Политички случувања во Израел

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.638
Едно е да те нападне терористичка организација, а друго е да те нападне држава. Во случај кога Иран би го нападнал Израел ваљда си свесен за последиците што може да бидат од тој напад врз Иран. Сличен проблем имавме ние во 2001 година, затоа и официјално никој не го нарекува војна тоа туку конфликт, затоа што бевме нападнати од УЧК како паравоена организација, а не војска на одредена држава, иако нели сите знаеме како стојат работите и за чија кауза се одработуваше и одработува и ден денес тоа.

Затоа доаѓа до забуни и до глупави претпоставки дека Иран можел да го нападне Израел, бла бла бла. Види, технички и Мексико може да ја нападне УСА ама последиците по нив би биле фатални. Истото е и со Иран, они може да извршат воени операции и напади врз Израел, ама потоа ќе си ги сносат последиците кои нема да бидат ни малку пријатни.
Што ако Иран не го нападне Израел туку ако продадат оружје на некои трети странки кои тоа оружје го проследат до Хамас? Тоа би било поиндиректно помагање од ова например САД и ЕУ вазалите што го прават во Украина, со сателитски податоци и со авакс авиони, со инструктори па и со платеници. Не само помагање со оружје.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.325
Поени од реакции
113.472

Па тоа го направи Иран сега уствари, нормално неофицијално али и ја и ти и врапчињата на гранка знаеме дека Хамас беа помогнати од Иран и останати муслимански сојузници со логистика и оружје. Пишував на почетокот на конфликтов дека нема шанси Хамас без поддршка и логистика од надвор да изведе ваков напад. Ама пак ништо не може да се спореди со директен напад од страна на Иран кон Израел како држава кон држава. Колку и да дава и пушта Иран логистика за Хамас не може да дава во таа мера за да го поразат Израел како земја, армија, сеедно. Со вакви акции како онаа на Хамас од 7 октомври може само да го налутат Израел, да им го одвлечат вниманието, али повеќе тешко, особено ако знаеме дека САД стои позади нив како поддршка.

Директен напад на држава е она што го направи Русија, ја нападнаа Украина и затоа е окарактеризирано како војна иако Русите го нарекуваат специјална операција. :D
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.638
Тоа беше прашање, не одговор.
Не. Тоа беше прашањето кое треба да си поставиш... Кој профитира. Јас не гледам дека Турција тука повеќе профитира од Израел. Засега никој не профитира повеќе од Израел, и не гледам дека тоа ќе се смени - или барем не без интервенција и голема ескалација.

Arrow-4 е одбраната на Израел од оружја што имаат брзини над 5 маха (егзо атмосферски, нормално).
Прашањето е дали Иран има такви боеви глави.
Бидејќи векторот на напад е еден, а и растојанието Иран-Израел е константно (барем за Иранските ракети), Израел има и оружја (Arrow-3) што може да ги пресретнат балистичките ракети на сред лет.
Трк тогаш да им го продадете тоа на САД, пошто тие сеуште немаат одбрана од хиперсонични закани... Псст: Немаат ни Израел, ама САД тоа не го знаат. Може ќе ти поверуваат.

-Израел има ПВО што соборува гранати. Комерцијални дронови не само што се лесни за соборување со Iron Dome, туку се многу подложни на електронско попречување. Особено на таа мала територија. Комерцијални се, како што Хамас шверцува секакво оружје, можат да имаат илјадници такви. Веројатно и имаат, но нивното користење е невозможно против Израел.
Не сакам да мислам дека си глуп и ќе претпоставам дека мислиш на средни и големи дронови како иранските Доритоси. Не. Зборуваме за мали фпв дронови... Кој дел од FPV не го разбираш?
Никаков ПВО засега не се справува успешно со мали фпв дронови, тоа само со електронско војување. Дали тоа Израел го има, и колку самото тоа е ранливо во урбана средина - тоа не го знаеме затоа што Хамас немаат такви фпв дронови (не во било какви значајни бројки).

Еве ги моментално најевтините среднодометни дронови на РФ. На Палестинците им требаат ултракраткодометни (поевтини верзии).

Автоматски споено мислење:

Па тоа го направи Иран сега уствари, нормално неофицијално али и ја и ти и врапчињата на гранка знаеме дека Хамас беа помогнати од Иран и останати муслимански сојузници со логистика и оружје. Пишував на почетокот на конфликтов дека нема шанси Хамас без поддршка и логистика од надвор да изведе ваков напад. Ама пак ништо не може да се спореди со директен напад од страна на Иран кон Израел како држава кон држава. Колку и да дава и пушта Иран логистика за Хамас не може да дава во таа мера за да го поразат Израел како земја, армија, сеедно. Со вакви акции како онаа на Хамас од 7 октомври може само да го налутат Израел, да им го одвлечат вниманието, али повеќе тешко, особено ако знаеме дека САД стои позади нив како поддршка.

Директен напад на држава е она што го направи Русија, ја нападнаа Украина и затоа е окарактеризирано како војна иако Русите го нарекуваат специјална операција. :D
Очигледно не е така (како што очигледно не разбираш за што зборуваш). :)

- Хамас освен на почеток што видовме пар снимки од ДЏИ мавик дронови (ги имаш во Анхоч) со реле испуштач на мало карго, немаат ни Д од дронови, не па воена класа дронови какви има Иран
- Хезболах не се вмешува, дури изјавуваат дека нема да се вмешаат затоа што Хамас не ги известиле да испланираат

Израел сами кажаа дека нема никакви индикации дека Иран е вмешан (Израел кои постојано нешто серат за Иран). Следно само уште Бајден да каже дека Иран не се вмешани - ама ти и нему нема да му веруваш. :LOL:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.236
Поени од реакции
18.175
Па тоа го направи Иран сега уствари, нормално неофицијално али и ја и ти и врапчињата на гранка знаеме дека Хамас беа помогнати од Иран и останати муслимански сојузници со логистика и оружје. Пишував на почетокот на конфликтов дека нема шанси Хамас без поддршка и логистика од надвор да изведе ваков напад. Ама пак ништо не може да се спореди со директен напад од страна на Иран кон Израел како држава кон држава. Колку и да дава и пушта Иран логистика за Хамас не може да дава во таа мера за да го поразат Израел како земја, армија, сеедно. Со вакви акции како онаа на Хамас од 7 октомври може само да го налутат Израел, да им го одвлечат вниманието, али повеќе тешко, особено ако знаеме дека САД стои позади нив како поддршка.

Директен напад на држава е она што го направи Русија, ја нападнаа Украина и затоа е окарактеризирано како војна иако Русите го нарекуваат специјална операција. :D
Ne e logicno da e Iran, use pa so drugite islamski sojuznici. Iran i islamski sojuznici ne idat zaedno. Favorit e Turcija.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
5.137
Едно е да те нападне терористичка организација, а друго е да те нападне држава. Во случај кога Иран би го нападнал Израел ваљда си свесен за последиците што може да бидат од тој напад врз Иран. Сличен проблем имавме ние во 2001 година, затоа и официјално никој не го нарекува војна тоа туку конфликт, затоа што бевме нападнати од УЧК како паравоена организација, а не војска на одредена држава, иако нели сите знаеме како стојат работите и за чија кауза се одработуваше и одработува и ден денес тоа.
Ми се допадна почетокот - судир помеѓу “терористичка организација и држава“, и сега ме интересира зошто и понатаму не го следиш тоа?
Се однесува на следново, ако нападот на Хамас е за осуда што е со нападот на Израел врз цивилно население, дали и тоа е за осуда или ќе бараме изговор, особено кога знаеме и утврдивме дека Хамас е терористичка орг, а Израел држава, дали државата треба и смее да се однесува како терористичка организација или сепак треба да почитува нешто???

Од профили кои со сите сили наметнуваат исламофобија (како огледалце) не очекувам да ја прифатат разликата ама од другите би требало да се очекува.

По веста дека е потпишано неколкудневно примирје излезе и следнава вест,

има ли потврда за оваа?
Како Израел со се ЕУСА ќе реагира на оваа, ќе им воведе санкции или ќе им фрла атомска...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.638
Oвакви дронови парче би правеле во Газа.

Член од
23 август 2010
Мислења
39.325
Поени од реакции
113.472
Хамас освен на почеток што видовме пар снимки од ДЏИ мавик дронови (ги имаш во Анхоч) со реле испуштач на мало карго, немаат ни Д од дронови, не па воена класа дронови какви има Иран
- Хезболах не се вмешува, дури изјавуваат дека нема да се вмешаат затоа што Хамас не ги известиле да испланираат

Израел сами кажаа дека нема никакви индикации дека Иран е вмешан (Израел кои постојано нешто серат за Иран). Следно само уште Бајден да каже дека Иран не се вмешани - ама ти и нему нема да му веруваш. :LOL:
Ок, небитно, битно имаа помош од трета страна, тоа ми е зборот.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.638
Автоматски споено мислење:

Ок, небитно, битно имаа помош од трета страна, тоа ми е зборот.
Помош во што точно?
Понекој калаш и рпг? Туристички параглајдери? Двотактни мопеди? Водоводни цевки за да си прават играчки од ракети? Па калашите се украински, самите кажаа а другово е вероватно увоз од Кина... Абе Кина да не е позади ова, а? :unsure:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Не. Тоа беше прашањето кое треба да си поставиш... Кој профитира. Јас не гледам дека Турција тука повеќе профитира од Израел. Засега никој не профитира повеќе од Израел, и не гледам дека тоа ќе се смени - или барем не без интервенција и голема ескалација.
Не читаш?
Доби одговор.
С. Арабија и Израел со во насока на стабилизирање на односите.
Тоа е на штета на Турција, Катар, Иран.
Ако ги спречат во тоа, профитира Турција, Катар, Иран.

Што профитира Израел? Политички власта губи поддршка. Моменталната операција само го одложува соочувањето со последиците од првичниот напад на Хамас.

Трк тогаш да им го продадете тоа на САД, пошто тие сеуште немаат одбрана од хиперсонични закани... Псст: Немаат ни Израел, ама САД тоа не го знаат. Може ќе ти поверуваат.
Немаат одбрана од хиперсонични ракети, ама има хиперсонични ракети а?
Хахах.

На твоја жалост, технологија на соборување на ракети што имаат хиперсонични брзини за влез во атмосферата (какви што тврдиш дека има Иран) постои.

Ја развиваат заедно со САД. Хе-хе.

Не сакам да мислам дека си глуп и ќе претпоставам дека мислиш на средни и големи дронови како иранските Доритоси. Не. Зборуваме за мали фпв дронови... Кој дел од FPV не го разбираш?
Хаха, нагласуваш фпв, како да знаеш што зборуваш.
Соборување дронови од различни големини и висини.
Во реални борбени услови.
The Iron Dome is an automated system designed to track and destroy short-range rockets and artillery shells. Israel is the only country operating such a mobile air-defense system on a national level.
Ако може да собори артилериска граната од 155мм, патувајќи со суперсонична брзина, прилично лесно може да собори било каков дрон.

Ај да не користам твои зборови.

Еве ги моментално најевтините среднодометни дронови на РФ. На Палестинците им требаат ултракраткодометни (поевтини верзии).
Сите тие дронови се комерцијално достапни. Мислиш (се сомневам) дека Хамас не се опремил со такви?

Патем, до каде е смената на парадигмата за Израелците, те молам објасни? :ROFLMAO:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.638
Јас гледам дека Израел етнички ја чисти Газа/Палестина. Сите го гледате тоа. Тоа е поважно од било што друго што набројуваш.
Турција ќарува нешто? Не, тоа е само некоја твоја теза (слабо аргументирана). Турција си има свои интереси, ама ништо од тоа што го наброја (дури и АКО се исполни) не ништо во споредба со етничкото чистење на Палестина.

Дефинитивно лупаш глупости, ти покажав примери - ниедно пво не ги симиња оние дронови. Затоа што се директно на бојно поле, помеѓу згради, и премногу далеку од било кој истурен ПВО што Израел би го ризикувале во близина.

А Хамас дефакто нема дронови, барем не во значајни бројки или блиску до нив. Цела војна има само пар снимки.
Ако САД и западните имаат такво ПВО, зарем немаше досега да видиме барем по нешто во Украина? :LOL:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.325
Поени од реакции
113.472
Ми се допадна почетокот - судир помеѓу “терористичка организација и држава“, и сега ме интересира зошто и понатаму не го следиш тоа?
Се однесува на следново, ако нападот на Хамас е за осуда што е со нападот на Израел врз цивилно население, дали и тоа е за осуда или ќе бараме изговор, особено кога знаеме и утврдивме дека Хамас е терористичка орг, а Израел држава, дали државата треба и смее да се однесува како терористичка организација или сепак треба да почитува нешто???
А ти зошто ми ставаш зборови во уста? Дали јас нешто од ова што го кажа ти го реков негде? Напраив само споредба, што е официјална војна, што е конфликт. Ниту го оправдав негде Израел, ниту го осудив Хамас, ниту нешто друго реков, само разлика меѓу војна и конфликт.
Автоматски споено мислење:

Помош во што точно?
Понекој калаш и рпг? Туристички параглајдери? Двотактни мопеди? Водоводни цевки за да си прават играчки од ракети? Па калашите се украински, самите кажаа а другово е вероватно увоз од Кина... Абе Кина да не е позади ова, а?
Друже дај жити се, не ми се праат истите муабети по 500 пати. Во право си како и да е.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.490
Поени од реакции
33.638
Друже дај жити се, не ми се праат истите муабети по 500 пати. Во право си како и да е.
Ама не зезај сега, искажи се - ете не кој, ама во што точно што им било помогнато на Хамас?
Немаат ништо специјално од оружје. Имаат папучи, калаши, по некој рпг од 50-тите, и другото се направи-сам експлозиви и ракети од водоводни цевки.

Освен ако не мислиш на тоа дека ИДФ им помогнал, тогаш се согласувам.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
5.137
А ти зошто ми ставаш зборови во уста? Дали јас нешто од ова што го кажа ти го реков негде? Напраив само споредба, што е официјална војна, што е конфликт. Ниту го оправдав негде Израел, ниту го осудив Хамас, ниту нешто друго реков, само разлика меѓу војна и конфликт.
Ако е така а велиш дека е така, тогаш нема лутиш, само напред.

Ако сакаш уште еднаш што е разликата помеѓу “војна“ и “конфликт“?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.325
Поени од реакции
113.472
Ама не зезај сега, искажи се - ете не кој, ама во што точно што им било помогнато на Хамас?
Немаат ништо специјално од оружје. Имаат папучи, калаши, по некој рпг од 50-тите, и другото се направи-сам експлозиви и ракети од водоводни цевки.

Освен ако не мислиш на тоа дека ИДФ им помогнал, тогаш се согласувам.
Аха важи, и цела Газа е ископана со тунели и минирана со колачи а не со мини изгледа, што знам... :toe: Ако не гледаш дека Хамас имаат поддршка од страна, што од финансии, што од оружје, што од логистика, тогаш не знам што да ти кажам. Знаеш ли колку само финансиска помош имаат добиено Хамас преку крипто валути?
Кои ти се овие муабети дека со папучи се тепале Хамас, Бог да чува и да брани. Така се правел упад на туѓа територија, со папули и тепалце за муви, нема проблем.
Автоматски споено мислење:

Ако е така а велиш дека е така, тогаш нема лутиш, само напред.

Ако сакаш уште еднаш што е разликата помеѓу “војна“ и “конфликт“?
Објаснив погоре, ако си слеп тогаш не можам да ти помогнам.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Јас гледам дека Израел етнички ја чисти Газа/Палестина. Сите го гледате тоа. Тоа е поважно од било што друго што набројуваш.
Турција ќарува нешто? Не, тоа е само некоја твоја теза (слабо аргументирана). Турција си има свои интереси, ама ништо од тоа што го наброја (дури и АКО се исполни) не ништо во споредба со етничкото чистење на Палестина.

Дефинитивно лупаш глупости, ти покажав примери - ниедно пво не ги симиња оние дронови. Затоа што се директно на бојно поле, помеѓу згради, и премногу далеку од било кој истурен ПВО што Израел би го ризикувале во близина.

А Хамас дефакто нема дронови, барем не во значајни бројки или блиску до нив. Цела војна има само пар снимки.
Ако САД и западните имаат такво ПВО, зарем немаше досега да видиме барем по нешто во Украина? :LOL:
Има примери на соборување на дронови од војната во Украина.
Има примери каде Израел соборува дронови. Ги доби погоре на линковите.

Комерцијални дронови може секој да купи. Како што прават масовно Украинците и Русите. Тие што ги гледаш се DIY. Особено Хамас што шверцува се.
Не се запрашуваш зошто не можат да ги користат против Израел? :D

Израел го прави истото во Газа што го правел наназад 15 години.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom