Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Отворено си кажа дека сакаш распад на севернава. То повлекува дека си спремен да оформиш нова република а да ми простиш ти во интелектуала не спаѓаш. Зато крепи или не крепи?
Prosteno ti e cedo moe.
I ke si sedam na strana i ke si grickam semki.
Vie tepajte se, gradete, oformuvajte ;)
 
Комуњарите за 6 месеци повторно ќе бидат на власт овојпат во коалиција со Мицко и компанија плус Дуи само Левица да биде во опозиција.
Не за џабе се рекло “Сложни браќа, куќа градат!”

е само не е речено каде?! Дали на Халкидики или Коста дел Сол…
 
Албанците знаат што сакаат, да се шират и да работат на голема албанија, нашите политичари освен интеграција на друго не мислат.
Ние обичните смртници ако треба ќе гинеме но македонска држава нација ќе има на балканот, а соседните народи можат да пукнат, со векови ќе не гледаат и ќе се нервираат.

Додека игра Македонија они во тирана да си ја бодрат албанија, еве го едно опчество на Заев, не се лутам ги разбирам, ниту се државотворни ниту гинеле нивните претци за Македонија, но што правиме со нашите што ги вградија нив во државава врз грбот на илјадници мртви за независна Македонија? Но бог и народот гледа.
politicari-albanci-aa.jpg
 
Последно уредено:
Албанците знаат што сакаат, да се шират и да работат на голема албанија, нашите политичари освен интеграција на друго не мислат.
Ние обичните смртници ако треба ќе гинеме но македонска држава нација ќе има на балканот, а соседните народи можат да пукнат, со векови ќе не гледаат и ќе се нервираат.
Ова е тоа што е болна точка, не можеш да им се лутиш на Албанците, гледај го дебелиот од Штип како цинично се смее кога крши Крмов а само пред неколку месеци Талат го понижуваше као мало дете на говорница. Таквите како него се проблем кај нас, за жал просечниот Македонец е на ниво на Мицевски, роден за да е понижен на некој во овој случај Албанците.
Добра е што не се ородивме на време се освести малиот наш да раскине :D
 
Нема да имаат многу мандати и можно е ковачевски пак да ги зафркне, не разбираат колку се однародија, за сдс тоа е својствено тие никогаш не сум ги сметал за исти како мене.
 
Prosteno ti e cedo moe.
I ke si sedam na strana i ke si grickam semki.
Vie tepajte se, gradete, oformuvajte ;)
Еретик. Ти не можеш никому да простш, смртник си. Еден простува и суди.
Семкар еден не глуми прв ќе колиш шипој.
 
Не ја следам логиката на комуњарите да го прават ова, уште 6 месеци се власт потоа ќе се спакуваат за вечна опозиција, со ова си наштетуваат себе си во блиска иднина. Па и ДПМНЕ, којзнае што ќе се случи во иднина, за 5-10 години што ако Левица (или Десница или Кајгана) дојде на власт, тогаш ќе биде демократија или ќе биде режим кога тогашната власт ќе си поминува процедурално закони во Парламент без уво да и чуе за мислењето на опозицијата. Цело време се прават преседани немислејќи дека истите тие финти кои ги прават денес ќе им ги прават утре други.
Прашање до сите, без заебанција, има некаква врска законов со уставните измени? Или со некој друг закон? Оти нема шанса да се носи законов без да има некоја позадина, односно без да треба нешто да изгураат СДСМ до крајот на мандатот зашо знаат и самите дека одат во опозиција после изборите.
 
Не заборавај дека комуњарата не е „од вчера„, лукава е, секогаш наоѓа „заобиколен пат„ за да изведе што наумила....така да не е за „изненаѓење„ ако повторно стори некоја лукавштина, со која ќе ја заобиколи постојната законска регулатива, за да стигне до посакуваните им уставни измени по секоја цена.
 
Прашање до сите, без заебанција, има некаква врска законов со уставните измени? Или со некој друг закон? Оти нема шанса да се носи законов без да има некоја позадина, односно без да треба нешто да изгураат СДСМ до крајот на мандатот зашо знаат и самите дека одат во опозиција после изборите.
Не е закон, туку деловник. И не важи за овој собраниски состав, туку ќе почне да важи од наредниот натаму.
 
Не е закон, туку деловник. И не важи за овој собраниски состав, туку ќе почне да важи од наредниот натаму.

Ако е така, тогаш комуњарата се подготвува „уште денес„ за уште еден мандат, во кој ќе докусури се‘ што остана од Македонија...не е тешко да претпоставиме кој им е „грб„.
 
Не е закон, туку деловник. И не важи за овој собраниски состав, туку ќе почне да важи од наредниот натаму.
Знам дека е деловник, закон сум пишал. :facepalm: Ова за дека ќе важи од следниот собраниски состав не знаев, фала ти. Во секој случај криминално лоша одлука која ќе значи множење на опозицијата со 0.
 
APASIEV-2017-720x517.jpg

За нештата да станат појасни. Која беше улогата на Апасиев за да дојдат на власт токму овие против кои сега се бори. Тогаш беа главни воини за Талат да го замени Трајко Велјановски (кои сакаа со шамари, клоци и тупаници да го исфрлат од собрание), дури еве како што пишува и во статусот нешто што подоцна се случи со најстариот пратеник Ферид Мухиќ..

Второ, имаше далеку побитни закони (како тој со Францускиот предлог), деловникот не дека не е битен, но имаше далеку побитни работи) каде Левица беа млаки и безчујни букви и си поминаа глатко во собрание..

Тртето, ако земајќи ги во обзир советниците на Левица по градовиве (со чест на исклучоци) се е исто како вмро сдс - тендери, пари, кафани и швалерај, не верувам дека и на централно би биле нешто различни...
 
Тртето, ако земајќи ги во обзир советниците на Левица по градовиве (со чест на исклучоци) се е исто како вмро сдс - тендери, пари, кафани и швалерај,
Не е така. Јас имам обратен впечаток.
 
Знам дека е деловник, закон сум пишал. :facepalm: Ова за дека ќе важи од следниот собраниски состав не знаев, фала ти. Во секој случај криминално лоша одлука која ќе значи множење на опозицијата со 0.
Баш тоа е поентата, предизборно да се намали поентата малите партии да одат сами. Со овој Деловник на Левица и се џабе и 15 пратеници, најдолг циркуз што може да направи за да блокира закон е 5 дена.
 
Баш тоа е поентата, предизборно да се намали поентата малите партии да одат сами. Со овој Деловник на Левица и се џабе и 15 пратеници, најдолг циркуз што може да направи за да блокира закон е 5 дена.

зошто тогаш постои демократијата? Утре ќе има и некој деловник за уставни измени, па ќе менат устав кога ќе посакаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom