A
Ali Pasha
Гостин
Болдираното, најдобриот моментСум се нашол во истава ситуација, со баш Американци.
Имам на работа еден колега Албанец, со кој обожаваме да бидеме политички некоректни пред големи групи на луѓе. Јас го викам Шиптаp, тој ми се заканува со шеријат и смрт на ќафири и каури и слични глупости. Јаки се реакциите на луѓето околу кога ќе го слушнат тоа.
И Амеров ја примети таа реакција на запрепастеност на колегите, праша да му објасниме што тоа збориме меѓу нас. Му објаснивме и беше збунет, зошто сум инсистирал дека некој роден во Македонија е Албанец. И никако не можеше да прифати дека е навреда и игнорантност ако не викам дека е Албанец, туку Македонец. Дури го гледаше колегава како да е глуп, како “што кур ти е, зошто не сакаш да бидеш Македонец, кога си роден во Македонија“.
Лонг стори шорт, дебатата траеше два саати, сите се начукавме, Амерот ни милиметар не помрдна од ставот, сите му личевме на луди. Од друга страна, Британците сфатија што е поентата после втората минута, и се исклучија од муабетот.
Што ми е поентата на толкаво досадно четиво. Наш најголем проблем е што Американците ни креираат (на сите на Балкан) политики на помирување и соживот. Тие пробуваат да решат проблем што не го разбираат. И не можат да го разберат. Затоа толку невешто го решаваат.
