Мене ми е нејасно - цело време се збори дека мотивот бил изнуда на пари од наводниот продаден стан.
Еве биле вмешани 5 луѓе.
По колку би зеле? 20, 25, 30 илјади евра? И тоа во случај на еднаква распределба.
Никако не можам да разберам како некој што не е толку очаен за пари (освен таткото, очигледно) - би се нафатил за таа сума да киднапира дете.
Никао не можам да разберам како некој би си ризикувал свој живот, своја комоција, свои семејства за да киднапира дете и изнудува пари за истото.
Ми се гади и врти во стомакот од случајов, но не само од починатите лица, изрушени се многу семејства, ни криви ни должни.
Прееска некако чудно ми дојде, во исто време и жал и гад кога ги носеа во Кривичен, мислам дека и
@cholismo го пиша истото. Којзнае како им е на нивните семејства што ги гледаат како ги влечат подгрбавени како партали во рандом облека и стрижени. Луѓе во години, со семејства и деца.
Како епизода на Фарго е ова што се случува/случило.