Фан клуб: Калин Ивановски

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Калин е уште многу млад и има страшен потенцијал, но ако продлжи да ги сфаќа турнириве ко прилика за екскурзии и шетање ќе остане вечно околу 200то место
 
Ве нема да го пофалите, помина квалификации во Братислава, денес со Gojowczyk игра
 
Кога се фалиме, губи. Затоа поарно ќути си. :) BTW, вчера во квалификации победи тенисер за стотина места подобар од него на ATP листа.
 
Кога се фалиме, губи. Затоа поарно ќути си. :) BTW, вчера во квалификации победи тенисер за стотина места подобар од него на ATP листа.
Маџарот Мате Валксуз што го освои челенџерот во Скопје. :)

Гојовчук е во тежок канал, иначе е играч кој редовно играше АТП и ГС турнири до пред 2-3 години.
 
За пофалба е што влезе на турниров, мислев ќе изгуби од Маџаров, ама браво (y)

Гојовчук е каде-каде поискусен, ама мислам дека ќе има шанса Калин.

Ако се најде стрим за ова ќе го гледам, би требало да започне у следниов пола саат.

Баш вакви турнири му требаат за искуство, се надевам ќе успее да победи, иако ваљда после тоа ќе му се падне Мачач (или како и да му беше презимето на Чехот) и би го јадел ваљда од него
Автоматски споено мислење:

Срамота, после мастерсот најдобар турнир што се игра неделава е, а не само што нема кај да се гледа, нема ни кај да се ПРАТАТ РЕЗУЛТАТИ (не знам зошто ама официјалниот сајт за челинџер турнирите на АТП дава ерор)

1696939415376.png


Како и да е...

ПОБЕДА!

7-6; 6-2

Браво :cuc: :cuc:
 
Последно уредено:
1696943439487.png

Со Махач ќе игра утре веројатно. Ама добро е што конечно го мина фамозното прво коло на челенџер по Јаши.
 
Ова е интересен факт што и малце звучи изненадувачки ама е вистинит.

Во листа на тинејџери (значи листа на тенисери што немаат наполнето 20 години), Калин Ивановски во моментов има 10 најдобар скор во 2023.

:cuc:
 
Да стигне некако до Доминик Тим го тепа сигурно :icon_lol:
 
Махач се откачал па наместо него има лаки лузер во жребот. Добра шанса за Калин за конечно да врзе победи на челинџериве и да влезе во топ 300.
 
Утре игра против Американецот Дам, моментално на АТП 330 позиција. Според обложувалниците, фаворит е Дам, меѓутоа има солиден простор за изненадување.

Потенцијални противници доколку победи со Дам:

Четвртфинале - Cressy
Полуфинале - Thiem

Одлична мотивација за Калин, би било супер доколку некако успее да направи добра серија оваа есен, па да може да очекува пласман со кој би играл на квалификации за АО '24.
 
Овој Дам делува ко да е во форма, ама неам појма што играч е. Да се надеваме е уште еден од плејадата просечни играчи во овој дел од АТП листата :D

Одлична мотивација за Калин, би било супер доколку некако успее да направи добра серија оваа есен, па да може да очекува пласман со кој би играл на квалификации за АО '24.
Уф, тешко ова.

Ќе игра на уште два послаби Челинџер турнири после овој, ама ќе биде дел од квалификациите (првично, освен ако не се откажат тенисери)

Вака хипотетички ако си правиме муабет, не знам какви се шансите Калин да сврзе 2-3 Челинџер турнири каде ќе има по 2 победи на главен турнир (значи 4+ со се квалификации) за да може да стигне околу 210-220 место.

Мислам пореалистично би било да се надеваме дека би се поклопиле коцките евентуално за РГ/Вимблдон (освен ако не му тргне уште на турниров да стигне до полуфинале што искрено би бил преизненаден да се случи)
 
Овој Дам делува ко да е во форма, ама неам појма што играч е.
Левак, сервер, класична америчка лопата. Има шанси Калин, само да не праи глупости на сервис. Тој дибекот Дем знае многу дупли да праи, му имам гледано пар мечеви кај што не може океан да погоди.
 
Теоретски - за квалификации на Грен слем треба да е минимум 223, а има шанси и со подолу од тоа да влезе, зависи од protected ranking и вајлд-картите на кое место се. Значи за сигурен пласман минимумот е 223 место. Моментално тенисерот кој е 223 има 280 поени. Калин на 331 место има 161 поен. Значи му требаат уште (околу) 119 поени (пак зависи и од другите тенисери, може и со помалце да пројде, но може и повеќе да му требаат). Турниров на кој игра е 125-ка, значи со титула тука - решен проблем за Австралија Опен :P Ако не, ќе треба многу да се помачи. Башка до крај на годинава губи 35 поени освоени на турнирите во 2022. Со пласман во второ коло тука добива само 10 поени, што значи ќе му треба многу, многу повеќе за да заигра квалификации на слем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom