Политички случувања во Израел

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
чекај, големиот ресет помина? сега на ред е новиот систем?
:facepalm:

Не е, сега дури ќе почнеме да ги осеќаме превземените акции за реализирање на ресетот, а и народот ќе е баш тој што ќе го руши, бесплатно и тоа. Плус каков ресет е, ако немало огромни страдања!!!!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.256

многу си затупавен со таа глупа теорија. Нема никаков ресет ни имало ни ќе има.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.572
Поени од реакции
1.864
Wharever ekonmska e pricinata, makron saka pokasno u penzija, deka drzavata ima ekonomski problemi, pa taka pricinite se ekonomski, a standardot u francija e padnat za razlika od pred 25 godini. Ima tuka lugje sto ziveat u Francija neka kazat dali e taka. @Yo Blow
Јесте, скапнато е а платите баш не го следат тоа покачување, не е ко во Луксембург.

Тука луѓето се научени да не работат ко волови, работи минимално време и примај социјала до минимум година и пол.

Овде и во приватните компании 90 проценти не работат повеќе од минимумот што треба да го сработат на работа, не е дека дремат на работа ама се навистина легачи.

Малку да покаже некој дека е спремен to go the extra mile, го унапредуваат, особено ако и самиот си побара повеќе одговорност и унапредување.

Кога имате екипа овде или компанија која треба да ја водите, најтешкото е да ги мотивирате тие околу вас да работат, едноставно знаат дека ако ги отпуштите, ем има отштета ем има социјално да си го прчи многу долго време.

Многу детски карактери се за мене овде, зборам за возрасните.

Затоа и протестираат нон стоп кога е прашање повеќе работа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Prime Minister Benjamin Netanyahu won’t be invited to the White House in the “near term,” US President Joe Biden told reporters on Tuesday, as he urged Israel to drop its judicial reform plan.

"I hope he [Netanyhau] walks away from it," Biden said as he issued his most clear objections to date over Israel’s judicial overhaul process.

Автоматски споено мислење:

Воглавном, не постои можност за едно добро општество бидејќи секоја идеологија на крајот од денот се догматизира према центарот на моќ. Човекот не е толку евоулиран за да може тој вирус да го отклони. Демократиите се само беда флека на идејата за слобода и ништо друго. На крајот на денот ти го бираш тој што има повеќе пари за подобра реклама во социјално нездрави политички кампањи полни со докажани и недокажани клевети кои политички го диференцираат народот до степен на омраза. Западот самоја има таа среќа што империјалистичкото минато им дало можност да си го купат со пари социјалниот мир. Нека им снема пари (а ќе им снема), па ќе видиш колкава е демократијата таму.
Човекот еволуирал потреба да следи авторитети. Во минатото тоа носело повеќе бенефит отколку штета, следствено и еволуциската селекција. За жал денес таа одлика е причина за слепото следење на религиите, идеологиите, и поединците владетели.

Ако некогаш најдеш време (и желба) да го прочиташ „Себичниот ген“ од Ричард Докинс, нема да погрешиш.
Автоматски споено мислење:

Разликата помеѓу мене и тебе е што ја не го гледам спасот во техно диктатурите како Кина...
Разликата помеѓу него и тебе, е тоа што тој не е толку ГЛУП да ја проголта приказната дека спротиставувањето срањата што ни ги прави западот значи прифаќање „диктатура на Кина“, итн.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
o_O o_O
само правниот и економскиот систем биле глобалистички, демек никому ништо. Економијата е моторот на планетата, а правото е за да може одредена каста да воспостави невалидна моќ со примена на сила. Многу од џандарите да не се во униформа не би кренале рака на протести против сограѓаните, ама под наредба, со оправдување дека штом судот пресудил, тоа е исто ко божја наредба и они идат спроведуваат, без разлика дали е праведно или не.
Економскиот систем во светот е по Еврејските принципи, а правниот по Христијанските, тоа што некој ги обликува овие системи, не значи дека светот е глобалистички. Глобалистички свет е во суштина свет кој не произведува никакви диференцијации. А светот е многу далеку од тоа. Во прво време и комунизмот пробал да ја вметне сопствената рамка за глобализација во светски рамки, уништивајќи ги нациите и религиите. Така и сега мантрата на глобалистите е пред се наликува на комунистичка агенда. Само што сега многу тешко им иде тоа. Културолошките разлики се дури повеќе изразени во информатичката ера, а диференцијациите го доживуваат својот зенит. Правниот и економскиот систем се само алатки, не се производ на глобализацијата.
Автоматски споено мислење:

Човекот еволуирал потреба да следи авторитети. Во минатото тоа носело повеќе бенефит отколку штета, следствено и еволуциската селекција. За жал денес таа одлика е причина за слепото следење на религиите, идеологиите, и поединците владетели.

Ако некогаш најдеш време (и желба) да го прочиташ „Себичниот ген“ од Ричард Докинс, нема да погрешиш.
Немам многу време за читање, ама самиот наслов убаво објаснува дека е на иста линија типот со мене, или поточно обратно. Иначе цивилизацијата е стара 5-6000 години, нешто малце повеќе. Тоа за еволуцијата не е ниту миг. Така да ако некој очекува дека човекот евоулирал на повисоко скалило за овие 5-6000 години, гадно се лаже. Нема за брзо време да се извлечеме од „себичниот ген“, реките крв низ историјата го докажуваат тоа.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
The United States needs to understand that Israel is an independent country and "not another star on the US flag," National Security Minister Itamar Ben-Gvir said on Wednesday morning in response to US President Joe Biden's comments on judicial reform.

On Tuesday night, the US president said that Prime Minister Benjamin Netanyahu will not be invited to the White House in the near future, and urged him to drop the judicial reform plan.

Автоматски споено мислење:

The story on Monday was not the judicial reform legislation freeze or National Security Minister Itamar Ben-Gvir’s new National Guard. It was about the survival of Prime Minister Benjamin Netanyahu’s government, which is now guaranteed for at least another month.

Netanyahu and Ben-Gvir struck a deal on Monday, in which the national security minister agreed not to leave the government after the prime minister announced a legislation freeze and negotiations over the government’s judicial reform, in exchange for the subjugation of a National Guard directly to Ben-Gvir.

Автоматски споено мислење:

Немам многу време за читање, ама самиот наслов убаво објаснува дека е на иста линија типот со мене, или поточно обратно. Иначе цивилизацијата е стара 5-6000 години, нешто малце повеќе. Тоа за еволуцијата не е ниту миг. Така да ако некој очекува дека човекот евоулирал на повисоко скалило за овие 5-6000 години, гадно се лаже. Нема за брзо време да се извлечеме од „себичниот ген“, реките крв низ историјата го докажуваат тоа.
Eволутивна биологија, и да - не е тешко за разбирање. Во нецивилизирана животна средина полна со предатори, децата/младите што не слушале инструкции од поискусни/постари, едноставно бивале изедени од предатори и не успевале да остават потомство. Потомство оставале тие со склоност да слушаат авторитети, затоа што тие преживувале. Се правела селекција на „слушачи“, и тоа траело со еони. Да, цивилизираниот период е минискулно мал период од целото постоење на човечкиот вид. Се разбира дека за неколку илјади години ништо позначајно не е сменето на тоа поле, од генетски аспект.

Не е дека немаме способност за критичко размислување, но кај голем број поединци искуството и знаењето всадено во детството/младоста потоа се тешки за менување без разлика на аргументи или факти. Затоа перењето на мозок со идеологија, религија, итн, е најефективно на рана возраст... И како што гледаш истото е видливо и кај еден куп од форумскиве колеги. Израснати со американска попкултура/филмови пропаганда, најголемиот дел од нив не можат да се соочат со фактот дека Пакс Американа или поточно олигархијата која ги управува, всушност е наголемото зло за човештвото во денешницата. Без разлика на целиот куп достапни информации, факти, поголемиот дел од нив не можат да се соочат со тоа. Прават куп релативизации и оправдување за нив, дека конкурентите на Пакс Американа ќе биле полоши од самите Пакс Американа, итн, итн. Класична когнитивна дисонанца, очекувана од поединци со кревок разум кога се соочени со факти за реалноста спротиставени на нивниот светоглед.

Без разлика од разликите во IQ, Евреите во Израел не се ништо различни од остатокот на луѓето од аспект на генетското наследство за склоност кон следење авторитети.

И да. Интересно е што денес имаме селекција на најглупите, дееволуција... Идиократија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Не е дека немаме способност за критичко размислување, но кај голем број поединци искуството и знаењето всадено во детството/младоста потоа се тешки за менување без разлика на аргументи или факти. Затоа перењето на мозок со идеологија, религија, итн, е најефективно на рана возраст... И како што гледаш истото е видливо и кај еден куп од форумскиве колеги. Израснати со американска попкултура/филмови пропаганда, најголемиот дел од нив не можат да се соочат со фактот дека Пакс Американа или поточно олигархијата која ги управува, всушност е наголемото зло за човештвото во денешницата. Без разлика на целиот куп достапни информации, факти, поголемиот дел од нив не можат да се соочат со тоа. Прават куп релативизации и оправдување за нив, дека конкурентите на Пакс Американа ќе биле полоши од самите Пакс Американа, итн, итн. Класична когнитивна дисонанца, очекувана од поединци со кревок разум кога се соочени со факти за реалноста спротиставени на нивниот светоглед.
Секоја империја/страна, за некого ќе биде зло. Па така и Руската и Кинеската. Во моментов не постои универзално добро за цивилизацијата. Тие што ја гледаат Америка како универзално добро се исто така во заблуда како тие што ги гледаат Русите и Кинезите како такви. Поентата на политиката е да се позиционираш добро во даденото време.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Секоја империја/страна, за некого ќе биде зло. Па така и Руската и Кинеската. Во моментов не постои универзално добро за цивилизацијата. Тие што ја гледаат Америка како универзално добро се исто така во заблуда како тие што ги гледаат Русите и Кинезите како такви. Поентата на политиката е да се позиционираш добро во даденото време.
Јас на ова гледам како на обичен човек, не како владетел на империја. За нас обичните луѓе ова што го прави Пакс Американа, не само сеење на несреќа и страдање туку и општо уназадување на напредокот на човештвото.

Од Кинезите и од Русите не гледам такво нешто.
Дали Кинезите и од Русите во иднина може да направат такво нешто? Којзнае, ама засега не гледам како воопшто може да се изедначуваат или макар да се споредуваат со Пакс Американа (во поглед на предизвикување човечко страдање и срања).
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Јас на ова гледам како на обичен човек, не како владетел на империја. За нас обичните луѓе ова што го прави Пакс Американа, не само сеење на несреќа и страдање туку и општо уназадување на напредокот на човештвото.

Од Кинезите и од Русите не гледам такво нешто.
Дали Кинезите и од Русите во иднина може да направат такво нешто? Којзнае, ама засега не гледам како воопшто може да се изедначуваат или макар да се споредуваат со Пакс Американа (во поглед на предизвикување човечко страдање и срања).
Единствено исправно гледање е во контекст на групацијата/културата во која што припаѓаш. Македонец-Словен-Православен.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Македонец-Словен-Православен.
Непријател број 1 во моментов на гореопишаните? Убедливо Пакс Американа, и нивните западни вазали.

Од случувањава гледаме дека дури и децениски сојузници како Израел (па макар и вазали биле), колку лесно ги пуштаат низ вода само малку да се неусогласени со моменталните империјалистички интереси. Не дека не се гледало одамна во други примери, ама овој е најитересен пошто САД и Израел отсекогаш имале блиски односи.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Да, ама затоа на западот наместо цензура имаш море од (дез)информации, па после теоретичари на заговори кои се лепат на секоја вистина која треба да се сокрие, па на крајот го имаш и тој тука со приказната за хазарите, кој кај да е ќе дојде да ни ја објасни поврзаноста на протестиве со хазарите. На крајот тие што навистина се борат за поголема слобода биваат стаени во ист кош со равноземјашите, маргинализирани, исмејувани и девалвирани како личности. Па така како што истокот нашол директен начин да цензурира, така западот нашол уште подобар начин за да не ти задира во „слободната“ мисла, пошто све друго ќе бидеш ставен во кош со тие параничните чичковци со смешни приказни.
Точно, ако пред 30тина години пред појавата на интернетот, пропагандата доаѓаше преку ТВ/новини каде што мал грст од популацијата можеа да пишуваат и да ја информираат јавноста, што за до доаѓање на поразлични погледи од јавниот наратив беше прилично потешко, и не само за доаѓање до информации, туку и за споделување, како независни списанија и сл. Сега скоро секој може да го изрази своето мислење со помош на интернетот па имаш еден тон дезинформации, теории на заговор, ехо комори и сл. Далеку од тоа како некој во 90тите би предвидел дека ова би се случувало. Разликата е во тоа што тие што имаат повеќе во тиквите можат да распознаат и да дојдат до вистинските информации.
 
што за тебе е вистинска информација?
 
Човековата психологија е далеку покомплексна одколку што мислиш. Не е само паметен си и оп, ја знаеш вистината. Не е така едноставно. Човекот во морето информации го гледа она што сака да го види. Без разлика дали е паметен или не. И втора работа во сето ова е улогата на теориите на заговор. Понекогаш колку човек да е паметен кога гледа дека ќе биде ставен во ист кош со оние што проповедаат гуштерска цивилизација или како и да се викаше, ќе се замисли, баш дека е паметен. Ти викам западот си нашол начин на самоцензура. А сега со новите медиуми и социјалните мрежи, нивото на социјален инжинеринг е нешто невидено до сега во историјата. Буквално неколку фирми во светот држат што можеш да гледаш на интернет. Бевме сведоци како фејсбук и гугл го донесоа Трамп на власт и како го сменија. Тоа што се дешава на западот е страшно. Не само од аспект на контролата (преку мобилните буквално имаат секаква контрола и на исток и на запад), туку и од аспект на социјалниот инжинеринг кој е претежно застапен на запад. Го обликуваат јавното мислење, онака како што они сакаат и имаат начин да го прегазат секој кој им се спротивставува и им застанува на патот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom