Политички случувања во Израел

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

Една слика = илјада зборови

Како убаво делува вака на слика, се` до моментот кога човек ќе се потсети дека сликата потекнува од држава која присилно боцкаше сопствено население со неиспитани биохемиски супстанци, притоа применувајќи најфашистички можни мерки - крајно иронично за држава формирана претежно од луѓе кои ги преживеле најзлосторничките и најанти-човечките политики на фашизмот и нацизмот - додека истовремено присилно иселува илјадници муслимани и други непожелни за да им го узурпира земјиштето кое го населуваат, со цел да гради населби кои ќе ги насели со пожелни државјани.

Израел е срамот на светот на почетокот на 21-от век, срам од кој би се одрекле и луѓето кои го преживеле Холокаустот.

Сликата испраќа прекрасна порака, но за жал неверодостојна кога ќе се земе во предвид срамот од држава од која потекнува истата слика.
 

"Israel seems to have been taken completely off guard."
Аха важи, демек Израелците не знаеле :pos: . Кој знае како ќе ја искористат оваа авантура и колку палестинци ќе бидат преебани.
 

"Israel seems to have been taken completely off guard."

Аха важи, демек Израелците не знаеле :pos: . Кој знае како ќе ја искористат оваа авантура и колку палестинци ќе бидат преебани.
Палестинците имаат нападнато со 5000 ракети и имаат влезено преку неколку точки на територија на израел со добро вооружени борци на хамас бригади.
Од видеата што кружат на телеграм има убиено израелски војници, има заробено живи израелски војници, уништено тенкови, амерички хамвиња итн.
Од видеата се гледа дека ги имаат фатено на спиење, и со очигледни загуби во опрема и војници се израелците !!!
 
Последно уредено:
Од видеата се гледа дека ги имаат фатено на спиење, и со очигледни загуби во опрема и војници се израелците !!!

Нема шанси Израелците да ги начекаш на спиење, со целата технологија која им е при рака, кога малтене знаат во цел свет што се случува, а не па кај нив дома.
Ова ќе му дојде фрли рипче, фати крапче.
Најлесно да го обединиш народот дома е демек опасност од друг.

После ова, ми изгледа дека Палестинците јако ќе го кркаат.
 
Незнам што ќе постигнат Палестинците со ова кога се знае како ќе заврши. Можеби ќе има 100+ мртви од Израел и за тоа ќе платат неколку илјади Палестинци. Нема шанси сами да извојуваат победа Палестинците.
 
им заробиле една Меркава и едно друго возило. Интересно како ваква голема операција на Хамас израелциве не ја приметиле.


 
Нема шанси Израелците да ги начекаш на спиење, со целата технологија која им е при рака, кога малтене знаат во цел свет што се случува, а не па кај нив дома.
Ова ќе му дојде фрли рипче, фати крапче.
Најлесно да го обединиш народот дома е демек опасност од друг.

После ова, ми изгледа дека Палестинците јако ќе го кркаат.
Нема теоретски шанси Израел да жртвува војници, опрема и цивили за да проба да истребе нешто што не може да го истребе. Ептен ги величате Израелците, они да можеа да го решат проблемот до сега ќе го решеа. За неполни 24 часа имаат загуби колку што имаа за 30 години, а овој напад е и голем удар за нивното разузнавање.

Ова Израел никогаш нема да го дозволи по никоја цена ... види како бегаат израелците по полиња, голи и боси !!!
 
Последно уредено:
Сеа да им влезат Сирија и Египет по бокови :icon_lol: и чао чао Чичко Сем.
Има шпекулации по интернетов и дека вооружени групи од Либан почнале да се уфрлаат. Што викаш да им влезат и од Сирија и Египет и чао чао Чичко Сем. Делува на координирана операција од надвор, со подршка од надворешен фактор, невозможно е сами да се одлучат на ваков чекор без подршка.
 
i think we have j-o-o here

Се издаде самиот.
(нема да кажам кој е, само дискретно ќе го погледнам)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom