Вакво намалување на даноците !?
50 отсто пониска царина за увоз на автомобили
Од 1 јануари 2010 година се намалува царината за увоз на нови, но и на стари возила и тоа за 50 отсто. Царинските давачки за нови возила во моментов изнесуваат 2 отсто од вредноста на возилото, а за стари 4 отсто. Од јануари тие се преполовуваат и ќе изнесуваат 1 отсто за нов, односно 2 отсто за половен автомобил.
За илустрација, доколку се увезе од ЕУ половно возило опел корса (произведен 2008 година), со доказ за преференцијално потекло, од 1.200 кубика и вредност од 10.000 евра давачките се следни: годинава на име на царински давачки ќе се платат 4 проценти, данок од 18 отсто и акциза во вредност од 250 евра или вкупно 2.567 евра. В година вкупно за ова возило на име на сите овие давачки ќе треба да се платат 2.330 евра.
Вели 50% ќе се намали данокот а финалната разлика во конкретниов случај е 237 евра (помалку од 10% ).
-Па зошто ги обвинуваме граѓаните кои посегнале по бугарски пасоши!? Некои луѓе имаат неодложна потреба од автомобил со кој ќе поминат голема километража, сакаат да се посигурни одколку со КОМУНИСТИЧКИТЕ ЗАСТАВИ стари 30 год. па нашле начин тоа да го сторат. Сакаме во Европа, сакаме луѓето да гледаат на нас како рамноправни, а возиме кршови кои ги нема никаде во Европа веќе, само возниот парк на Мумбаи (Бомбај) е споредлив со нашиот! Бугарите плаќаат по 200 - 300 евра за увезен автомобил, а ние по 2000 евра и тоа со услови, старост, еуро 3,4,5 итн и тн ... :kesa:
Еве прочитајте ја целата вест - радосна демек
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F9FA102529383645ABBF76C001A6EADC
Еден коментар само - СРАМОТА!