Штета што фановите на Федекс одамна се испичија и ги напуштија темиве кога видоа колку е саатот па сега ја треба да го бранам иако ми е најнесимпатичен од тројцата.
Федерер е дефинитивно No.3 во контекст на големата тројка (меѓусебни дуели/успеси). Но Федерер не е трети кога станува збор за тројцава против останатите на турот, во овој случај Надал е убедливо трет и затоа Надаловци на темава внимателно одбираат кои факти и категории ги дискутираат.
Додуша само Кобе ретерира, другиве дундиња невидени. Да не беше Ставро да умеша прсти за АТП финалето и да им даде крилја малку ни реакции немаше да ставаат
Само и он го претера, мислиш 250ка е турнирот. И да го освоиш завршниот мастесрс со две изгубени, пак треба да тепаш најмалку три од 8те најдобри играчи за таа година. На мастерсите можеш и титула да земеш без да играш со Топ 10 противник. И не се согласувам дека нема традиција АТП Финалето, убаво објасни Андеркавер со последниот пост.
Но има и вистина во тоа дека турнирот не се сфаќа толку озиблно од фановите и играчите колку што АТП сака да го прикаже како таков.
Иначе најтрагично за фановите на Рожер е тоа што они го наметнаа овој наратив дека само големите титули (со акцент на слемовите) се битни, другото небитно иако тенисот е повеќе од тоа. Сега тој истиот наратив дојде да се употребува против нив

Да не се правеа курназ кога ја гасеа секоја дискусија за кој е најдобар со #15 па #16, #17..и се така до #20, ќе збореа сега за разновидност на титули, недели на прво место, подобар скор на 3 од 4 слема, долговечност, итн.
Рафа можеше да атакува на сите слемови и мастерси 2008-2013, после тоа е 90% земја со повремени блесоци на други подлоги кога Новак е повреден (хехе морав да го позајмам изговоров) или политички "прогонет".
Федерер без проблем играше втора недела на сите слемови од 2004 додека не се пензионираше, едино со Стаковски и Томи Робредо што се избламира една сезона.