- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 688
- Поени од реакции
- 668
Еве неколку денови читам по форумов и по портали за случувањата не само за случајот само со Вања, бидејќи станува збор за две убиства, за кој самиот на себе си велам анализирајќи кои се мотивите неможам да најдам нзс за мотивот за убиството на Вања, мозокот на обичен човек по дифолт не може да најде причина за такво убиство, па најлогично по мене што не мора да е вистина, но мое мислење е дека клучот е во првото убиство, кои сите ние по дифолт го игнорираме, затоа што станува збор за постар човек, а целиот врзивен момент на групата што е обвинета е тоа освен што се членови на една минорна партија, истите се од Велес како и убиениот и имале некакви врски со него.Како човек пробувам да ги филтрирам информацииите кои се сензационални полувистини и невистини и неуспевам, пред се заради конфузност на истите. Како правник можам да кажам со кој памет официјалните органи (МВР и Обвинителството) излагаат на таква прес конференција, која беше конфузна и со информации кои дел не требаа воопшто да се кажат. Знам дека Спасовски со втората прес конференција си ја започна кампањата за евентуален претседателски кандидат на државата или на СДСМ, но не можеш да пласираш изјави од обвинетите во јавност како факти од истрагата кои се контрадикторни и вон секоја логика и истите направија кашапопара во јавноста и оставија простор за манипулации и своеволни толкувања во народот, а секој што малку познава право знае дека обвинетите може во своја одбрана да лажат колку сакаат без да одговараат. По мене само до сега има утврдено една вистина до сега а тоа е дека првите 4 обвинети се вмешани во овие случаеви, а мотивите и останатите елементи се далеку од утврдени. И да не заборавам , овде секоја будала на јавната и политичката цена проба да поентира од овој случај, па и оној некој директор на затвор, да се прави фраер во друштвото ги ошилал обвинетите на нула, при тоа дава изјава дека затворениците за такви дела немале право на одбирање на фризура, само заборавил тие што ги опишал моментално не се затвореници и не се во затвор, туку се обвинети и притвореници, а не затвореници. На крај кај е Верушевски? човекот кој најдобро од јавните личности можеби го познава и чиј пулен беше Палевски.