Фан клуб: Калин Ивановски

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Никој не пишал ама имаше среќа да влезе во главен ждреб на следниов челинџер и богами имаше среќа со ждребот!

1697391235480.png


Како и што реков порано сите тука се со сличен квалитет и буквално зависи од тоа кој е во форма и на кој му е денот па така и тука со сите од неговиов дел мислам дека може да се носи.
Ама тука и има малце повееќ среќа бидејќи нема некој изразит квалитет што би рекок "овој 100% ќе го тепа Калин не гледам како може да се носи во натпреваров"

Буквално со сите мислам дека може да се носи тука и ако има среќа и квалитет и ако му се поклопат коцките може и до 1/2 финале да стигне...а нели, може 7-6;7-5 да изгуби уште у прво коло и тоа да биде тоа :D

Иначе Селс е во маестрална форма!

На последните 27 натпревари има само 4 победи
:D

Влегува во мечов со серија од 12 порази по ред.


Во моментов е на 300 место на АТП листата, а ако изгуби од Калин ќе биде 449 (или полош), а за месец дена од сега ако продолжи вака ќе падне длабоко под 500 место.

...па да му ебам матер нема ваљда да му ја возобнови кариерата на овој, а ? :D
 
Добра шанса за 1/4 финале , овој Селс ќе го прегази 100 посто , е сеа овој Волтон ми е анонимец и врска неам како е топ 200 , очигледно има заредено добри резултати.
Ако биде турчинот , идеме јако!
 
Добра шанса за 1/4 финале , овој Селс ќе го прегази 100 посто , е сеа овој Волтон ми е анонимец и врска неам како е топ 200 , очигледно има заредено добри резултати.
Ако биде турчинот , идеме јако!
Играше добро пред 2-3 месеца на америчка турнеа, освои 1 челиџер и сега прошла недела играше финале.
 
Добро, бар за оваа имаше стрим

Катастрофа утакмица, во ниту еден момент не беше блиску до било што.

При крај и се расправаше со судијката едно добри 5 минути што дефинитивно не би се толерирало на посериозни турнири

Овој Селс има ептен чудна форма при форхенд....
Не би се изненадил лагано да изгуби следно коло

А штета за Калин, можеби подобро му е да сврзе 7-8 ИТФ турнири каде ќе забележува победи отколку вака да игра Челинџери каде на 7/8 ќе изгуби уште во прво коло. Победи на помаливе турнири може да му помогнат со самодоверба
 
Многу лошо изигра Калин. Еден брејк не освои, некаде до пола прв сет имаше само 40% на прв сервис, до крај стигна само до 55%, втор сервис 61% а Селс 68% на прв и 83% на втор, многу неизнудени, имаше неколку асови но овој во прв сет и во првиот гем од втор сет му зеде три брејка. Многу лош меч.
 
Генерално гледано годинава е огромен напредок за Калин. Лани крајот на август влезе во топ 1000 , а ете сега веќе е на чекор од топ 300. Овие порази од вакви играчи што се во слободен пад со форма или некои што се каде каде полоши со ранкингот не треба да разочаруваат со оглед на тоа што сеуште нема 20 години.
Како и да е за да напредува повеќе од моменталниот максимум , мора 2024 и 2025 ваквите порази од бош играчи да ги сведе на минимум , ја би рекол макс 1 пораз од вакви дно играчи. Вакви зицери на почеток на челинџери ја прават разликата.
Не знам што му е следно на распоредот и шансите годинава да биде топ 300 постојат, ама догодина многу работи ќе бидат појасни, иако ја би му дал шанса и на 21 , 22 години... сепак не се очекува од него да биде Џокович.
 
Уште еден играч налик Гојовчук за противник и влез на челинџерот во Бергамо. Кукушкин некогашен топ 50 , во скоро време успеа да влезе на мастерсот во Шангај и тоа 2 коло , па предал со Еванс. Има доста ГС настапи , мислам и 4 коло на Вимблдон колку што се сеќавам.
Нема да биде лесно , пошо гледам на тврда подлога има добри настапи во Америка казаков. Старциве мора да ги добива , она со Селс уште не можам да го сварам.
 
Уште еден играч налик Гојовчук за противник и влез на челинџерот во Бергамо. Кукушкин некогашен топ 50 , во скоро време успеа да влезе на мастерсот во Шангај и тоа 2 коло , па предал со Еванс. Има доста ГС настапи , мислам и 4 коло на Вимблдон колку што се сеќавам.
Нема да биде лесно , пошо гледам на тврда подлога има добри настапи во Америка казаков. Старциве мора да ги добива , она со Селс уште не можам да го сварам.
Kukuskin e preiskusen teniser mnogu golem zalak za kalin
 
Kukuskin e preiskusen teniser mnogu golem zalak za kalin

Затоа го почнав мислењето со Гојовчук.
Едниов го доби , а скоро копија се.
Сличен стил на игра , дворачни бехенди , најбољи ранкимг им е 39 , имаат по една АТП титула , станале про 2006 , најбољи успех на ГС 4 рунда , едино малце е постар Кукушкин.
Само формата наликува дека е на страна на казакстанецот , предал ете во Шангај , ама ништо сериозно чим брзо се враќа на челинџериве.
Има шанси Калин против вакви тенисери, не би го отпишал.
 
Тенисов е чудо значи Калин моментално го меле у стил Џокович против ранг +100 , ке го исчисти за 50 минути
 
Ne znam sto gledate vo ovoj... cel zivot ke se slepa po celendzeri, nisto poveke...
 
А зошто мора нешто посебно да гледаме ? Наше дете е, ние ако не се замараме со него кој би се замарал
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom