Уште од самиот старт го следам целиот случај по социјални мрежи, коментари, тука на форум, ги исчитав сите мислења до сега на темава, на сите ни е јасно дека нешто смрди во целиот случај и многу дупки има во целата приказна, ќе дадам мое мислење и ќе се обидам да бидам што е можно по краток.
Многу теории може тука да се развиваат и јасно ни е на сите дека фалат делови за сложувалката на целиов случај.
-Палчо е човек што во транзицијата се има намлатено пари, градел згради, бил активен во политика и сигурно нема да убие некој дедо за долг од 500 евра, како што беше кажано.
-Тројцава учесници и очигледно потрчковци на Палчо се гледа дека се просечни македонски локалци, ниту имаат пари, ниту се некои криминалци, имаат фамилии, двајцава имаат веќе возрасни деца, претходно немаат ни близу слични дела направено, а имаат скоро 60 години и сега од еднаш им текнало или се сложиле да киднапираат дете и да бараат откуп, може биле психопати, може лудо му верувале на Палчо, ама никако не можам да разберам како свесно би се сложиле на вакво нешто, еден може се мрднал ама сите заедно да се решат на ваква работа...Не можам да разберам.
-Раната пријава на мајката во полиција исто е чудна и остава простор за сомнеж дека знаела во какво окружување се наоѓа нејзиното дете и што може да се случи, класната јавува одма дека Вања не е во школо, мајката во 8:30 се јавува во полиција, значи саат време откако почнал првиот час, во 12:08 на фејсбук ја објавува дека е исчезната, за дете во тие пубертетски години сигурно прво сите ќе помислат избегала од часот, избегала од школо, се крие со некоја другарка, може е со дечко, сигурно веднаш не би ја пријавиле за исчезната.
-Целото киднапирање нема никава логика, зошто би ја киднапирале со кола која претходно ја бара полицијата и е на изчезнат човек, ако планирале да бараат откуп сигурно нема да ја убијат 2 часа по грабнувањето и уште многу многууу нелогичности, јасно е само дека имале сите некој луд план што бил изводлив само во нивните празни и ретардирани глави.
Единствена работа што ги спојува сите учесници во случајот е партијата на Палчо, што е смешна во политички размери и сигурно не е поврзана со некакви идеологии како што некои пробуваат да замислат, главно членови на партијата се пријатели на умоболниве и јасно е дека не се сериозни со нејзе и не се никаков фактор во политиката во Македонија.
Втора работа што им е заедничка и ги спојува сите овие болесници и убиениот дедо е
КОПАЊЕТО ЗЛАТО.
Тоа помина некако така преќутно и никој не се обиде да стави акцент на таа работа и дека можеби тука треба да се бара целиот мотив, а и Палчо неколку дена пред убиствата бил стопиран од полиција во 00:30 по полноќ, во реонот на Демир Капија, барајќи злато, со пиштол во себе за кој имал само дозвола за поседување.
На форумов имам 1650 мислења и никогаш не сум се чувствувал по грозно и по одвратно додека пишувам некој пост, го напишав со ежење и постојани грчеви во стомак, стварно се чувствувам лошо после еден ваков случај, кога на некој начин сите ние изгубивме дете, сред бел ден, во центарот на главниот град, од неколку психопати на чело со Палчо.
Секоја казна е мала за сторителите, џабе и дозивотен затвор, бесилка, секојдневен ќутек и мачење нема да бидат доволни, одземаа живот на едно невино девојче кое нема никаков грев и поврзаност со ништо лошо, кое беше уште на самиот почеток од животот, уништија животи на своите деца, фамилии, на најблиските на Вања, ја згрозија цела нација, цел Балкан се шокираше кога слушна за овие монструми, да не му се верува на човек со кого живее и какви психопати го опкружуваат.
Малата Вања нека почива во мир, сигурно е сега помеѓу ангелите на некое подобро место, далеку од овој одвратен и расипан свет исполнет со болни луѓе и зло.
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)