- Член од
- 22 декември 2018
- Мислења
- 512
- Поени од реакции
- 718
Нема никаква споредба со Албанците, 10 класи се за оваа работа.. Соработувам и со нив и знам доаѓаат специјално во Македонија да потрошат пари..Тие муабети беа пред 10тина години и тоа извадени од менталните комуњари кога мислеа дека ВМРО победуваше со гласовите од дијаспората. Јас знам дека Македонците се на иста страна, ама ретки се тие наши дијаспорци кои ќе фатат авион и ќе дојдат да гласаат во родниот крај. Пример види што правеше племето за во Кичево да го изгласаат Дехари.
Знам дека не се сите дијаспорци такви, ама генерално ако гледаме 95% од нив никој повеќе не се замара со Македонија и со народот тука. Никаква помош не праќаат од таму, особено оние од Австралија. Цел живот се таму и доаѓаат со донација од 1000 евра за некоја хуманитарна помош во Битола, ова сега беше брзо. Уште па се сликаат со чекот. Срамота е тоа ние тука од Кајгана да се собереме секој по 1000 денари да даде ќе ја собереме истата сума, не за џабе К15 ги зафркаваа во 90тите со скечот, 10 долари сум дал за Македонија ако треба уште 10 ќе дадам, ама затоа знаат да лупаат илјадници долари на Спасен Сиљановски и Анета Молика да им отидат да им свират. Нашата дијаспора генерално гледано е мртва, успана, не сака да помага за разлика од племенциве, кои истураат брда пари овде, си помагаат еден со друг, све ќе направат да повлечат уште некој горе да работи да прави пари. Нашите ако му спомнеш абе да дојдам да поработам исто како да си му брцнал у очи. И пак ќе ги земам оние од Австралија за пример, сопствени браќа сестри немаат повлечено, а таму се по 50-60 години, све нешто им е тешко, све едвај преживуваат, а не па они за Македонија ќе ти се замараат да доаѓаат да гласаат.
Последно уредено: