„Тебе кој што сеуште талкаш во Дворот на Профаните не можеме сеуште да ти откриеме се; но
многу лесно ќе разбереш дека религиите на светот се само симболи и превези на Апсолутната Вистина. Исто
како и философиите.
За адептот, гледајќи го ова одозгора, не постои потреба да избира помеѓу Буда и Мухамед, помеѓу Атеизам и Теизам.
Мноштвото се менува и поминува; едното останува.“
-
LIBER PORTA LUCIS SUB FIGURÂ X, Свети книги на Телема
Секогаш некој бара поделба, избор ова или она... нема избор! Изборот е мамка, замка и ропство!
Пробајте да ја надминете оваа maya што би рекле на истокот, да пресметувате математички да сте постојано во добивка (каква и да е таа) и дека има „правилен избор“ посебно кога се работи за омраза на база на религија и нација. Тоа се глупости, варварско однесување.
Убаво вели човеков од видеото:
Love. Само така се надминува, и вистина. Ако најдеш вистина која ти ги руши идеите за совршенство, не ја отфрлај - менувај и надминувај.
„
Намерното антагонизирање меѓу нациите е најбудалест криминал. Кај нациите што војуваа
Печатот ги разгоре страстите на неуките и ја вовлече Европа во војна.
Ако беа луѓето едуцирани и шетани тие немаше да ги слушаат тие харписки пискотници. Неделото сега е направено и останува на нас да го поправиме најдобро што можеме.“
-
Човештвото пред се, А. Кроули
Е сега бидејќи ова е Телема и доаѓа од Кроули, многу умови тука, ова веднаш ќе го отфрлаат, или бидејќи имаат расправија на форумов со мене, го отфрлаат и сметаат дека ова е зло... а тоа е лошо и ограничувачки
П.С. Видете го наративот во однос на Газа и Израел! Не помагаат едни на други бидејќи луѓето страдаат, туку бидејќи се муслимани или се поблиску до друга религиозна група! 21 век и нема љубов и нема разбирање - се е насилство и идеја сеуште да исчезне се што не е како моето!
Каде така? Во војна, нормално! И страдање!