Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Мене најголемата недоумица ми е околу можноста арбитрарно да ви го затворат акаунтот од X причини.

Во последниве 15 години сум прошол 20+ платформи за онлајн плаќање и тргување главно со криптовалути. На неколку од нив имам заклучен акаунт, на една воопшто не успеав да си ги повратам средствата (ситно беше околу 50 евра). Кај сите има приказни со корисници кои што не може да пристапат до своите средства од разноразни причини.

Не значи дека со македонска институција не може да се случи истото, но овде имаш легислатива (колку и да е нефункционална) која треба да ги заштити граѓаните во случај брокерот да пропадне. Исто многу битно имаш пристап до таа легислатива.

Потсетете со со примерот со заробените девизи, јас имав 600 евра заробени девизи од Југославија од детска книшка, што успеав да ги земам во 2011. Исто примерот со Љубљанска банка во Словенија, кај што само граѓаните на Словенија успеваат да извадат пари од пропаднатата банка, а тие од Хрватска и Босна до ден денес чекаат разрешница на меѓудржавни спорови.

Еве ви еден случај, на пример:


Прашањето ми е дали провизиите во МК банки се толку поголеми, за да вреди човек да превземе ризик да работи со странска платформа.

Еве на пример понудата во Стопанска Банка е:

За трансакција од 10000 евра, на странска берза, провизијата е

- 60 евра брокерска такса (0.6%)
- ~25 евра трансакциски трошоци ( 1000МКД + стварни трошоци )

Старателска тарифа е
- 55 евра годишно (0.55% годишно)


Колку би биле трошоците за слична трансакција на Interactive Brokers? Колку што гледам парите на Interactive Brokers се праќаат преку SWIFT, така што во најмала рака ги имаш тие трошоци. За старателски услуги сите имаат горе долу нешто, иако морам да признаам дека 0.55% на стопанска се големи. Сега читам дека Interactive Brokers немаат ништо, што ме чуди, но сигурно имаат нешто месечно/годишно да се плаќа.

Еве го ценовникот на Interactive Brokers:


Според ова, провизиите на Interactive Brokers se

- брокерските услуги може да одат до 1%
- трансакциските трошоци се аплицираат на SWIFT трансакцијата, и се споредливи со тие на Стопанска Банка
- нема старателски трошоци.
-... можеби има уште нешто, да не пропуштам?

Кога ќе го споредам ова со Стопанска Банка, не е така многу поскапо. Стопанска банка ја земам како пример, зашто ми изгледаше дека имаат наједонставен ценовник, да можеш да пресметаш колку ќе те кошта. Колку што видов Комерцијална и НЛБ имаат слични понуди.

По однос на коментарот за работно време? Не разбирам што е проблемот. Дали ќе ги купиш акциите попладне или утре сабајле, ви менува нешто толку? За да ова игра улога, треба да се занимавам со дневно тргување, што не се исплати со вакви провизии... Или можеби грешам?

Кај IB не се плаќа ништо, а ни кај Trading212. Trading212 се во мала предност, затоа што македонските корисници се регистрираат и работат со нивната британска филијала - со Велика Британија имаме договор за избегнување на двојно оданочување, па не се случува неочекувано да ти задржат данок. Теоретски ни IB не би требало да задржат данок, затоа што според американскиот закон, за капитална добивка од продажба на акции не се задржува данок. Но, при исплата на дивиденда од фирмите од кои имаш акции, IB по закон мора да задржи 30% на име на tax withholding за македонските корисници, затоа што Македонија нема потпишано договор за избегнување на двојно оданочување со САД.
 
Добро сега, и јас користам IB и има ситни провизии. Брокерските се најчесто многу ситни (некој 1-3 долара по трансакција, зависи на која берза купуваш). Мислам lostinspace сакаше да каже дека сакал/несакал ако праќаш пари до IB, треба да платиш SWIFT трошоци. Ако повлекуваш, нашиве банки исто имаат некоја провизија (искрено, не сум повлекувал од IB, ама знам кога примам други приливи од странство).

За чување подолго време, мислам дека имаат смисла нашите брокери (каде каде помали старателски трошоци во однос на инвестицискиве фондови на пример). Скапо е купувањето (мислам дека под реални трошоци може да наплатат и трошоци за странски брокер и слично, така да е нешто поскапо од тоа што е наведено во тарифникот), ама ако планираш да ги чуваш акциите подолго време, не е проблем тој еднократен трошок - и трошок од 0.5% или колку и да е за старателски услуги за спиење мирно не е никаков проблем (сепак, јас би ја препорачал Sparkasse банка, многу ми се допадна таму едно типче кога зборував за овие работи и мислам дека они едно време имаа највеќе промет на странски берзи). За почесто тргување со купување/продавање, или тргување со посифистицирани инструменти (call/put опции и слично), мислам дека IB е каде каде подобро решение.
 
Новата препорака од Fortune Finders им е веќе достапна на претплатниците на Patreon страната https://www.patreon.com/wearefortunefinders
Во меѓувреме, еве како им оди на претходните десет препораки објавени од почетокот на септември до денеска. Резултатите во проценти се пораст (или пад) на цената во момент на објава на препораката во однос на вчерашната цена на препорачаната акција. Не е лошо за два-три месеци работа!

#1 // 06/09/2023 // +1.74%
#2 // 13/09/2023 // +1.78%
#3 // 20/09/2023 // +29.62%
#4 // 27/09/2023 // -22.96%
#5 // 04/10/2023 // +3.48%
#6 // 11/10/2023 // +2.58%
#7 // 18/10/2023 // -3.64%
#8 // 25/10/2023 // +16.03%
#9 // 01/11/2023 // +7.98%
#10 // 08/11/2023 // +29.29%
 
Што мислите за нашите инвестициски фондови:

Граве
Вега
Генерали
ВФП
...

Имате исуство со нив... добро, лошо?
 
Што мислите за нашите инвестициски фондови:

Граве
Вега
Генерали
ВФП
...

Имате исуство со нив... добро, лошо?
Сите имаат огромни влезни, а некои и излезни провизии. И провизиите за одржување им се движат околу 2% годишно.
Најдобро ниту еден од овие фондови, инвестирај си сам, одбери си некој добар светски ЕТФ, или американски (S&P 500, Nasdaq итн).
Доколку веќе си се одлучил за инвестициски - WVP (акцискиот фонд). Сепак направи си твое истражување, спореди го приносот на сите фондови, и провизиите како се движат.
 
Ако некој ги прати нашите рејтинзи, добро е да знае врз основа на што се базираат.

 
Сите имаат огромни влезни, а некои и излезни провизии. И провизиите за одржување им се движат околу 2% годишно.
Најдобро ниту еден од овие фондови, инвестирај си сам, одбери си некој добар светски ЕТФ, или американски (S&P 500, Nasdaq итн).
Доколку веќе си се одлучил за инвестициски - WVP (акцискиот фонд). Сепак направи си твое истражување, спореди го приносот на сите фондови, и провизиите како се движат.

И провизиите за одржување им се поголеми, по 3 % плус законски трошоци стигнуваат и до 4%. (Види последни завршни сметко за фондовите).

Влезните провизии им се до 5% и некои наплаќаат цела сума на договор од првата уплата.
 
Корисни алатки за анализа на акции:

 
Најновата препорака на Fortune Finders е објавена денеска. Се работи за компанија од секторот туризам која во следниот период ќе има корист од зголемениот обем на патувања. Препораката, а и сите претходни, може да ги видите на следната Patreon страна:

 
ORCL?!
Автоматски споено мислење:

IBM shorting?! Sto mislite?
 
Последно уредено:
Ајде трејдерии, давајте предлози за инвестинг, каква е ситуацијата моментално???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom