицијата стварно дозволила таткото да им ги обезбеди снимките и да им укаже кој што и како направил тогаш треба многу глави да летаат и да одговараат за све. А вие што барате обдукции и докази јавно да се објават на незавршена истрага и нерешен случај треба малце да ги чукнете тоа главите и да размислите дали е тоа можно или не.