Во име на роденденот ќе те почастам со "докази" за постоењето на Чкембари

Искрено, не знам шо толку ве боди датумот, али ајде нека е.
https://www.youtube.com/watch?v=uHJi0iZX3II Еве ти видео од 25.09.1985, бараж за прва лига ракомет.
https://www.youtube.com/watch?v=IIkkW1L_8Xw Пелистер-Металопластика 1988, натпревар за титула првак на Југославија. Еден од најпознатите натпревари воопшто во југословенскиот ракомет, на крајот на натпреварот општа тепачка меѓу ракометарите, каде еден од најтепаните беше и вашиот вујовиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=zjabf-xSq0Y Пелистер- Хајдук 1990, Пелистер оваа сезона е сеуште второлигаш, а утакмицата е во рамките на купот на Југославија. На видеото имаш знамиња Чкембари, се слушат и песни меѓу кои и некои и денес се пеат

Сигурно толку знамиња не се напраени само за утакмицата со Хајдук, значи постоеле и пред то.
Од 1985-1990 РК Пелистер од бараж за прва лига, стигна да биде првиот македонски клуб со натпревар во европски куп во 22.11.1986 и тоа против Атлетико Мадрид кој бил гигант во то време. И тоа не била единствена европска утакмица на Пелистер. Стигнал да дојде на бод до титула во првенството, и играл во финале на купот на Југославија против Медвешчак во Загреб, каде исто така биле над 200 навивачи присутни.
Од 1985-1990, ФК Пелистер бил најчесто стабилен второлигаш, а и во сезоната 1991/92 станал и прволигаш. Во тоа време сите имаме слушано колку било масовно посетуван југословенскиот фудбал.
Е сега ти види дали РК Пелисте со 2/3 утакмици стигнал од бараж до евро куп и финале куп, дали ФК Пелистер играл само 2/3 утакмици, па сам заклучи дали има континуитет или не. Во продолжение, ексклузивни исечоци од весници (само дел од архивата) за сите овие натпревари. Ќе поставам и еден исечок од утакмица против Победа одиграна во овој период 85-90, точен датум не знам, ама сигурно е додека сме второлигаши двете екипи.
Прегледај го приврзокот 392245Прегледај го приврзокот 392246Прегледај го приврзокот 392247Прегледај го приврзокот 392248Прегледај го приврзокот 392249