Пророкот
Ќе ме биде...
Од Кант и неговиот категорички императив наваму имаме совршен морален систем изграден врз премиси на умот, не е потребен Бог да ја регулира моралноста.
А што правеа човеците пред да се појави Кант? Немаа морални системи па се однесуваа како ѕверови во отворен природен простор?...
А Кант, од кај се „сетил„ на императивот? Колку пати Кант се откажал од Бога а кога паѓал во болест пак Го барал (Бога)?...
Автоматски споено мислење:
Не е баш точно, бидејќи знам атеисти, кои свесно или несвесно ги практикуваат 10те заповеди и се супер луѓе, високо интелигентни и доста ценети во општеството.
Кај поединците кои не веруваат во живиот Бог и не ја познале Неговата волја, постои т.н. закон на совеста, преку која и од чие влијание, дури и атеистите се склони кон праведно живеење.