Гледам дека ги пратиш современите текови и ја претпочиташ последната, моментално актуелна, иранска теорија за потеклото на Аспаруховите Бугари. Да, Бугарите ги населувале земјите на денешна Украина и европска Русија пред 1400 години, но зборувале туркиски јазик и своите починати ги погребувале според турски обичаи.
Зошто некој што не е Турчин, би го правел тоа?
Хуните биле првите туркојазични племиња што влегле во Европа, притоа ширејќи го својот туркиски јазик на подрачјата каде порано се зборувале ирански јазици. Пред тоа во Источна Европа немало Турци.
Прегледај го приврзокот 393497
Перешчепинска култура
Прегледај го приврзокот 393498
Перешчепинската Култура е раносредновековна археолошка култура, именувана по селото Малаја Перешчепина (Полтавска област), во чија близина во 1912 година било откриено античко гробно место. Истражувачите ја поврзуваат Перешчепинската култура со Бугарите (И. Вернер[1]), бидејќи богатството на Перешчепино му се припишува на владетелот на Велика Бугарија, Кубрат. Постои и претпоставка за поврзаноста на културата со раните Хазари (М. И. Артамонов).
Во секој случај, погребот има изразен турски карактер. Во него се пронајдени чаши, чинии, кугли, мечеви, елементи од запрега и византиски монети.
Прегледај го приврзокот 393499
Ритон, лажица, бокали и шолји со рачка во облик на прстен (типично за голем број култури од турскиот круг)
ПЕРЕштЕПИНСКИј КЛАД , Большаја россијскаја энциклопедија - электроннаја версија
old.bigenc.ru
Според тебе, откаде дошле Бугарите во Украина пред 1400 години? Која археолошка култура пред Перешчепинската ги препознава како такви? И дај извори, а не само твоетo лично мислење.
Инаку, еве ти ги иранските јазици. Гледаш некаде бугарски?
Прегледај го приврзокот 393500
The Encyclopaedia Iranica is a comprehensive research tool dedicated to the study of Iranian civilization in the Middle East, the Caucasus, Central Asia, and the Indian subcontinent
iranicaonline.org