Можам да ти наредам тука илјадници примери кои ќе потврдат дека не си во право.Не секогаш службите ги создаваат криминалните организации,а и многу често поновата историја покажала дека немале моќ да се справат со ваквите појави.
Дури и КГБ во својот пик си имал невидени проблеми со организираниот криминал во 80-те.Не знам дали знаеш,во тој период КГБ бара помош од ФБИ затоа што никогаш претходно немала искуство со такви појави како сериозен организиран криминал.
Пази,правиме муабет за КГБ,страв и трепет помеѓу тајните служби во студената војна.
Друг пример,почетоците на некои руски организирани групи датираат токму од нјсуровите и најтоталитарните времиња-Сталинистичка Русија.
Дури и НКВД не била во целост моќна да се справува со ваквите организирани криминални групи.
Организацијата на Пабло Ескобар? Кали картелот?
Примери има колку сакаш.