Еве јас ќе ти прокоментирам на содржината на видеото. Првин целата теза на кое се базира видеото е многу интелектуално нечесна. Да илустрирам:
Петар Котевски во 2016 стоеше позади и ја бранеше владата на ВМРО-ДПНЕ под раководство на Груевски. Но со самото негово бранење на таа влада он во исто време ги бранеше и Мијалков и Протуѓер и Тодоров и Муковски и Канчевска. Тоа се истите луѓе кои помогнаа да се смени името на Република Македонија.
Сега кој е Котевски, Добриот Котевски кој даваше подршка на структурите кои се бореа СДС да не дојде на власт, или Лошиот Котевски кој даваше подршка на истите структури кои го сменија името и ја продадоа државата. Истата теза можам да ја извратам за еден куп прашања:
- "Амнестија на воени злосторства на УЧК"
- "Тепањето на Македонци зошто протестираа против Талат Џафери"
- "Артан Груби кога тепаше Македонци на Кале"
Што правиме ако земеме секој кој гласал за ВМРО под Љупчо Георгиевски да биде прогласен за предавник и идиот дека Бугар изгласаа за премиер кој изгуби војна против УЧК? Дали е е чесна дискусија тоа? НЕ, ама него му одговара да се разгледува само еден период изолиран од се друго и целите негови тези да се базираат околу тој временски прозорец али гледано од денешна перспектива. И кај ваквите тези нема одбрана, целта е само другиот да го извалкаат зошто тој што ги шири најчесто нема што да изгуби.
Не ни сакам да ја коментирам неговата теза како ете луѓето биле зафатени па он ќе им ги дал изџвакани информациите за да бидат поинформирани. Каква препотентност.
============================================================================================================================================
Но ајде да го оставиме ова на страна, Левица и Апасиев не ви одговараат. Ок се прифаќа. Али има еден тон други, сте отишле да им се придружите на нив? Ако никој не ви одговара, сте пробале да оформите ваша организација? Следните избори планирате барем да се пријавите како набљудувачи и да спречите барем во едно место ДПНЕ и СДС да крадат гласови?
Дека многу е лесно само да се коментира за случувањата без ништо да правиш во врска со тоа, и со самото тоа вечно да бидеш "во право" . Секако дека во правење на нешто дека не спаѓа "Подигнување на свесност" и "Давање Информации".