- Член од
- 27 февруари 2017
- Мислења
- 1.123
- Поени од реакции
- 862
najrealenПред некое време имав напишано сличен коментар во врска со "стручањаците" па како и сите и јас имам право да дебатирам па ќе напишам повторно нестручен и објективен коментар, и дел од нив можи ќе сфатат а дел од нив како и секогаш ќе си го терат своето..
Минимално трпение, и преголемо очекување се сведува на големо разочарување и минимална реалност. Шо сакам да кажам.. ако видиме на почетокот на платфотмата, целта беше да имаме јака екипа, да се натпреваруваме во европа, да бидиме конкурентни во првенството, да освојме титула и да играме лига на шампиони. Кој од овие цели не е постигната? Зошто да бидиме толку гневни и разочарани кон клубот и кон ракометот кога сите цели се постигнати? Очигледно не сме реални и објективни па покрај толку лоши услови шо ги имаме како град и држава ние сме шампиони во македонија и учествуваме во најголемото и најквалитетното натпреварување во европа и во светот во ракомет. Е сега кога сите очекувања ни се исполнети ние пак нешто очекуваме ама незнајме и самите шо, и си тераме по старо и на секое сме незадоволни па и разочарани.. Управата има непрофесионалност во водење на клуб не велам не ,и со то се сложваме сите и се надеваме дека нешто ќе се подбри од нивна страна, ама сепак на нашите очекувања и желби му нема крај па еве ќе ви наведам неколку примери. Сите сме искоментирале, сме искртикувале по еднаш сме напишале коментар, сме давале мислења, совети дали тука дали на фб, инстаграм и тоа е нормално, спортски и коректно итн, и многу од нив се послушани и како резултат на тие се направени промени. Прво, 1 та година беше бабич, го исвиркувавме оти сме изгубиле од вардар па не донесол титула итн, после викавме сите ајде сега данец тренер данец да дојди, дојде и данецот пак попара пак за 7 месеци колку и да беше замина, па сите викавме ајде сега македонски тренери да бараме па битолчанец да бил па ваков па таков, и ете и македонски тренер и битолчанец, па тука 1000 коментари со бравос, душата бавча, правилен потег итн..Почнува наредна сезона слаба организација, несериозност во екипата, се бираја играчи по желба на тренерите ( кој беа величени и по заслуга со освоената титула) слаби резултати, слаба игра, нема хемија од изиграни 10 утакмици и од најаки најпофалени тренери дојдоја до најплукани и шо е најтрагично од истите луѓе шо беа пофалени, беа и плукани. И нормално ние сега стручњаците баравме да ги менат и пак ги сменаја, и нормално како и во секој клуб во светот привремен тренер се клава тој шо е најблиску до клубот ( помошник тренер) и во нашот случај е спортскиот и директор и нормално тој треба да продолжи да го води клубот дур не се најди некој асолен, квалитетен, или ако се покажи да остани истиот, сличен пример како во загреб. И сега ние стручњаците бараме тренер да донесат, плукаме оти не сме нашле преку ноќ.. слично и кај играчите, кој ни е крив уште недојден да го величиме и качваме по трибини? Па после се опуштил.. па ќе се опушти нормално. Друга работа кој ни е крив шо ги плукаме нашите играчи уште невклопени во тимот и ги вреѓаме со јавни коментари на социјални мрежи и на утакмици? Такви се примерите со костески,танкоски,велковски, хосни, тајник... итн. Како ти ќе имаш мотивација да играш за клуб ако си под таков притисок од јавноста од толку мал град?И шо очекуваш, срцето да го остај на терен? И на крај најакото, ако играт македонски играчи ке почниме да викаме абе каде со овие играчи во лш појма немат дрва вакви такви.. е сега ако ги клат странците да играт и одма ние пак тука со коментарите, абе шо ги клават странците џабе се платени, ко имаме златни деца македонски, ги пустат вака така.. и ко ќе видиш крајот не ни се наоѓа, греој сме , за смеење сме. Ете сите велевме фитиљо да дојди, ете и тој дојде и пак сега нешто ќе си побараме ко синќир ова фудбал менаџер е па ќе си носиме и бркаме кој сакаме.. Зато според мене коментарите на публиката не треба да влијат врз одлукуте на управата! Управат треба да биди професионална и да си има стручни лица кој ќе имат јасен концепт и план со кој тие истите ќе носат одлуки! Ние како фаној/навивачи треба да бидиме верни и коректни, кој секогаш треба да бидиме со клубот. Ама кај нас, салите празни, скапо му било на "најракометниот" град, и разочарани тие биле па не иделе... греој живи за жалење сме. Секоја чест за Чкембарите кој одат сегде дури и на гостување и за верните Фанови кој се редовни без разлика дали Пелистер губи или победва. Толку да се замаравме со политиката и советниците во нашот град, и да вршевме толкав притисок за да се сменат некој работи во градот ќе цутевме како град.. Толку од мене.