Италијанско првенство

Кој е најдобар италијански клуб?


  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.092
Поени од реакции
45.987
ја па во обвинителства па ич.. :)
Али далеку порелевантен фактор се :D, или и они биле фанови на Интер, ништо чудно :tv: .

п.с. Пејо ти реков јас, Интер им даде победа на Милан вие не .
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
Не би било интересно да го казнат интер сакам да има борба за титула до крај да биде поинтересно италианското.
пс.Не верувам на весници.:helou:

нема што тука дали ќе биде интересно да се казни или не... ако направиле тоа што се шпекулира тогаш нека ги казнат, ако ништо не направиле нека ги остават... како за еден така за сите...
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.853
Поени од реакции
50.248
хахаха тачно Syn, тоа е сеа прашањето, дали сте местеле за коефициент и де факто се десило ова од обвинението или ве тепавме поштено??
и не знам сеа како ова, ти викаше Берлускони и Морати другари невидени се пуштаат утакмици, а овој педерче го минира вака и ја ебе калимерата :):)
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
нема што тука дали ќе биде интересно да се казни или не... ако направиле тоа што се шпекулира тогаш нека ги казнат, ако ништо не направиле нека ги остават... како за еден така за сите...
Знам во право си ако направиле така казна,пред три сезони им беше дадена титулата кога ги казниа и милан и јуве.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.092
Поени од реакции
45.987
хахаха тачно Syn, тоа е сеа прашањето, дали сте местеле за коефициент и де факто се десило ова од обвинението или ве тепавме поштено??
и не знам сеа како ова, ти викаше Берлускони и Морати другари невидени се пуштаат утакмици, а овој педерче го минира вака и ја ебе калимерата :):)
Па дека беа беа, али Летиција Морати имаше доста екцеси контра Берлускони, иако беше кандидирана за градоначалник на Милано од неговата партија и победи, еве сеуште е на таа функција али доста ја имаше критикувано политиката на Берлускони во врска со едукативниот систем, али едно е политички фронт, друго оној фудбалскиот . Нејсе, наведов два факта, весникот = Берлускони, и официјален демант на обивнителството кое беше ставено во главна роља во целава оваа ситуација .

Али чудно е, зашто не е спомнат мечот со Милан, некако поуверлив ке беше текстот ( али вака и Милан ке го јадеа ), вака намерно шутирал Матераци ( кој важи за добар изведувач на пенали, наведов неколку факти поврзани со истово во претходните постови ) и '' фамозната '' повреда на Ибра, кој де факто беше повреден и го пропушни клучниот меч за неговата Репрезентација на ЕП . :toe:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.853
Поени од реакции
50.248
Али чудно е, зашто не е спомнат мечот со Милан, некако поуверлив ке беше текстот ( али вака и Милан ке го јадеа ), вака намерно шутирал Матераци ( кој важи за добар изведувач на пенали, наведов неколку факти поврзани со истово во претходните постови ) и '' фамозната '' повреда на Ибра, кој де факто беше повреден и го пропушни клучниот меч за неговата Репрезентација на ЕП . :toe:
хаха зашто мечот со Милан, поуверливо ми е мене намерен кикс со некој од другите послаби тимови со кои игравте тие кола него со Милан, или Милан рутина ви бил некад :pos: и кога би била спомната со Милан утакмицата, што има Милан со тоа како Интер изиграл и зашто не искористил шанса и зашто не направил Манчини измена, тоа не зависи од двата тима, доволно е еден да има мотив да изгуби и да се деси.

да се разбереме онака процедурално, не верувам во ова. :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.092
Поени од реакции
45.987
хаха зашто мечот со Милан, поуверливо ми е мене намерен кикс со некој од другите послаби тимови со кои игравте тие кола него со Милан, или Милан рутина ви бил некад :pos: и кога би била спомната со Милан утакмицата, што има Милан со тоа како Интер изиграл и зашто не искористил шанса и зашто не направил Манчини измена, тоа не зависи од двата тима, доволно е еден да има мотив да изгуби и да се деси.

да се разбереме онака процедурално, не верувам во ова. :)
Ако идеме така, зашто Анчелоти играше 5-5-0 формација со Џенова, сто посто имал X уплатено, тие муабети не можат ни во реално шоу да поминат, а камоли во Суд, тоа ми е муабетот .
И еве да тргнеме од правен аспект , наводно сниман разговор помеѓу Манчини и локален мафијозо :D, пак ништо не им можат на Интер, од една страна имаш тренер кој цел втор дел од првенството го помина со помислата на црно-сина клупа на која седи Мурињо, и второ, фактите од мечевите кои одат во корист на Интер, пак, Интер не може да биде казнет :D, истото може да се ефектира само кај Манчини .

Пази го муабетов, зашто играч кој беше задолжен од Липи на СП да шутира во пенал рулетот со Франција и кој беше прв изведувач во Перуџа на пенали шутирал пенал, и зашто играч кој евидентно беше и на ЕП дека е повреден не играл на мечот со Сиена , и истиот бил замена на оној клучниот со Парма .
Де бре, човек треба да е ептен ниско паднат за да верува во еден ваков муабет .
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.853
Поени од реакции
50.248
Ако идеме така, зашто Анчелоти играше 5-5-0 формација со Џенова, сто посто имал X уплатено, тие муабети не можат ни во реално шоу да поминат, а камоли во Суд, тоа ми е муабетот .
тачно
И еве да тргнеме од правен аспект , наводно сниман разговор помеѓу Манчини и локален мафијозо :D, пак ништо не им можат на Интер
од една страна имаш тренер кој цел втор дел од првенството го помина со помислата на црно-сина клупа на која седи Мурињо, и второ, фактите од мечевите кои одат во корист на Интер, пак, Интер не може да биде казнет :D, истото може да се ефектира само кај Манчини .
еее ова ich dont think so...ако ова се докаже се одразува на цел клуб, па Интер нека си бара одговорност каде сака,фактот би бил Интер местел кој од Интер е небитно.


Пази го муабетов, зашто играч кој беше задолжен од Липи на СП да шутира во пенал рулетот со Франција и кој беше прв изведувач во Перуџа на пенали шутирал пенал, и зашто играч кој евидентно беше и на ЕП дека е повреден не играл на мечот со Сиена , и истиот бил замена на оној клучниот со Парма .
Де бре, човек треба да е ептен ниско паднат за да верува во еден ваков муабет .
Матераци да шутира беше поише момент за еуфорија и симболика(нешто ко да би шпутирал гатузо) и за Ибрхимович точно исто.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.092
Поени од реакции
45.987
еее ова ich dont think so...ако ова се докаже се одразува на цел клуб, па Интер нека си бара одговорност каде сака,фактот би бил Интер местел кој од Интер е небитно.



Матераци да шутира беше поише момент за еуфорија и симболика(нешто ко да би шпутирал гатузо) и за Ибрхимович точно исто.
1. Ти текнува на мечот Рома - Лацио пред некоја година ? Реми предвидено 2 кола пред истиот меч да биде одиграм, коефициент во кладилница 1.20, натпревар без ниедна шанса и тн и тн, обвинувања 10000, пресуда контра двата клуба немаше .
Оваа ситуација, меч со Сиена во кои гостите дадоа гол од две прилики, Интер имаа 100 но Манингер одлично бранеше, во никој случај не може некој да докаже тука дека Интер ремизирале намерно 2-2 и дека намерно го гаѓале Манингер во раце, нозе, торзо и слично за да не постигнат победоносен гол .

2. За пеналот, кариерата на Матераци реков што дава, 15 гола за две сезони во Перуџа поради тоа што беше ставен за прв изведувач од белата точка, во Интер во ерата на Купер беше замена за Виери од белата точка, и изведуваше слободни удари ( даде неколку гола ) . Веќе спомнав и за финалето од СП, така да за играч кој има богата историја за изведувањето на пенали не можеш да кажеш дека е само симболика во ситуацијва, со ваква историја и во една таква ситуација кога не игра Ибра нема нелогичност што он го шутираше пеналот, убаво рече StiX на темата за Интер, Круз, најдобриот изведувач на пенали во историјата рекол, ја 100 посто го давам, нека шутира Матераци осеќам ке утне . . . . не иде муабетов, обвинувањето како обвинување со 100 аргументи може да биде побиено .

п.с. Ако веќе постоеле такви телефонски разговори, зашто сега излегуваат на виделина, и зашто весникот лаже дека обвинителството имало покренато истрага и трето, за разговориве, дури и да постојат, треба да се докаже дека Интер со Сиена намерно ремизирале 2-2, со видео снимки и докази што во ситуацијава е невозможно, исто така треба да се докаже дека Ибра не бил повреден, иако цел Свет се увери во спортивното на ЕП кога по истото замина и на операција.
Кога истово ке биде докажано, тогаш и Интер ке бидат казнети, а Манчини може да дрка заедно со Моџи ако сака на телефон, тука ке следува индивидуална казна, како со многу играчи кои на свои пријатели давале препораки за тип, клубовите не биле казнувани, играчите јаделе дебели суспензии, затоа го спомнав тој правен аспект, имало многу вакви ситуации и сите биле решавани на ист начин :smir: .
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
1. Ти текнува на мечот Рома - Лацио пред некоја година ? Реми предвидено 2 кола пред истиот меч да биде одиграм, коефициент во кладилница 1.20, натпревар без ниедна шанса и тн и тн, обвинувања 10000, пресуда контра двата клуба немаше .
Оваа ситуација, меч со Сиена во кои гостите дадоа гол од две прилики, Интер имаа 100 но Манингер одлично бранеше, во никој случај не може некој да докаже тука дека Интер ремизирале намерно 2-2 и дека намерно го гаѓале Манингер во раце, нозе, торзо и слично за да не постигнат победоносен гол .

2. За пеналот, кариерата на Матераци реков што дава, 15 гола за две сезони во Перуџа поради тоа што беше ставен за прв изведувач од белата точка, во Интер во ерата на Купер беше замена за Виери од белата точка, и изведуваше слободни удари ( даде неколку гола ) . Веќе спомнав и за финалето од СП, така да за играч кој има богата историја за изведувањето на пенали не можеш да кажеш дека е само симболика во ситуацијва, со ваква историја и во една таква ситуација кога не игра Ибра нема нелогичност што он го шутираше пеналот, убаво рече StiX на темата за Интер, Круз, најдобриот изведувач на пенали во историјата рекол, ја 100 посто го давам, нека шутира Матераци осеќам ке утне . . . . не иде муабетов, обвинувањето како обвинување со 100 аргументи може да биде побиено .

п.с. Ако веќе постоеле такви телефонски разговори, зашто сега излегуваат на виделина, и зашто весникот лаже дека обвинителството имало покренато истрага и трето, за разговориве, дури и да постојат, треба да се докаже дека Интер со Сиена намерно ремизирале 2-2, со видео снимки и докази што во ситуацијава е невозможно, исто така треба да се докаже дека Ибра не бил повреден, иако цел Свет се увери во спортивното на ЕП кога по истото замина и на операција. Кога истово ке биде докажано, тогаш и Интер ке бидат казнети, а Манчини може да дрка заедно со Моџи ако сака на телефон, тука ке следува индивидуална казна, како со многу играчи кои на свои пријатели давале препораки за тип, клубовите не биле казнувани, играчите јаделе дебели суспензии, затоа го спомнав тој правен аспект, имало многу вакви ситуации и сите биле решавани на ист начин :smir: .
Syn џабе се мачиш сликите кажуваат 1000 зборови. Видето многу повеќе.


Кој разбира фудбал ќе му текне. Кој не, ништо не помага. За оние што учат во од ќе го пастирам клипов одвреме навреме.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Зашто се повторуваш цело време? Немаш факти повеќе или..? Неможеш да убедуваш луѓе само ако ти мислиш дека си во право. Дур има сомнежи дури и да се измислени од непријателот мора да има барем некој процент во сето тоа. Ете примерот со Јуве. Со години се викаше дека местат, и сите викаа нема шанси ова она. И ги фатиа конечно и си добиа соодветна казна. Времето ке докаже кој е во право. А јас лично не би сакал да биде сето ова вистина зашто го обожавам Калчото и со овој скандал ако биде во право, повеќе нема да доаѓаат квалитетни играчи во него и би се намалил квалитетот. Но ако веќе е вистина, казната се знае.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.853
Поени од реакции
50.248
Со видео снимки не се докажува ништо, тоа се релативни ситуации кој како сака ги гледа и не можно да се најде кривец(Данска Шведска 2:2 Европско мислам беше) ама ако постои снимка на Манчини со тој мафијаш со јасна содржина тоа е колективна одговроност и Интер го јаде како целина, а после одговорност нека си бараат од Манчини, он беше тренер влијателна авторитетна функција(на хартија) е тоа што влијае на игра, не беше некој играч од клупа од Бурсаспор што врти со “дојави’’ во Спортлајф недела сабајле :)
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Абе кога ке разберете дека Интер беше тој кој со години го местеа,зашто неможеше да земе првенство цела деценија? А овие глупости што ги пишува на гол.ком неможам да престанам да се смеам...Џабе вие Џабе! Ако треба нека ги проверат уште 1.000.000 пати пак нема ништо да најдат дека сме чисти ко суза.Според мене ова е само очаен обид да се спушти Интер од доминантноста што ја има во Серија А.веке 3 години имаат добро уигран тим,и ретки биле моментите кога се ваделе во 90 мин,Џабе ако Милан и Јуве го тепаат Интер сега кога неможат ни бод да извадат со Реџина или Удинеџе...така да не верувајте во се што ке прочитате,:helou:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Доволен ми е фактот што е на клипот, сеќавањето на тој натпревар, и “скромното“ искуство од висење по фудбалски тренинзи и натпревари од секаков ранг во последниве 20 години. Доволно ми е за да разликувам наместен меч од меч во кој се гине на терен до последна минута. Пенал кој се шутира да се погоди и да се промаши. Имам очи и мозок да размислувам.

Немам намера да барам нови факти, се што имав да кажам околу ова кажав и во иднина кога ќе се покрене дискусија околу овој меч само ќе го пастирам клипот и кој сака нека си погледа и нека си размисли. Затоа е главата.

А за наместени мечеви? Ги казнија Милан и Лацио пред некоја година? (заедно со Јуве). Ги казнија. Следната година, последно коло, Милан со Реџина и Лацио (не се сеќавам со кој), наместо фаворити, коефициентот 1.20 за да изгубат. Загубија? Нормално. Никому влакно не му фалеше башка и си фативме нешто ситно во кладилница.

Последно коло во Италија секоја година? Кому што му треба. Блокирани во сите кладилници во светов...

Тоа се наместени натпревари. Овде немаше ни “н“ од тоа.

И на крајот, индивидуалец секогаш може да проба да шитне натпревар. Пред некоја година казнија неколку фудбалери од Аталанта и незнам кој клуб беше, затоа што уплаќале во кладилници и пуштале да падне гол. Пред Калчополи мислам дека беше ова ме мрзи сега да барам по Интернет. Клубовите не одговараа за тоа, заради тоа што е индивидуален акт. Ако Манчини или било кој играч пронал такво нешто и се докаже, тие ќе го кркаат. Интер може да го крка само ако управата е замешана во некој скандал. Но се е тоа хипотетички, затоа што снимките од „лице место“ не одат во прилог на заговарачите.

Патем, имате вие некој аргумент освен бујната фантазија и времто што ќе покаже нешто? Ако е така чекајте времето да покаже и не не замарајте со вакви трачеви од срање.ком и платените милански медиуми.

Со видео снимки не се докажува ништо, тоа се релативни ситуации кој како сака ги гледа и не можно да се најде кривец(Данска Шведска 2:2 Европско мислам беше) ама ако постои снимка на Манчини со тој мафијаш со јасна содржина тоа е колективна одговроност и Интер го јаде како целина, а после одговорност нека си бараат од Манчини, он беше тренер влијателна авторитетна функција(на хартија) е тоа што влијае на игра, не беше некој играч од клупа од Бурсаспор што врти со “дојави’’ во Спортлајф недела сабајле :)
Не се докажува ама се гледа. Данска - Шведска беше апла наместен меч и малите деца го видоа тоа. Што гледаш ти од мечот Интер - Сиена?

Како јебига Интер ќе има колективна одговорност затоа што Сиена извади 5 топки од гол црта на крајот на мечот? :tapp:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.092
Поени од реакции
45.987
Зашто се повторуваш цело време? Немаш факти повеќе или..? Неможеш да убедуваш луѓе само ако ти мислиш дека си во право. Дур има сомнежи дури и да се измислени од непријателот мора да има барем некој процент во сето тоа. Ете примерот со Јуве. Со години се викаше дека местат, и сите викаа нема шанси ова она. И ги фатиа конечно и си добиа соодветна казна. Времето ке докаже кој е во право. А јас лично не би сакал да биде сето ова вистина зашто го обожавам Калчото и со овој скандал ако биде во право, повеќе нема да доаѓаат квалитетни играчи во него и би се намалил квалитетот. Но ако веќе е вистина, казната се знае.
А ти кои факти ги пружи ? Иако ова не се однесуваше ваљда на мене, еве ти еден факт, даден у самото обвинување од медиумот на Берло, Манчини имал контакти со локален мафијозо, исти такви контакти на индивидуален план имале голем број на други играчи во Италија и воопшто во Светот, казна никогаш не следувала за тимот, индивидуалните суспензии се активираат во вакви ситуации .
Најлошо во една ваква ситуација може да помине само Манчини, да биде казнет и да добие забрана за работа на одреден период, трето и да сакаш нема .

Ако гледаш од вчера фудбал, тогаш верувај во нешто вакво, ако не ондак ке си речеш, Шведска - Данска изиграа очигледно реми од 2 - 2 за да ја исфрлат Италија од група, УЕФА се направи на тошо . Рома - Лацио изиграа очигледно реми 0 - 0 за кое медиумите говореа две недели пред истото, Фудбалската Федерација не најде доказ преку видео снимките дека бил наместен резултатот .
Тука кажав што говорат фактите, и за повредата на Ибра која цел Свет ја виде, и пенал - историјата на Матераци, која е доста успешна .

п.с. Сега го читнав и постот на Пејо, нц, пак одговорноста ке падне на Манчини, играч на Сампдорија мислам беше, првотимец, беше казнет индивидуално поради давање на препораки за тип на својот тим, а како првотимец има директно влијание на резултатот, без разлика на позицијата на која игра . Ова се деси пред Калчополи али не ми текнува која година .

Башка, еве ти ситуација на суд, 22 играчи тврдат дека Манчини не им дал препораки да местат, де факто играта беше иста со сите тимови, невозможно е да се докаже истото, тоа е муабетот, затоа реков, ако некој го јаде, тоа ке биде Манчини поради несоодветната комуникација, иако ке следи и неков демант деновиве .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom