Ја читам оваа Фросина Ременски еве втор пат, првиот кажуваше дека можеби девојчето се задушило кога ја киднапирале, а сега исто неофицијално кажува дека групата имала списоци за изнуди, киднапирања и ликвидации. Ќе ја земам за релевантна бидејќи беше дел од влада, партијата.. па пушта спојлери од истрагата можеби со знаење на вклучените во истрагата.
Некаде пак прочитав дека Палевски некое време пуштал “бомби”. Имајќи во предвид дека десетици илјади биле прислушкувани кога пукна аферата, а тие сигурно не биле рандом ликови, ова злосторничко здружување со цел уцени изнуди киднапирања изгледа не е единствено во државава во која ништо не функционира и вакви ликови години уназад се заштитени од двете политички партии за секаков криминал.
Интересно инфо ми беше дека добил пријава за копање злато. Не знам дали била кривична. Или само уапсен па пуштен? Нека објаснат за случајот, па нели ако не си на археолошки локалитет тоа не е никакво кривично дело, а ако си казната е од 5-10 години. Или копал дупки за да се ослободи од жртвите па се вадел со копање злато?
Не сакам и јас да влегувам во теории на заговор ама ако го тргнеме настрана последниов случај на монструмиве, мислам дека многу повеќе луѓе се вмешани и на повисоки позиции за претходни дела кои ги вршеле ама тоа изгледа никогаш нема да го разбереме.