Иначе почна и кошарката во Македонија , Сити Парк Бојс најавија присуство за Работнички утре на првиот меч дома со ТФТ , лани гледам бројката им беше од 50-100 луѓе , оваа сезона Работнички влегува со поголеми амбиции и атак на титула ке видиме како ке се покажат ..
Фемили и Мзт ја почнаа сезоната во саботата со солидна бројка на гости(сала Кале ) ке видиме дали ке успеат да се кренат едно ниво погоре оваа сезона заедно со CPB
Мала поправка прв меч да но не дома више 3та година ние не играме дома играме на Кале.
Терминот малку глуп како за отварање сезона ама тоа е што е, ни престои следната недела квалификации за евро куп па да се надеваме на најдоброто.
Сезоната им почна и на другарките од другата страна па честитки на освоениот вреден трофеј и станувањето на "најтрофеен" кошаркаски клуб во Македонија со 27 освоени пехари исто како и нашиот Работнички.
Интересна сезона ни следни на кошаркаски план, повторно како некогаш ке има жар и по мое ќе победи тој што повеќе ке има желба. Нашиот тим е засилен каде каде повеќе од лани па очекувам интересни утакмици како со Мзт така и со Пелистер со оглед на на тоа што видов имааат квалитетен тим и влагааат во сезоната со амбиции за титула. Тука ги имаш секогаш како потенцијални изненадувања тимот на Тфт и Феникс и нешто послаби Кожув, Еуро Никел и Гостивар.
На навивачки план многу нема што да се дискутира како беше до пред година две и ова е супер. Две навивачки групи во цела лига ние и другарките, лани ете Фантоми видов дека чат пат се појавувааат ама и тоа е етапно навивање две одат четири одмарааат, Кумани нема што да се дискутира околу нив освен тоа дека жално што таква група пропадна ама јебига. За Лозари видов дека на почетокот на летово кога фирмата Еуро Никел беше пред повлекување од клубот имаше некои статуси аако не се лажам како неофицијално враќање ама со оглед на тоа дека тимот не си го врати името Тиквеш не очекувам таму некој промени. Чкембари и тие само последните утакмици ги навивааат нема што и таму да се дискутира. Е од годинава влегоа и Вардар и Охрид па незнам таму какви се математиките во групите останува да видиме со господ напред се надеваме на добра сезона.
Сезоната веќе почна од саботата па со срека нека е.