Голем проблем е што психопати се и политичариве (не зборам за една партија туку сите на куп) да не заборавиме дека пред неколку месеци вода им ставаа во лековите на луѓето што се лечат од рак ја би ги стаил во ист кош со убијциве...
Епа случајов ти покажува каков тип на луѓе формирааат партии кај нас, луѓе од пред кооперација, абдали. Кај нас здрав човек нема партија, овие тројцава дегенерици што киднапирале девојче за пари имале партија.
Имаше коментар погоре што ми се допадна, и што е единствениот што држи вода. Логиката на случајов е нејасна, и МВР треба што поскоро да искочат со информации дека кај нас доколку не се добие информација моментално, јавноста сама си формира непроверени информации и после чкљ медиуми како курир и инфомакс ги објавуваат.
Се на се, еве ги проверените теории до сега, а недоговорени прашања повторно ќе има. Се собирале група на фаци од пред кооперација и Палчо, кои имаат и своја политичка партија btw, и прават луд план за киднапирање на четрнаест годишно девојче, внука на лик од Скопје кој наводно во минатото имал проблеми со нив, а и имале насетено дека фамилијата дошла при пари периодов. А да, му ја земаат и колата у спат на пензионерот од Велес и го ликвидираат затоа што им дужел 500 евра, и него им е у план да го наместат и за киднапирањето на Вања. Истото возило од ликвидираниот лик го користат да дојдат во Скопје и да си го егзекутираат планот.
Потоа го киднапираат девојчето и се упатуваат кон Бразда, кај што живееле родителиве на Палчо, и им се дешава некое срање у меѓувреме, безразлика, девојчето се угушило во гепек, ги видело ликовите и испаничени во моментот дека ќе ги идентификува, или дала премногу отпор кога неочекувале; Аматерите, немаат друг избор освен да го убијат девојчето. Го ликвидираат на лице место, во скопски Орман и ја палат колата со цел да прекријат траги.
Е сега истиве испаничени аматери, ден после после убиството, си продолжуваат да прават подкасти на фејзбук со почитички содржини ?
Што сугестира и дека ликовиве не се баш аматери туку добро уиграни па вакво нешто направиле и претходно, ако е така зашто го убиле девојчето без никаков ќар? Или пак сите тие биле некако изиграни од овој Палчо што е единствениот од нив што претходно имал некакво криминално досие. А пак ако е така, како во МВР сите овие дале иста изјава, што сугерира на првичната приказна.
Фалат информации пренесени од ОЈО и МВР и целава случка е оставена на шпекулации од јавноста на што треба да се воздржиме. Татково последниве денови иако сеуште негира поврзаност го линчуваа на социјалниве мрежи. И иако да, изгледа како таткото да е вмешан. Треба да се воздржиме, човекот има уште една ќерка, што ако стварно не бил умешан? Тоа што направил лајкови со палците пред обвинителство не кажува ништо. Можеби жена му стоела надвор меѓу новинарите.
Целиот случај има дупки, и во првичната прес-конференција на обвинителот и Спасовски, личеше како тогаш да им е целосно нејасно мотивот и случката и на МВР и обвинителството но мораа да искочат со некаква информација дека во јавноста се и сешто се ширеше. Да се надеваме дека досега расчистиле некој аспекти од случајот и дека осомничениве уште збореле, па ќе ни дадат и на нас нешто повеќе инфо.