Јасно но барем нека биде бал а не маскенбал, нека ги пратат да гинат кај Авдивка или Артјемовск, или пак горе кај Харков - така барем има некаква поента и ако ништо друго ќе бидат подобро снабдени, поврзани и на подобар терен, тука ги праќаат преку Дњепар освојуваат мочуриште.
Они си знаат кај ќе ги пратат. IMO, кај Авдиивка, или другде на исток, нема да напраат никаква разлика, во контекст колку ќе се гледа на мапа дека вратиле. Ваму, мочварине не се баш исто бранети и ете, плус нов фронт отворија - тоа се гледа на мапа, територии освоија. Сакам да кажам, резултатите тука, можат повидливо да се покажат таму пред некој дом, сенат или кој и да е курац, што одлучува за праќање пари. Еве, прееска беа од едната страна на Дњепар, сега се од другата. Гледаш дека праиме нешто таму, дај пари.
Тоа што освојувањето на мочварине, можеби нема некоја оперативна иднина, нема везе во моментот. Евидентно 2023 офанзивата за пробој и коридор до море, не успеа. Тоа може да ја намали моќта на убедување на домашната јавност во САД. Сега е најбитно да не сопре политичката подршка. Нејзе и треба нешто видливо. Никој неќе да вложува во нешто што не носи резултати.
А и поглобално, на Западот му треба победа. Тука нема да ја најде, а толку многу вложи и изгуби од војнава. Русија дефинитивно, во моментов, не ја губи војната. Не може да се каже дека ја победува, но тоа не е доволно. Толку вложување во падот на Русија, и политичи, и економски, губитоци, а Русија не е на колена.
Мислам дека таа победа можат да ја бараат на Блискиот Исток, кога Израел ќе го уништи Хамаз, што само по себе предизвикува други аномалии во западното, контрадикторно општество, но нема везе, тоа е подлабока приказна. САД последователно, не успеа да ги победи Асад, Талибаните, Русите, сега задњи џокер на Бајден, пред избори, му е носачине што ги довлечка и таму ваљда ќе има резултати.