dantemkd
demon hunter
- Член од
- 5 јануари 2013
- Мислења
- 10.919
- Поени од реакции
- 10.234
За Погба не ми се коментира мило ми е тоа што го снајде, најголемата глупост на клубот беше тоа што Јунајтед го чуваше заради спонзорства нормално, Оле даваше интевју и во него посочи дека имало играч кој одбивал да игра за да исфорсира трансфер, 90% сум сигурен дека тој играч е Погба. Не да беше токсичен Погба вирус беше и требаше што побрзо да се искорени.Се во ред, само реалноста е дека ние како навивачи немаме некој увид што се случува во соблекувалните на клубовите, кои играчи се токсични, кои се зијан за клубот. Еве за Погба конкретно, знаеше да се скара со менаџерите, но не е точно дека другите играчи не го сакаа, напротив за Погба многумина рекоа дека бил весел по природа и пријателски настроен спрема колегите. Муабетот ми е, публиката секогаш добива некоја искривена, избледена претстава за тоа што се случува, и често си вадиме погрешни заклучоци. А еднаш ако за некој играч излезе муабет дека е "токсичен" после јавноста го критикува и обвинува за се и сешто.
За Санчо не знам што да кажам, технички е одличен фудбалер, но делува како да му недостига жестина во играта и пробивност. Во моментот е јасно дека за него е крај во Манчестер, но воопшто не ми се допаѓа како Тен Хаг го среди сето ова. Посебно ме нервира моментот извини ми се, ќе те вратам во клубот. Ако некој не се залага на тренинзи, нема што да се извинува, и нема што тоа да се влече по медиуми. Копачка по глава и трансфер листа, методите на Фергусон беа екста успешни.
За Санчо поглупо неможеше да изреагира го сматрам за морон, изгуби место од играч од академија и уште ќе се инаети на менаџер кој го изрита Роналдо, Мегваја му ја симна лентата и го седна на клупа, исто кога Рашфорд беше у најдобра форма го седна на клупа заради тоа што задоцнил неколку минути. И црепот не е у форма наместо да наведне глава и да се фокусира да се врсти у тим он се инаети колку ретардиран треба да си да го провоцираш.
Нема назад заврши он во Јунајтед.