jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.499
- Поени од реакции
- 27.318
Цела оваа ситуација воопшто не е добра по Израел. Горе доле Израел ќе ја изгуби солидарноста на обичниот човек после ова што се случува. Тоа што се Хамас неспремни за општа војна, не значи дека Израел све ова го сценирал. Ова е некој кој многу добро ја има пресметано политичката ситуација во Израел, и некој кој многу добро знае дека Биби би загризал за јадицата. Исчистена Газа би значела непријателство на многу долги патеки во Исламскиот свет.Израел.
Без разлика што дефакто се западна алатка за divide et impera, Израел сепак имаат голема независнот во одлуките (или барем така е во рамки на просторот за делување кој им е оставен).
И дап, рано да се каже но извесно е дека Иран/РФ не се вмешани. Египет не, затоа што и САД не се позади ова. Иран/РФ не се затоа што гледаме колку Хамас се воено неспремни. САД не се затоа што во моментов воопшто не им одговара разгорување на тој воен театар. Турција? Веројано не, и веројатно воопшто нема директен трет подржувач... Повоторно, затоа што е очигледно колку се Хамас воено и технички неспремни. Мислам дека сите ги гледате поставеноста и тактичките групирања на Израел. Истите сега да ги префрлат во Украина да се борат против РФ (па дури и против Украина), со таква поставеност ќе бидат уништени. Хамас да беа опремени и спремни, досега Израел ќе имаа големи загуби. Но немаат. Затоа што Хамас не се ни опремени ни спремни. Што покажува дека никој поозбилен играч не стои позади ова, дури ни Турција.
Вчера/синојќа - прв војник на Израел погинат за сите овие денови. Тоа што единствените тенкови и човечки загуби ИДФ ги имаа во првиот ден - ни покажува повеќе од веројатно дека загубите се намерно жртвувани заради касус бели. За чистење на Газа што дефакто се случува, а како што гледаме се случува и на Западниот Брег (толку за учинокот на умерениот притстап).
Затоа мислам дека ова што се случува е гамбит на Израел, и тоа најмногу на Нетанјаху и Ликуд (и општо десницата/ционистите). Изгледаше како дека дури и САД беа барем делумно затечени, не знам дали само од тајмингот или општо.
Пак ќе кажам, Хамас, не е креиран од САД, ниту од Израел, неговата идеологија е далеку пред да постојат и САД и Израел. Како што Хамас ги закопаа СССР и СФРЈ, така ќе ги закопаат САД, а најверојатно и Израел. Хамас не е пријател на Палестинците, туку нивни узурпатор. За палестинците, Хамас е поголем непријател дури и од Израел. Хамас е дел од глобалната мрежа на исламисти, во која спаѓаат, Боко Харам, Абу Сајаф, Исис, Исламски Џихад, Ал Каеда, и њима слични. Хамас во Сирија се бореше рамо до рамо со овие организации, против Асад, Хезболах и Русија. И тие не се ничив инструмент, туку се најголемите опортунисти во денешницата. Тие истите беа сојузници на Хитлер, па сојузници на СССР и СФРЈ, па после на САД.
Ова што се случува е дел од поголема игра, која набрзо ќе ја видиме. Не за џабе официјална Русија сеуште стои на страна и повеќе од осудување на насилствата и повикување на мир, не се осудува ништо друго да каже, и покрај тоа што дефакто солидарноста е на страната на Палестина.