Политички случувања во Израел

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.719
Поени од реакции
33.958
Не е поентата дали имало холакауст во ВСВ, туку дека не бил еврејски туку бил општа човечка трагедија (а ако веќе мора еден етнос да се издвои, тогаш тоа најмногу било словенска трагедија). Тоа и моментот дека случувањата во ВСВ никако не биле изговор за да ја земат Палестина од Палестинците.

Ова ти е исто ко ја да се инаетам дека Коби не играл во Лејкерс туку во Далас.
Не. Ова е како да играш баскет во Карпош Соколи, и да мислиш дека можеш да играш фудбал во прва постава во Интер (суптилно подбуцнување на ај-оу). :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.386
Поени од реакции
113.839
Не е поентата дали имало холакауст во ВСВ, туку дека не бил еврејски. Тоа и моментот дека никако не бил изговор за да ја земат Палестина од Палестинците.
Епа каков бил холокаустот бе брат? Значи не зборуваме за сите жртви во текот на целата ВСВ, зборуваме стрикно за холокаустот. Или ај еве подобро формулирано, кој народ имал најголеми жртви од холокаустот?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.719
Поени од реакции
33.958
Словените. Во секој случај Евреите се којзнае на кое место. Не ги прочита бројите од Берик и таксистот? Еврејските жртви се изразени во едноцифрен процент од вкупните цивилни жртви во ВСВ. Можеби. Ако ги земеме како точни шпекулациите со наголемите изнесени бројки во нивна корист, а извесно тие бројки се помали.
Автоматски споено мислење:

Но тоа и не е главната поента на муабетов. Главната поента е моментот дека случувањата во ВСВ никако не биле изговор за да ја земат Палестина од Палестинците. Разбираш сега?
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.386
Поени од реакции
113.839
Но тоа и не е главната поента на муабетов. Главната поента е моментот дека случувањата во ВСВ никако не биле изговор за да ја земат Палестина од Палестинците. Разбираш сега?
Па и ја го пишав истово али ајде, дека не оправдувам никакво сегашно однесување за некое зло што им се случило пред 80 години. Не поврзувам ништо, само коментирам за холокаустот, капираш?

Бројкиве што се? Вкупен број на жртви или жртви од холокаустот? Иначе не перцепирам постови од глупаци како Таксист затоа што на Википедија јас можам да напишам што сакам и некој извесен Петко да го земе тоа како доказ, како и што уствари се прави на форумов.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.719
Поени од реакции
33.958
Епа неможеш ни холакаустот ни ништо да го гледаш во вакуум и изолирано од се што се случува. Тоа е рецепт за погрешен светоглед. И дозволување на трети интереси да те водат за поводник. Светоглед се формира со гледање на целата слика, целата слагалица. Ти практично се фокусираш на едно парче на слагалицата и тоа некој намерно го искористува за да формира мислење - не во твој, туку во нивни трет интерес.
Следствено, прашањето е зошто некој сака за Евреите да мислиш како за жртви дури и ден денес.



1698144661922.png
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Како мислиш „погроми не ти влијаат“ ако во меѓувреме цели реони се исселени помеѓу пописот и ВСВ? На пример ако голем дел од Евреите од Украина емигрирале за Турција (на пример, не знам точно) или за друга држава, зарем тоа нема да влијае на твојот паушален алгоритам за наводни еврејски жртви од Украина во ВСВ?

Нејсе. Значи колку се маргините на грешка, 20% по тебе?
Моментот што треба да го видиш е - колку тешко шпекулативни се тие бројки.
Пописот во Украина ти е во 1941, пред да почнат чистките. Не се тешко шпекулативни, туку ти шпекулираш. Убаво се попишани сите и евидентирани се настаните кои ти ги посочив.


Сакам да кажам дека тие милиони евро-јудеисти кој денес се нарекуваат Евреи (а не се Семити), дека тие однекаде дошле во Израел. А за да можат да дојдат, требало да бидат живи (и неубиени од Германците).
Дошле и од арапските земји. Во сите арапски земји имало Евреи кои после војната заминале од таму во Израел. Денес нема веќе Евреи во арапските земји.

Мака ми е веќе да те цитирам ред по ред, еве на кратко:

- Не е ова дискусија за соодносот на жртвите. Ти си единствениот на темава кој форсира за сооднос на жртви. Ние зборуваме за Еврејскиот холокауст. Никој не ги негира останатите жртви.

- Никој не негира дека настрадале повеќе Словени од Евреи. Која ти е поентата? Дека само за Евреите слушаш? Те нервира тоа? :D Ти кажав во еден пост поназад зошто слушаш за Евреите а не слушаш за Словените. Овде само би додал дека Евреите се обединети додека Словените се убиваа едни со други. Хрватите со Србите. Украинците со Русите. Ние овде со Бугарите. Пољаците со сите :D И ден денес Словените очи не сакаат да си видат.

Да, има многи повеќе Словени жртви но дел беа на погрешната страна, се убиваа меѓусебно и најголемиот дел беа Руси, војници или цивили при одбраната од Германците.

И на крајот, два пати спомна дека на Израел му дале држава додека на Словените не. Очигледно, Словените веќе имаа свои држави. Не знам зошто го форсираш тоа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.719
Поени од реакции
33.958
Пописот во Украина ти е во 1941, пред да почнат чистките. Не се тешко шпекулативни, туку ти шпекулираш. Убаво се попишани сите и евидентирани се настаните кои ти ги посочив.



Дошле и од арапските земји. Во сите арапски земји имало Евреи кои после војната заминале од таму во Израел. Денес нема веќе Евреи во арапските земји.

Мака ми е веќе да те цитирам ред по ред, еве на кратко:

- Не е ова дискусија за соодносот на жртвите. Ти си единствениот на темава кој форсира за сооднос на жртви. Ние зборуваме за Еврејскиот холокауст. Никој не ги негира останатите жртви.

- Никој не негира дека настрадале повеќе Словени од Евреи. Која ти е поентата? Дека само за Евреите слушаш? Те нервира тоа? :D Ти кажав во еден пост поназад зошто слушаш за Евреите а не слушаш за Словените. Овде само би додал дека Евреите се обединети додека Словените се убиваа едни со други. Хрватите со Србите. Украинците со Русите. Ние овде со Бугарите. Пољаците со сите :D И ден денес Словените очи не сакаат да си видат.

Да, има многи повеќе Словени жртви но дел беа на погрешната страна, се убиваа меѓусебно и најголемиот дел беа Руси, војници или цивили при одбраната од Германците.

И на крајот, два пати спомна дека на Израел му дале држава додека на Словените не. Очигледно, Словените веќе имаа свои држави. Не знам зошто го форсираш тоа.
Дап заморно е. Затоа што ја игнорираш поентата. Ај што упорно ја игнорираш туку па уште и прашуваш „која ми е поенетата?“ :)
Ок, еве ја уште еднаш поентата: Моментот дека случувањата во ВСВ (кои и да биле, какви и да биле) пак никако не биле изговор за да ја земат Палестина од Палестинците. Но случувањата од ВСВ намерно се нарираат во наратива за Евреите како единствени жртви (не се) и најголеми жртви (не се) и како вредни за жалење за веки веков (не се).

Така да ете ти ја поентата, скоцкана во јасна теза за да ја напаѓаш колку сакаш. Настрана што и тоа е само дел од целата слика, но за тебе и повеќето е многу голем и значаен дел.

И не, не можеш холакаустот ни да го наречеш еврејски ни како Стефан да го гледаш изолиран во вакуум како да не е дел од големата слика. Како тие слепите од сликата погоре со слонот, си се фатил за сурлата и мислиш дека си фатил змија. :D


едит
П.С. Се фатив себе си како читам за пописи во Украина и си реков „стоп, доста е“. :LOL:
Само сепак кога веќе сме таму, не - немало попис во 41ва. Имало во 39та последно пред ВСВ. :D
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Никој не негира дека настрадале повеќе Словени од Евреи. Која ти е поентата?
Бидејќи е форум и не потребна покана за вклучување во дискусија, еве јас ќе одговорам за тоа каде ја гледам поентата.

А таа е да се престане со злоупотреба на жртвите на јудејската популација за одбрана и оправдување на ционизмот!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Дап заморно е. Затоа што ја игнорираш поентата. Ај што упорно ја игнорираш туку па уште и прашуваш „која ми е поенетата?“. :)
Ок, еве ја уште еднаш поентата: Моментот дека случувањата во ВСВ (кои и да биле, какви и да биле) пак никако не биле изговор за да ја земат Палестина од Палестинците. Но случувањата од ВСВ намерно се нарираат во наратива за Евреите како единствени жртви (не се) и најголеми жртви (не се) и како вредни за жалење за веки веков (не се).

Така да ете ти ја поентата, скоцкана во јасна теза за да ја напаѓаш колку сакаш. Настрана што и тоа е само дел од целата слика, но за тебе и повеќето е многу голем и значаен дел.

И не, не можеш холакаустот ни да го наречеш еврејски ни како Стефан да го гледаш изолиран во вакуум како да не е дел од големата слика. Како тие слепите од сликата погоре со слонот, си се фатил за сурлата и мислиш дека си фатил змија. :D
Имаш погрешна перцепција за мене, јас дискутирам со најискрени намери и сакам да научам нешто кога е тоа можно. Но секој нареден пост ти е подолг од предходниот и тешко е да се дискутира без да се разводни дискусијата.

Јас никаде не сум рекол дека случувањата треба да се изговор да ја земат Палестина и се согласив со тебе дека случувањата се искористени во таа цел. Само не се согласувам дека бројот на жртвите треба да порасне од 3 или 4 до 6, за да функционира наративот. Ме разбираш? Посекако имале доволно материјал за да изградат наратив.

За другите две работи кои ги спомна: не верувам дека постои наратив за Евреите како единствена жртва, 50 и кусур милиони народ изгинаа, на секој што малку разбира тоа му е јасно.

Под еврејски холокауст се подразбираат еврејските жртви, како што реков, има 50 милиони други жртви на сите страни.

Не знам каде не се разбираме :D
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.811
Поени од реакции
21.407
Леле @Vanlok брааааат, што си толко наапан и надркан, диши еј.
Од како почна конфликт за тебе иам преставу како да си у VAR собу сс шес монитора, тфитери, телеграми, мелеграми, пеес грама амфетамин и пет шес тастатуре резерва, у случај ако ги кршиш од нервозу.

Океј олабави се, сфи тфои аргументи су најаргументирани, наши су шпекулација, само ти смири се сфе ке биде океј.
Навлече се дете на амф. :ROFLMAO:

Никој не негира дека ww2 беше општ човечки хаос, глобална трагедија. Ама никој не е бија по лошо третиран од Евреи, тепање, вакумирање по вагони, делења на старо младо и работоспособно, некои директ "под туш" а некои нели на работу, па џабе не стои слоган на улаз "Arbeit macht frei", работа ке ве ослободи, од што, од слободан живот? Па дали си сфесан дека у Нирнбершки судења, најелитна наци екипа колко била згрозена од видеа од логори што им ги пуштиле на судења.
Погрозно нешто нема.
И па ке кажу не негирамо што се десило на Словени, цигани, педери, на сфи народни, едноставно сфетска војна било, најголема.


Друго ми е муабет. Не зборимо ми дека Холокауст е изговор за да си наприф Евреи државу у Палестину. Едноставно могало им се, моќни су.
Тој е едно парче мала земја, за некои ветена за некои родна од древно време. Две различни идеологие, религие, судир.
Тој е. Нека престане побрзо, нека се реши сс некој договор.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.719
Поени од реакции
33.958
75-80+ милиони жртви, од што далеку поголемиот дел се цивили. И не, неколку проценти до нив Евреи не се доволно за успешно продавање на приказната. Затоа наративата е таква, со надувување на бројките. За да те погодат во емпатија, да се фати приказната.
Ете нели гледаш колку ти е тешко ја смениш парадигмата, и покрај сите нови аспекти и информации?

За другите две работи кои ги спомна: не верувам дека постои наратив за Евреите како единствена жртва, 50 и кусур милиони народ изгинаа, на секој што малку разбира тоа му е јасно.
Дап, пошто не можам да издржам веќе од купишта филмови за Словените и нивните страдања во ВСВ. Мислам преку фалус веќе, се некои „Владимирова Листа“, „Дневникот на Иван“, „Пијанистот Аљоша“, итн, итн... Ќе си каже човек само Словени гинеле, Евреи никој не спомиња. :unsure:

Не знам каде не се разбираме :D
Во тоа дека холакустот (или како сакаш наречи го), не бил еврејски. Во тоа дека баш тоа наметнување на еврејски епитет на тој холакауст е со агенда за создавање на Израел. Во тоа дека иако нема ни можност за објективни бројки туку само за ОД-ДО региони... Во тоа дека ти го обликуваат мислењето за да си ја буткаат наративата. Нели гледаш каков став имаш за конфликтов? Навистина мислиш дека тоа не е поврзано со „Х-то“ од холакаустот и со консумацијата на куп секаква попкултурна пропаганда низ годиниве?

Итн, има уште многу. Комплицирана тема е ова.
Автоматски споено мислење:

Леле @Vanlok брааааат, што си толко наапан и надркан, диши еј.
Од како почна конфликт за тебе иам преставу како да си у VAR собу сс шес монитора, тфитери, телеграми, мелеграми, пеес грама аметамин и пет шес тастатуре резерва, у случај ако ги кршиш од нервозу.

Автоматски споено мислење:

А сега озбилно... Ќе има ескалации изгледа, не знам како Макарон мисли дека ќе изгледа таа „меѓународна коалиција“ против Палестина - и дека другата страна ќе седи со скрстени раце, а мислам на Арапите и на Иран (а може и уште понекој, којзнае):

 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Пред една седмица ударна вест.
Evidence That an Israeli Jet Dropped an Air Burst Bomb on the al-Ahli Hospital Courtyard

Dokazi da je izraelski mlažnjak bacio eksplozivnu bombu na dvorište bolnice al-Ahli


Потоа дојде екипата задолжена за дефокус и релативизација и сега сме на тема колку се жртвите во ВСВ, особено на еврејската религија.
Настанот во кој имаше десетици жртви беше симнат од интерес, но полека почнаа да излегуваат подетални анализи, една е оваа горе.

Istina je da Izrael nije "bombardirao bolnicu al-Ahli" u Gazi u noći 17. listopada 2023. Dokazi sugeriraju da je učinio nešto puno gore.
Извинете што вака упаѓам, само го ставив линкот за масакрот извршен од ционистичкиот режим, сега може да продожите со млатење празна слама.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom