Навивачки инциденти ширум Европа


Ne deka e nesto ama pak cesit e da se vidi so nesto slicno so se desavalo kaj nas pred petnaeset ili deset godini



Isto i ova se kaj nas se slucuvase pred pet i deset godini [emoji16]
 
Ако сте имале YouTube пред 20тина години, сигурно сте го начекале видеово подоле. Средба меѓу наивачи на Зенит и Спартак, 200 на 200. Видеово е направено после 20 години каде што еден од дечките на Спартак и еден од Зенит разговараат за што се случувало тој ден. На руски е, али на кратко:

Спартак:
Дечкото (Шпале) објаснува дека тргнале од Москва највеќе со автобуси, а помал дел со воз. Кога стигаат во Санкт Петербург, се раштракуваат низ град и на крај се среќаваат кај паркингов подоле. Не ги сопира полиција никаде, иако шетаат во големи групи. Интересно е што иако Спартак е од Москва, има и хулс екипа од Питер (што се приклучува на гостите и на видеово). Дечкото на видеото објаснува како не требал да биде таму, и сосема случајно се нашол во прв ред. :D

Зенит:
Носат бели бандажери, пошто во тој период кога почнуваат да идат по пољани, и еден од проблемите што им се случувал е дека на голи раце некогаш се расекувале или завршувале со забиен заб (со цел да избегнат операција). Идат во две групи. Првата се фокусира на први редови, а втората ги брка тие што се позади. Тренираат подолго време за средбата и во овој момент, се со многу помало искуство од Спартак.

Како се среќаваат?
Стигаат двете групи на локација. Двете праќаат парламентарци (тоа се дечки што зборуваат во име на групата пред средба) да зборат меѓу себе и се договорат каде да се најдат, кој да тргне прв и сл). Се договараат да се најдат на паркингот и си даваат време едни со други да се консолидираат (да изберат кој е напред, кој позади и сл.). Од кога ги средуваат редовите тргаат едни кон други. Спартак фрла бакљи накај Зенит и дечкото овде признава дека е тоа доста некоректен потег бидејќи во тој период иако се среќавале на пољани, имале доста коректен однос со Зенит.

Како завршува?
Спартак победува во двата судири. Во првата средба (на паркингот), Зенит во целото тоа лудило се фокусираат на последните редови на Спартак и додека они ги бркаат дечките што се позади, првата екипа на Спартак останува на паркингот и разбива се што останува. Така се случува чуден момент да на Зенит екипата се најде позади Спартак во еден момент и се регрупираат кај мостот што е втора средба. И во таа, Спартак успева да победи.

 
Back
На врв Bottom