Мега План на Никола Груевски за враќање на власт..
Моменталните случувања во Македонија со тоа што се препукуваат Никола Груевски и Христијан Мицковски се добро изрежирани и договорени помеѓу нив. Па како тоа ?
Никола Груевски моментално е најнеприфатлив политичар од Македонија кај Мегународната заедница и кај останати Западни држави кој не би дозволиле тој да се врати повторно на чело на ВМРО ДПМНЕ. Па како тој да се врати повторно во Македонија и да има некоја битна политичка функција а да нее дел од ВМРО ДПМНЕ.
Да ве потсетам како ВМРО ДПМНЕ победи на Локалните избори. На Локалните избори во Македонија секаде каде што се водеше битка за Градоначалничко место се водеше помеѓу два кандидати (СДСМ - ВМРО) т.е така речено не беше дозволено да има повеќе кандидати кој би украле од гласовите на ВМРО тие избори беа изработени ПРЕМНОГУ ПРОФЕСИОНАЛНО како што можевме да видиме сето тоа вроди и со резултат тоест со убедлива победа со која Зоран Заев е испратен во пензија. После самите избори почнува планот за Парламентарни Избори и Претседателски избори како тоа да се дојде до најголема победа во историјата на ВМРО ДПМНЕ. После изборите Христијан Мицкоски исценирано се скарува со Градоначаничката на Скопје која тежи самостално околу 20-50 ијлади гласови (2 до 5) пратеника до тој момент, а во иднина тоест до следните избори тие бројки би можеле да пораснат.
Потоа ја имаме Левица која упорно го напаѓа ВМРО и СДСМ во исто време со цел да ги собере сите гласови од младите луѓе и од незадоволните од СДСМ а и мал дел и од ВМРО ДПМНЕ на наредните избори Левица според проценките би тежела од 70-150ијлади гласови (6-9) пратеници. Потоа имаме интересно во Албанскиот блок каде што се цепкаат гласовите на ДУИ и на останатие Албански партии со цел да се создадат повеќе Албански партии кој би коалицирале со ВМРО ДПМНЕ (Сите тие се финансирани со дебел кеш на ВМРО и структурите околу ВМРО) тие албански партии , едни со тешка национална политика би требало да имаат 2-4 пратеника и други со либерална албанска политика би требало да имаат околу 2-3 пратеника. И најактуелно моментално е кавгата помеѓу Никола Груевски и Христијан Мицковски.
Јавна тајна е дека Христијан Мицковски има големи притисок од Мегународната заедница да се отргне од Никола Груевски , а сепак тоа е невозможно бидејќи целата структура на моментално ВМРО е под контрола на Никола. Планот со оваа кавга е Христијан Мицковски со перфектно одработена програма и многу проектни на локално ниво и отргањето од Никола Груевски и предходниот режим да привлече нови неопределени гласачи но исто така да ги врати старите гласачи кој преминале во Партијата на Љупчо или вопшто не сакаат да гласаат и плус лојалното членство со кое ВМРО би имало околу 50-55 пратеници на следните избори. Улогата на Никола е јасна сите оние кој од самиот старт не веруваат во Христијан и не гласаат занего . а ги има многу плус сите оние фанвои на Никола кој секако ги има многу. Никола самостално би тежел околу 15-20 пратеници. Во наредниот период ќе се јават и партиите на Јанко Бачев и слични политичари кои котирале блиску до ВМРО кој ќе бидат во коалција со ВМРО или Никола. И како крај после завршувањето на изборите сите овие структури на ВМРО би тежеле околу 80 пратеници. На претседателските извори кандидат на ВМРО ќе биде Зоран Ставревски (Сакан кај народ без многу скандали , способен човек , близок до Никола , близок до Христијан и близок до олигарсите во Македонија) моментално подобар каднидат нема во ВМРО. Во првиот круг ќе имаме три или четири кандидати македонски кандидати и три до четири албански кандидати. (Албанските кандидати ќе бидат со цел да се разделат Албанските гласови кој би помогнале за победа на СДСМ и коалцијата на изборите) Македонски кандидати ќе бидат со истата цел како и на парламентарните да не одат фира гласовите т.е да не одат незадоволните гласачи на страна на Оливер Спасовски(иако шансите се многу мали на Оливер да стане претседател самиот рејтинг го покажува тоа ) Моментално Стојанче Ангелов се подготвува за кандидатура неговата кандидатура е многу интереснас бидејќи тој е личност која може да биде големо изненадување да собере 40-60 ијлади гласови , а може и да биде голем дебакл. Дали Даниела Арсовкса или некој сличен од нејзиниот калибар би се кандидирал за претседател не е сигурни но сигурно ќе има некој. Во првиот кург најмногу гласови би добил Зоран Ставрески а излезеноста би била рекордна поради активацијата на голем број на кандидати. Доколку се оди по планот во вториот круг Зоран Ставрески би требало да биде новиот Претседател на Република Македонија. Понатаму се знае како би одел ремонтот на државата тоест рестот. ВМРО би имало доволно пратеници за промена на устав(се надеваме дека нема да биде промената по француски договор туку по некој хрватски модел или нов македонски модел). Со новите измени во кривичниот закон и правење на повеќе збрки за ослободување на Никола Груевски , а потоа и враќање во активна политика.
Не се работи за шпекулација туку за разработен план , самите можете да го истражите ова. Службите веќе почнаа со својата работа не се работи за АНБ (која моментално е под контрола на СДСМ) се работи за военото разузнавање кое е под контрола на Ѓорги Иванов во кое никој од СДСМ не може да допре поради тоа се тие конфликти во АРМ.
Додаток во четири очи на одредени лица блиски до Никола Груевски му е кажано дека доколку Македонија го реши спорот со Бугарија т.е си ги исчисти сметките со сите соседи и почни преговори со ЕУ на Никола Груевски ќе му биде прогледано низ прсти за се она за кое беше гонет.