Кое лицемерие се овие Инфомакс , од такви највеќе страдаме со векови. Чичин мичин , не знам колку подкасти со него изминативе неколку години, па плачеа кога се дозна дека е осомничен и сега гледам све избришале со него.
Вилипче па уште цела емисија со ругање прави за него.
Абе еден нема , буквално еден што би го кренал народов од зомбификацијата.
Ни го расплакаа мамичето, ставај не вади со игриве нивни.
Изгледа не ги знаеш овие чим имаш поинакво очекување, исти кур се како овој уапсениот во Турција, откако знаат за себе штимаат приказни по нарачка за пари, врати се некоја година наназад да видиш кој беше најангажиран за извртување на срањата од таа влада.
Да бидам искрен, не знам зошто народот си губи време за да ги слуша (и општо со дебатни емисии и вакви срања,) и тие што се појавуваат таму ти се лопована која цел живот ја пљачка и искористува таа држава и тој народ. Барем не им го давајте задоволството да ве прават будали, не ги отворајте нивните емисии на Јутјуб, животот е прекраток за да се троши на вакви срања.
Еве неколку денови читам по форумов и по портали за случувањата не само за случајот само со Вања, бидејќи станува збор за две убиства, за кој самиот на себе си велам анализирајќи кои се мотивите неможам да најдам нзс за мотивот за убиството на Вања, мозокот на обичен човек по дифолт не може да најде причина за такво убиство, па најлогично по мене што не мора да е вистина, но мое мислење е дека клучот е во првото убиство, кои сите ние по дифолт го игнорираме, затоа што станува збор за постар човек, а целиот врзивен момент на групата што е обвинета е тоа освен што се членови на една минорна партија, истите се од Велес како и убиениот и имале некакви врски со него.Како човек пробувам да ги филтрирам информацииите кои се сензационални полувистини и невистини и неуспевам, пред се заради конфузност на истите. Како правник можам да кажам со кој памет официјалните органи (МВР и Обвинителството) излагаат на таква прес конференција, која беше конфузна и со информации кои дел не требаа воопшто да се кажат. Знам дека Спасовски со втората прес конференција си ја започна кампањата за евентуален претседателски кандидат на државата или на СДСМ, но не можеш да пласираш изјави од обвинетите во јавност како факти од истрагата кои се контрадикторни и вон секоја логика и истите направија кашапопара во јавноста и оставија простор за манипулации и своеволни толкувања во народот, а секој што малку познава право знае дека обвинетите може во своја одбрана да лажат колку сакаат без да одговараат. По мене само до сега има утврдено една вистина до сега а тоа е дека првите 4 обвинети се вмешани во овие случаеви, а мотивите и останатите елементи се далеку од утврдени. И да не заборавам , овде секоја будала на јавната и политичката цена проба да поентира од овој случај, па и оној некој директор на затвор, да се прави фраер во друштвото ги ошилал обвинетите на нула, при тоа дава изјава дека затворениците за такви дела немале право на одбирање на фризура, само заборавил тие што ги опишал моментално не се затвореници и не се во затвор, туку се обвинети и притвореници, а не затвореници. На крај кај е Верушевски? човекот кој најдобро од јавните личности можеби го познава и чиј пулен беше Палевски.
Оваа приказна што се продава досега не држи вода, или некој лаже за да спаси газ, или си нагаѓаат.
Втора работа, ако првото убиство беше само поради колата, ќе беше врз друг човек, и ќе се украдеше друг тип на возило. Со таа конзервата има поголема шанса да бидат запрени/отстранети од сообраќајот во Скопје (па и со таблици од друг град) отколку со некој понов модел, гарант ќе најдеа и нешто со затемнети стакла барем делумно. Нели, ако убиваш некој ладнокрвно и по потреба, не ти менува дали е Панче или рандом лик од улица, бараш да е некој модел кој го има низ сообраќајот за да не се двои твоето возило.
За Вања, ако е навистина киднапирање за пари, држи вода да биде убиена толку брзо само во следните ситуации:
ја угушиле по грешка па пукале во неа отпосле,
Им избегала, сите се геријатрија, во брза реакција извадил пиштол и ја испукал, сепак ако е ова, може да се докаже ако го најдат оружјето и местото каде е убиена, ќе се виде дали била во движење или станува збор за егзекуција,
Веќе барале пари од семејството, ги отерале упм, па ја испукале, но истото крие инфо од полицијата, а и јавноста (малку веројатно, но не би го исклучил).
Веќе им ги дал некој парите и е нарачка, битно било да изгледа како киднапирање, но во никој случај немаат намера да бараат откуп. Фактички само ја однеле до дупката каде требало да се скрие телото.
Ако не било за пари:
Имала видено нешто што не треба.
Имале некоја сериозна закачка со нејзините (огромен долг, им направиле нешто тие, политички интерес), ама за ваква работа полесно е да ја ликвидираат на лице место и со ладно оружје.
Некаква си политичка позадина, која не би ја исклучил поради прво осомничениот и неговата врска со Верушевски и тие кругови, ако е ова случајот ќе се влечи долго и ќе се заташка, или пак му имаат ветувано дека ќе ги избришат камерите но го заебале.
Станува збор за тотално швркнати кои имаат пробано обљуба или слично, ако ја манијачеле додека се вртеле низ зграда, па намерата била тотално друга, сепак не ми држи вода комбинацијата со возилото од првото убиство, ваквите најчесто работат сами и импулсивно.
Најмалку верувам дека испаничиле поради јавноста. Овие гледаме дека си продолжиле со животот како да не се случило ништо, и после првото, и после второто, што ме тера да верувам дека не им е првпат, и таквите не замараат за јавноста, особено па и после фактот дека веќе стигнале во Бразда и шансите да ги виде некој се минимални.