Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Amante veke, dosadni ste so edni isti muabeti zimi se...Dajte nekoja nova tema na muabet, primer da procitame koja do sega vo navivackata istorija vi bila prva utakmica, najdobra utakmica spored vas, najdobro gostuvanje itn..gi pottiknuvam postari neka pocnat, pa drugite neka se vklucat slobodno, dosta veke od temive nie ovaka vie onaka

@87_47 @Kire Ultras @Saber Rider @Hristo1312 @Goran Bt @ZelenoBel @tricesmiub
Гледам си ме означил па ајде во кратки црти да кажам ..

Прва утакмица сум бил на Вардар-Спарта Прага меч од квалификации за ЛШ 2003 година на мои 12 години , бев на Јужна со татко ми , изгубивме 2-3 и за малце не успеавме да се пласирсме во ЛШ , (пред тој меч ја исфрливме Цска Москва )

Во ултрас навивањето почнувам со Комити на запад активно од мои 17-18 години, ако добро памтам мислам дека моја прва утакмица е мечот Вардар-Тетекс во 2009 година ,дојдоа и Војводи околу 200-250 души они беа на исток , во второ полувреме истури дожд и сите на Запад бевме жива вода бидејки стариот Запад немаше покрив , победивме 3-1 со превсрт :)

FB_IMG_1695634378078.jpg FB_IMG_1695634389484.jpg

Прво гостување ми беше во Битола Пелистер-Вардар на 17-18 години

Прво гостување во Европа ми е на мечот Стеауа-Вардар квалификации за ЛШ во Романија , отидовме 5 автобуси 250 души , топ гостување
1075740_366133836822404_429905751_n.jpg

Второ гостување во Истанбул Фенербахче - Вардар , бројка околу 150 души и победа на Вардар од 1-2 и пласман во групна фаза од лига Европа , ова ми е најсреќна победа во животот на гости после тп
толкав пат од 15 саати , така да и најдобро гостување :)..

За најдобри навивачки утакмици логички секогаш се дерби дуелите со Пелистер заради ривалството , но ке ги издвојам и утакмиците на РК Вардар со Металург пред 10 години на ракомет и потоа дуелите во ЛШ.

Секое гостување е ново доживување , имам секаде гостувано во Македонија со Вардар , во поново време ке кажам дека финалето на купот во ракомет меѓу Пелистер-Вардар во Кавадарци со две навивачки групи и напната атмосфера беше топ утакмица(пред две години) , кај нас бројка од 300 души и супер навивање зачинето со голот на Талевски во последна секунда за делириум на трибина:)

А за најдобар период во Македонија околу навивање е 2010-2012 кога имаше три јаки скопски групи Комити , Сити Парк Бојс и Фемили со супер бројки и атмосфера , и плус Пирати и Кумани во тој период беа доста активни ..
 
Последно уредено:

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.730
Поени од реакции
3.112
Мак тифо форум во 21 век...
Како да тргнеш фокус од одличното корео на Комити? Како да се оправдаш пред одличното издание на Комити, знаејќи дека твојата група е НУЛА? Па пиши "Оти не бевте вчера со Тинекс?" и моли се да се тргне фокусот од денешното издание. Провидни сте веќе.

ФК Вардар е на дното, а Комити сепак далеку пред сите други. Бројка речиси секој викенд поголема од сите останати групи заедно. Ова не е навреда, туку реалност, за жал, и ова ЕДИНСТВЕНО е упатено кон членовите на групите Чкембари и Лозари, особено до Чкембари, бидејќи Лозари се едуцирани реално и знаат каде е границата на бламажата. Другите групи си возат свој филм и имаат голема почит, зошто знаат каде тераат и знаат што сакаат да постигнат. Не живеат од комплекс и од омраза, туку од љубов кон клубот и групата. Штета што Паткари се во бојкот, таман тргна одлично езерското дерби. Рибари стандардни, не бегаат од тоа што се, Фаланга исто. Рибари особено мора да ги потенцираме зошто ептен се трудат секој навивачки аспект да го запазат и не се лажни ракометни навивачи, туку го следат клубот цело време. Континуитет дечки:)

Да продолжиме, корео и пиро на 3/4 натпревари дома, со тоа што едниот натпревар против Силекс се играше во среда, а сепак бројката беше помеѓу 150 и 200 членови. Гостувања 3/3, две забранети во Охрид и Струмица, а во Кавадарци по 3 порази, присутни речиси 300 луѓе. Не беше занемарен ниту аспектот на правење акции надвор од трибина, секако не со напад на фанови или одземање знаме на рандом турнир, на кој противничката група не ни најавила присуство, туку влагање во друг град, бркање на домашните и земање корео. Чесно и поштено што би рекле домаќините.
Да не заборавиме дека при сево ова, ВОДИМЕ КЛУБ, чисто информативно, па вие видете колку тоа дополнително труд и жртва одзема.

А каде сте вие? Каде се вашите групи?
Едните се живи, благодарение само на екипата 40+(прашање е до кога ќе можат да ја држат групата), а другите постојат само ради 1-2 дизајнери, кои навистина се добри и кои даваат некаков шмек на трибината на која редовно има 20-50 дечки, секако со исклучок на натпреварот против Вардар кога со чартер летови ги враќаат "иселениците"..приказни за мали деца:)

Едните плачеа по ЛШ, за на првиот натпревар да бидат едвај 200 луѓе, бидејќи нели се топ ракометен град, а другите плачеа по ПМФЛ, за на крајот покрај одличните резултати на клубот, да бидат пак 30 луѓе...дајте бидете реални некад!

Бизарно е што најголемо гостување на Чкембари е на натпреварот ГФК Тиквеш - ФК Вардар, а на Лозари им е натпреварот РК Вардар - РК Пелистер...за што понатаму да збориме? Башка што Лозари воопшто не ни одат на гостување по конфликтот со Комити. Друже, група не оди на гостување...

Наместо да прашуваш "Оти Комити не биле на Вардар - Тинекс" прашај си ги браќата, оти во соопштението пишале "На гостувања ќе ојме само каде што има противничка група"..
Па нели е ова врвот на срамот и како после вакво соопштение, вие зборувате за тоа дека ние постоиме за вас?

За копирање ли збориме? Се друго средивте кај вас, остана само уште ова а? Од кај да почнеме? Од репертоарот на песни, мислиш на Нови Београд сме..или сакате од Chosen Few да почнеме? Или од КОМПЛЕТ украдената кореографија на Фирма, со се гаќи? Дајте прекинете со ова, срамота е. Фонтот бил онаков, ваков бил...а бе оди напраи нешто за групата, НЕШТО, па после дојди тука и паламуди.

За крај, во среда славите јубилеј. Честитки искрено, дај боже да расте приказната. Само се надевам дека главната најава нема да ви биде ова со децава пред графитот. Па зар 38 години подоцна, тоа е посакуваното ниво?

Се надевам искрено дека имате нешто подобро спремено, пак славите 38 години...

Еве инспирирајте се.
Tonch!!
Poentiranje pravo vo centar. Se ponataka kako kontra replica na deceive od bt I kv e izlisno od nasa strana nema potreba.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: cck
Член од
2 декември 2022
Мислења
247
Поени од реакции
584
Ај вака да прашам како тоа Комити и покрај лошите резултати се "добра бројка" ? Лани втора лига , натпревар со Гостивар 3500 луѓе во маџари, игла немаше кај да падне по огради висеа луѓе, а сега 200 комити и уште 100 обични гледачи. Луѓе до коска сум за Вардар ама дајте да бидеме реални , нели секоја утакмица ни е финале сезонава па дајте да се погледнеме во очи и да си ја кажеме реалноста , не може да кажуваме тимот не игра добро нема интерес па 4000 членски дадовме (Срамота е да сме толку малце) и ве молам прекинете со споредбите колку биле лозари колку биле чкембари, сите знаеме у какво мртвило ни е државата дајте да збориме за убави работи, навистина немаат смисла муабетиве и да не можам више да гледам полни стадиони на телевизија , сакам да гледам полно кавадарци како во саботата, полна битола полн прилеп полна струмица полно тетово !
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.896

Не треба да си Ајнштајн за да донесеш логичен заклучок.
Ланската утакмица со Гостивар беше решавачка дали ќе одиме директно во прва лига или не. И сега да има таква решавачка утакмица, ќе се наполни стадионот. Не може да е решавачка утакмица во 7 коло.
Стадионот е стандардно исполнет во слична бројка на секоја утакмица во последниве 3 години. Обична публика (освен на дербиња) во Скопје никогаш не ни имало во некој завиден број, елаборирано на долго и широко милион пати. Дури можам да кажам дека последниве 3 години имаме и повеќе обична публика отколку порано.
 
Член од
22 февруари 2022
Мислења
316
Поени од реакции
1.814
Ај вака да прашам како тоа Комити и покрај лошите резултати се "добра бројка" ? Лани втора лига , натпревар со Гостивар 3500 луѓе во маџари, игла немаше кај да падне по огради висеа луѓе, а сега 200 комити и уште 100 обични гледачи. Луѓе до коска сум за Вардар ама дајте да бидеме реални , нели секоја утакмица ни е финале сезонава па дајте да се погледнеме во очи и да си ја кажеме реалноста , не може да кажуваме тимот не игра добро нема интерес па 4000 членски дадовме (Срамота е да сме толку малце) и ве молам прекинете со споредбите колку биле лозари колку биле чкембари, сите знаеме у какво мртвило ни е државата дајте да збориме за убави работи, навистина немаат смисла муабетиве и да не можам више да гледам полни стадиони на телевизија , сакам да гледам полно кавадарци како во саботата, полна битола полн прилеп полна струмица полно тетово !
Комити се тие кои што се, секогаш без разлика на сѐ.
И дома и гости, и против Детонит во Радовиш, и против Карчо во Струга и против Силекс во среда !!
Комити навиваат за Вардар и групата е присутна исклучиво за Вардар.
Тоа е главниот мотив и причина за присуство на најверните !!
Некогаш ке бидеме 250 а некогаш 2.500.

Западот верен ќе остане
се бори клубот да опстане
и ќе се кренеме пак до врв
некогаш пак ти ќе бидеш прв.
....................................................
А титулата кога ке ја кренеш спомни си,
Дека во лошо тука биле само КОМИТИ !!
 
Член од
2 февруари 2023
Мислења
124
Поени од реакции
696
Сметам дека дискусијата не е на ниво на средношколци, иако имаше неколку апели да се престане. Ниту некого вреѓам ниту пак пишувам небулози. Изнесувам аргументи и додавам по некоја солена шала. Тоа што фонтот се вика таурунум технички не значи дека е нивни. Речеси сите знамиња и продукти им ги знам и ги следам долго време. Нигде го немаат користено освен на една слика за Божиќ. Друго тезата дека им излегол во јавност нивни фонт кој никгоаш го немаат користено е малку не реална. Таурунум се премногу сериозна група за да им се случи таква грешка. За група која носи резервни 10 јакни во случај нечива да не се поклопува со дрес кодот на трибината дали сериозно мислиш дека фонт ќе им излезе во јавност? Друго фонтот не е толку застапен кај нас и во тој момент било складно со тоа што се изработувале. Добро се знае за кој човечиња се збори и за кој фонтови. Освен за пароли адварк и ултас либери кој се стандардни одиме на складен фонт со дизајнот. Друго 90% кај нас од оградата е рачна изработка и знамиња стари преку 20-30 години. Не менуваме стил немаме лик променето на трибина од 90ти до денес е ликот на трибината задржан. Кај секоја сериозна група можеш да го видиш тоа. Пак се она што е ново е во склад со старото. За конкретната кореографија земен е мотив баш од трибината. На сите мој аргументи и сите ваши главни како да се нарече фори немаш аргументи или немам појма. Тоа значи дека немате соодветни филтри и некој со здрав разум дека Кец во Кавадарци (од Тесна кожа) нема смисла. Гробари во 2017 имаа фора кец на кров со превертен 101. Јас сфаќам дека просечен навивач нема отворено Смедеревци на ЈНА каде пеат Ало слушај управа за другото е нереално да се коментира. Комбат човечето е земено 2015-та и тоа ти доаѓа исто како Енди Кап. Пред да ми го извртиш мислењето ги имаме и ние и сите ама треба со тек на време да се излезе од овие работи тука фали војничко, карирано, палки, боксирачи, кучиња. Кога ќе се излезе од ова тогаш ќе тргне работата напред. Не викам дека се лоши само се трилијарда пати видени на сите трибини низ цел свет и едноставно се досадни. Ти доаѓа во стилот немаш идеја рокни венец, немаш компарација удри букви лого букви. Имаме сите маани никој не е совршен ама треба да се работи на долги стази
 
Attachments

Член од
15 јули 2022
Мислења
11
Поени од реакции
16
Ај вака да прашам како тоа Комити и покрај лошите резултати се "добра бројка" ? Лани втора лига , натпревар со Гостивар 3500 луѓе во маџари, игла немаше кај да падне по огради висеа луѓе, а сега 200 комити и уште 100 обични гледачи. Луѓе до коска сум за Вардар ама дајте да бидеме реални , нели секоја утакмица ни е финале сезонава па дајте да се погледнеме во очи и да си ја кажеме реалноста , не може да кажуваме тимот не игра добро нема интерес па 4000 членски дадовме (Срамота е да сме толку малце) и ве молам прекинете со споредбите колку биле лозари колку биле чкембари, сите знаеме у какво мртвило ни е државата дајте да збориме за убави работи, навистина немаат смисла муабетиве и да не можам више да гледам полни стадиони на телевизија , сакам да гледам полно кавадарци како во саботата, полна битола полн прилеп полна струмица полно тетово !
У право си 100% брату,коа сме кај членските тешка брука сме...Мислам дека не е нормално во скоро милионски град да се продадат само 4-5000 членски карти за најголемиот бренд у државата.Еве да дадам еден пример за Хајдук од Сплит и нивната страст кон клубот,Сплит има околу 150 000 жители а за некои 4-5 дена се продаваат 60 000 членски карти,сега веќе се и повеќе од 90 000.Со ова заклучувам дека проблемот не е ни до власта ни до дечките од другата страна на река Вардар туку само до нас,низ целата историја сме пателе од нашите и секогаш ќе остане така.
Поздрав
Еден е Вардар!
 
Член од
26 март 2022
Мислења
246
Поени од реакции
774
Членски со сезонски ги измешавте. Вервам дека имаше еден куп поединци кои купиле по неколку сезонски за да помогнат, чисто од љубов кон клубот, а и бизниси шо купиле по десеттина. Реални се накај 1.000 луѓе. И генерално то е поразително за сакале или нејкиме да признајме најголемиот спортски бренд во државата. Да се разбериме останатите и далеку полошо би поминале. Сума сумарум кај нас клубојте зависност од големината на клубот, имат некои 50-1.000 редовни подржувачи вклучувајки ги и навивачите, а се остало е чисто помодарство...
Најсвеж пример е Вардар со баражот во Кавадарци, 3.000 луѓе се истурат на утакмица 100 километри од Скопје, а по 2 месеци едвај со молење колење се продават 5.000 сезонски и то по багателна цена.
 
Член од
25 август 2023
Мислења
416
Поени од реакции
751
У право си 100% брату,коа сме кај членските тешка брука сме...Мислам дека не е нормално во скоро милионски град да се продадат само 4-5000 членски карти за најголемиот бренд у државата.Еве да дадам еден пример за Хајдук од Сплит и нивната страст кон клубот,Сплит има околу 150 000 жители а за некои 4-5 дена се продаваат 60 000 членски карти,сега веќе се и повеќе од 90 000.Со ова заклучувам дека проблемот не е ни до власта ни до дечките од другата страна на река Вардар туку само до нас,низ целата историја сме пателе од нашите и секогаш ќе остане така.
Поздрав
Еден е Вардар!
Se ova ke si vo pravo ako ne ziveeme vo teska nemastija vo koj od 50 poznanici koj sme vo kontakt znaeme site deka 40 duzat na lihvari ,krediti, brzi krediti a tie 10 krpat kraj so kraj, da ne zborime za penzionerite koj nemozat ni za lekarstva da se snajdat… taka da vo ovaa nemastija edinstveno tie sto se pravi Vardarci i Komiti ke odvojat i da platat, drugite se onie sto imaat odvisok. Taka da jas ne krivam nikoj ednostavno znam site kakov zivot ziveat i ne treba da go krivime ovoj siromav napaten narod sto raboti za 20000 a kafe da ispies vo kafic e 140 denari vise da jades uste 300 otidoa, nemoze da se najade ke daval karta za Vardar… tuku kaj se golemite firmasi? Sto tezat milioni? Kaj se tie e prasanjeto a ne obicen narod sto prezivuva poslednite 2 nedeli od mesecot…
 
Член од
23 септември 2023
Мислења
26
Поени од реакции
62
Незнам како може покрај толку многу групи Македонски во однос на 2 групи да ја претставуваат Македонија не само со клубот за кого навиваат туку и според навивачки аспект под македонско знаме односно албански поддржувачи низ регионот се познати имаат добри односи со дел од неколку навивачки групи од балканот се имаат едноставно оформено од политички аспект најиронично е што претставуваат закана кон Македонските групи а сите ние добро знаеме кој ги штити и кој им помага сепак секој што инвестира во навивачки план како во овие албански групи тоа се самите клубови не е се до политичка партија позади која стојат (мислам само на спортски и навивачки аспект) тие не треба да ПОСТОЈАТ се е убаво да се има меѓу нас навивање НО,доколку и ние како тифо сцена во државата а и во регионот доколку сакаме да бидеме добри познати и добар пример за во иднина мораме да ги искорениме козоебачите со самото тоа доста македонски групи ќе се запознаат со тоа.---(не сум некој што мисли да се отвара некаков конфликт или пак празен муабет само давам пример за добра навивачка сцена на некое следно ниво со добра организација каде што ние навивачите ќе одговараме и за репрезентација и за свој локален клу )-----Има доста навивачки групи океј не се јаки не се познати ама не се ни активни пред 10 години мнг екипи владеаа со во своите маала својот град имало некаква сцена од 1ва до 3та лига доста другарства и запознавање и ткн само има проблеми во секоја група што сака да извелече некоја било каква корист а не гледа да помогне за околината општеството!
 
Член од
22 април 2020
Мислења
33
Поени од реакции
113
Ја упропастувате темата со детски муабети за Комити и Чкембари, дали едните биле 20 другите не биле, овие нападнале деца и жени другине напаѓале не ферски со палки ножеви, биле не биле на гостување, политика, украле дресови не украле... го отупевте. Остајте луѓето сами нека судат кој е подобар, вие делувајте на терен а не зборете.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom