Како се отплеткува случајов, испаѓа се поголема трагедија. Овие се тотално изгубени во свемир, аматери е мал збор.
Јавноста со право се прашува за низата нелогичности во случајов, на крај ќе испадне дека се е последица на глупавоста на сторителите.
Да стигнеш до Турција, во момент кога си баран со меѓународна потерница, и со цел памет да тргнеш пешки да се движиш по автопат, па мислам дека случајов може да се затвори комотно. Секакви теории се раширија, која покомплицирана од претходната, на крај ќе испадне буквално најпростото сценарио, кое е толку просто и малоумно што никој не би го земал во обзир како валидно. Си викаш, ако некој е спремен да убие човечко суштество, ваљда има и способност до некаде да го прикрие истото. Не, овие се собрале ојле дојле, од сите 5мина не можеш да склопиш еден саглам, и решиле да изиграваат криминалци.
За мене ова е огромна трагедија, животот на девојчето замина од чиста глупост.
А за пресот на МВР, обиџуко ја пофали Хрватска за брзиот одговор, и спомна дека и тие имале распишано потерница по Палчо и дека и таму се водела кривична постапка против него. Како може на веќе распишана потерница, типов да си постира подкасти во МК и да тера политичка кариера? Зошо МВР не постапила по потерницата?