Може ли сурс да ставиш за ова што си го пишал горе? Членот горе е у право за подготовките кои беа се само не подготовки, само профит, не се ни знае дали Ерик бил консултиран па и доколку бил кој бил одговорот, подготовки у Тексас ебате на 60степени ,преку еден ден мечеви,Потоа катастрофален трансфер период, заминувања и нови играчи,и тоа ти е кога не можеш ѓубрето да го исфрлиш,не можеш даа го играш тоа што сакаш. Тоа е мое субјективно видување на ситуацијата.
За подготовките, тоа каде ќе се патува, колку, што како ќе се дешава, колку што знам тренерот не се прашува многу, можда и воопшто. Знам и други тренери, мислам Клоп и Гвардиола, се имаат жалено предходно што мораат да одат на подготовки и да менуваат по два континенти понекогаш, Азија и Америка, па се враќаат во Европа. Не можам сеа да се сетам кои играчи се отсуствуваа од подготовки, ама во секој случај повеќето се вратија на старт на ПЛ во недозволиво очајна физичка форма. Она и да не постои тренер, кондиционен тренер, цел стручен штаб во тимот, професионален играч не смее да си дозволи да се врати во таква оајна форма после пауза. Освен Варан, Бисака, Антони и Шо, сите други беа катастрофа. Од тука и претпоставувам се купот повреди, плус стандард Шо и Варан кои се повредуваат ко од шала. И повредите и физичката спремност сепак не се најголемиот проблем. Најголемиот проблем се крлежите неспособни набутани во екипата и во управата. Ова што го гледаме сезонава, им го направија и на Мурињо, па на Оле, па на Рагник, па еве и на Тен Хаг. Замисли, нашиве "ѕвездетини" праат бунтови зошто тренерите не ги играле, или ги критиувале јавно, после милион дадени шанси, праат бунтови зошто не сакале да си одат од тренинг у темница, зошто тренерот ги казнувал за недисциплина и каснење на тренинг, зошто тренерот ги строел и ги казнувал после мизерни преформанси, зошто тренерот барал дисциплина и ред, зошто бил престорг према нив. Абе Господ да се симне, Гвардиола, Клоп, Анчелоти, Фергусон, Венгер, да се спојат у едно, после година дена истото ќе им се деси ко и на Тен Хаг сеа, Рагник, Оле, Мурињо. Јас сум за попрво сите до еден да се избркаат играчите и неспособната управа, него ли Тен Хаг да се мења, иако сите мислам сме свесни дека многу веројатно му се одбројани деновите. Мегваер, Линделоф, Еванс (едноставно нема што да бара у ПЛ), Дало, Бисака (ако не сака да биде резерва), Мек Томинеј, ван дер Бек, Бруно (базирано на сезонава, огромно разочарување, а не е за капитен, катастрофа однесување на терен од секогаш), Ериксен (ништо лошо, само е веќе потрошен играч), Рашфорд, Санчо, Марсијал, се ова треба да лета од екипа, макар играле со младинци. Тоа ти се 10-12 играчи кои треба да летаат и се темел на секој проблем у соблекувална. Поготово овој англискиов клан. Се дур Јунајтед не се отараси од набројанив канцер, со исклучок на еве Бисака и Бруно (кој мора понашањето на терен драстично да го промени), истава приказна ќе ја гледаме со кој и да е нов менаџер.