Не велам дека ИДФ не бил брутален во својот напад но сега ќе бидат уште пожестоки.
Реално ИДФ е ист како и Хамас, само што имаат подобар маркетинг па за нив се говори дека се ослободители а за другиве дека се терористи.
Огромен гнев е навлечен и употребена е директивата Алеф од Јомкипурската војна 1973 кога на ИДФ и беа тотално одврзани рацете тоа ќе значи неконтролирано пукање и бомбардирање со други зборови нема да се гледа само рокање.
Освен Турција, Иран, Пакистан не гледам друга сила која може да му парира на Израел.
Либан е на секој можен начин поделен, единствено Хезболах.
Сирија е уништена од граѓанската војна и поделена на енклави секоја милиција си има свој паша и своја политика.
Јордан е верен пес на С. Арабија и Америка.
Египет уште пред една недела го советувал Мосад дека се спрема нешто големо. Па сега види ти за какво раководство станува збор.
Проблемите некој (не е Бог туку некој во негово име) смислено и системски ги инсталирал како би можел да контролира еден регион како што е Блискиот Исток, богат со ресурси.
Кој би бил тоа, што мислиш?
За жал твоето видување “
Освен Турција, Иран, Пакистан не гледам друга сила“ е веќе минато, работите во глобална смисла се толку изменети и светот е веќе толку изменет, патем стана мултиполарен а со влегувањето на новите членки во БРИКС и формално ќе престане да постои пах-Американа, така да се говри на тој начин е само трошење на време.
Пред повеќе децении се отпочна со еден процес ДЕКОЛОНИЗАЦИЈА, тој процес во многу го измени светскиот поредок и реално гледано на многу народи им даде каква-таква слобода и сопствена држава.
Овој процес на деколонизација полека губеше на сила прво со растурање на носителите на процесот на Неврзани а и дефинитивно со растурање на СССР со што пак започна процес на РЕКОЛОНИЗАЦИЈА.
Во овие процеси на реколонизација и ние како македонска држава и Македонија престанавме да постоиме и станавме нечија колонија.
Дали случајно знаеш чија?
Во 2006/8 таму некаде... повторно се појави потребата од ДЕКОЛОНИЗАЦИЈА и тој процес како што минува времето се повеќе добива на сила, а стариот во основа империјалистички западен поредок почна да ги губи своите позиции.
Затоа тој и таков систем започна со глобални процеси кои се препознаваат како проекција на воена-економска сила и која има за цел да го сочува стекнатиот имот и позиција. Овој процес сега е навлезен во делот од кој нема назад, или ќе престане и сруши стариот поредок или ќе има таква брутална колонизација во која со генерации ќе се живее.
Во право си, Ирак Иран нема разлика само една буква, ама па ти не очекувај од секое дрвце да испадне свирче!
Во поглед на погоре...
Судирот во Израел се гледа само од воен аспект и се пласира наратив овие ќе ги згазат другите а овие другите ќе ги згазат првите.
Цивилните и ... жртви се само декор, со кој мора да се направи сцената за да се отпочне со реализација на агендата која има за цел еднаш за еден поголем временски период го стабилизира овој регион и ја намали напнатоста.
Во рамките на овие процеси веќе се видливи најавите во која насока би се движеле работите, а тоа е создавање на Палестинска држава како почетна позиција, дали ваквите процеси ќе се реализираат или во даден момент ќе се замрзнат зависи и од потребите и целите на оние кои ги водат.
Не е патка изјавата на Султанот дека создавање на Палестина е решение туку е промоција на целта.
Еве и Лавров
Lavrov: Stvaranje države Palestine je najpouzdanije rješenje za sukob
излезе со истото, дали е тоа случајно?
Прашање на време е кога една по една голем борј на земји ќе застанат зад ваквите предлози со што ќе се создаде критична маса за реализација на целта, а таа е стабилизација на регионот и продолжување на споменатиот процес на ДЕКОЛОНИЗАЦИЈА.
мое скромно мислење, може да бидне ама и не мора да бидне.