Знаете што ѝ правеа на мојата малолетна ќерка на „Тик-ток“ со монтирање на видеа? Тоа се истите тие луѓе, истата таа група. И затоа кога ги прашуваат кога се гледале – не одговараат. Еве, јас ќе ви додадам. Што правел поранешниот претседател на Либерално-демократска партија на состаноци со Љупчо Палевски? Што правел генералниот секретар на Демократски сојуз на состаноци со Љупчо Палевски, минатата година, што правеле?
360°: Која Либерално-демократска партија?
Ковачевски: Либерално-демократска партија на Македонија. Бившиот претседател, што правел на состаноци со Љупчо Палевски? Еве јас ве прашувам, испитајте.
360°: Чекајте, Жерновски е поранешниот претседател.
Ковачевски: Не е Жерновски бившиот, тоа е бивши пред бившиот. Еве, јас ви поставувам прашање, што правеле?
360°: Амбасадорот во Словенија?!
Ковачевски: Што правеле на состаноци, што разговарале?
360°: За амбасадорот во Словенија зборувате?
Ковачевски: Јас го имам прашано претседателот на Франција, Макрон – дали знае во неговата амбасада во Скопје, какви луѓе се примаат на разговори.
360°: На кого алудирате, кого примаат таму на гости?
Ковачевски: Мора еднаш истражните и правосудните органи во оваа држава да ги идентификуваат сите коишто работат против интересите на државата и на институциите на државата, коишто се под влијание на странски агентури, кои шират хистерија и коишто прават сè, оваа држава да не може да продолжи во нормален евроинтеграциски процес.