I ti brat, pa mnogu lutas vo izborot. pocna so BMW pa Merc, pa VW, japanski i na kraj kinezi. Mercedes poseldnive 7-8 godini ne e mnogu pokvaliteten od drugite evropski, edno tie namalija i drugo ostanatite podignaa. Sepak toj bi trebalo da trae najdolgo zatoa sto e poskap, ne se stedi na sekoe strafce i najbitno od se, vozac na Merc e drug tip od vozac na BMW ili Audi. Sepak ova se proseci, se zavisi od konkretniot slucaj. Ako prvoto BMW sto go spomna e so realni 150.000 i dobro odrzuvano (a ova vazi iz abilo koe polovno), ke te tera uste 100-150 bez pogolemi problemi.
A spored ovoj tvoj posleden napis ( ниту имам време ниту нерви да се бркам со сервиси, а најлошо да останам без кола со недели , на овие возила тука нема да му искористам ни пола од реалната моќ. Автопатите се лимитирани на 110км/ч, плус нон стоп има гужва и пола време се вози по 60-70, Најбитно ми е да е автоматик, колку толку комфорт на седишта, adaptive cruise control ќе биде топ, блутут и да е тивка внатре ,,,) najmnogu ke ti odgovara ponov japonec, Tojota, Mazda, Honda pa i nekoe korejsko.
Друже јас тргнав по следна логика:
Колку пари сакам да потрошам? -макс 20к со пренос и данок, или 17-18 само за колата (кеш го земам, не би трошел повеќе, ако одам до 30к ќе земам нов Mitsubishi Eclipse Cross 35k, или Haval H6 пак околу 30че. Ова можам и преку фирма, и ќе ми вратат данок 10%)
Што сакам од електроника која би ја користел?
-Tоа што пишав погоре, и да има повеќе гаџети прашање дали ќе си играм некогаш со нив.
Колку да има поминато?
-пробувам да најдам од 70 до макс 120к, али ако е добро одржувана би земал и со 150к. Со тековно темпо на возење за 3 години таа кола ќе има уште 100-120к згора на сегашната километража.
Со овие филтри, без да ставам модел, налетав на тие што ги поставив со слики. Видов уште неколку други, ама не ми се допаднаа.
Корејците некои ги фалат, некои се жалат. Има луѓе кои пиштат дека им изгорел цел мотор на Sportage, исто и кај Cerrato (а гт моделот има многу добра линија и снага), од Хјундаи исто.
За Хонда се изненадив, доста поплаки по нет за поновите модели, што кај автоматскиот менувач што кај електрониката. Таму само ако налетам на добар Акорд.
Овде се крстат на Корола и Камри, ама на изглед ми се тапа, и многу ги возат, најчесто имаат по 180-200к, ретко да најдеш со по 120тина, држат цена кога ги купуваш, држат кога ги продаваш.
Мазда се ок, само 6 ката ретко ја има на продажба, единствено имаат мака со бојата (не само овие, сите јапонци), и тек тук по нешто друго на мотор и електроника али се е достапно од делови и прилично брзо за промена, сите механичари ги отвораат.
Мазда 3 ја има доста, држи цена, ама се наоѓаат примероци од 2017 со под 100к км, тесничка е назад и помала од другиве, али издржлива и 2.5 моторот нуди доста снага за таа тежина на возило. Имаат и многу опрема, далеку повеќе од другите јапонци со иста цена.
Mitsubishi ASX ми е апла досадна кола, инаку ова е магаре, се наоѓаат 2016-2017 во мој буџет и тоа со поминати 50-60к, и ефтина е за одржувањ. Влегов во една, многу тесно внатре, бучна е на автопат и опремата ме потсеќа како да сум во возило од 2005та.
VW и Шкода ги има повеќе од европските модели и се крстам во моментов на пасат 132tsi, мислам дека е ок. Единствено што прочитав кај овие е да се провери добро DSG во која состојба е бидејќи ако рикне е апла скап дефект. Кај б8 исто читав поплаки дека е тесно кај моторот, и поправките земаат многу повеќе време што дига на работна рака.
118tsi ги има многу повеќе, ама од овие се на жалат повеќе.
2.0 тди се поретки (и општо дизели нема), има CC верзија неколку модели во близина и тоа со едно чудо опрема, ама не знам дали се ок, сите се од 2012 до 2014.
Мерцедес и БМВ има ретко, почесто се наоѓа Ауди од премиум германски марки, ама за нив ретко пофалби. И кај овие најмногу се жалат за делови и цена на сервис.
Сума сумарум е тоа, пробувам да најдам најдобра опција: цена на возилото/комфорт/издржливост/цена на сервиси и потрошувачка/колку ќе изгуби на цена за 2-3 години.